Следете не

Без категорија

Дознајте повеќе за „Vozi.com“ новата специјализирана платформа за огласување на автомобили, делови и услуги поврзани со возила

Објавено пред

на

Во Август 2020 беше пуштена во употреба специјализираната платформа за огласување на возила
vozi.com, стартап бизнис кој никна од град Битола. Денес специјално за нашиот портал имавме чест да разговараме со ко-основачот и генерален менаџер,
Александар Станковиќ и да слушнеме нешто повеќе за оваа специјализирана платформа.

Што е vozi.com ?

Vozi.com е стартап бизнис кој се специјализира за огласување и продажба на нови и користени возила, како и продажба на делови и понуда на услуги поврзани со возила, фокусиран на балканскиот регион.
Во Август 2020 ја лансиравме нашата онлајн платформа на која бесплатно може да се огласуваат и
пребаруваат возила за продажба, која стана една од најбрзорастечките платформи за огласување во
Македонија. Тоа е само првиот чекор од многуте планирани за проширување на бизнисот.

Што ве поттикна да го отворите vozi.com ?

Како ентузијасти и љубители на возила, тимот на vozi.com активно ја следи автомобилската сцена на
балканот повеќе од 15 години преку учества на автомобилски изложби, надградување и сервисирање како и
купување и продажба на возила и делови.

Во тој период стекнавме голема мрежа на пријатели преку кои ја препознавме потребата за
специјализирана платформа која нуди квалитет при огласување за продажба и купување на возила и
делови, но пред се квалитетни стандарди кои во моментот ги нема на балканот, особено на Македонскиот
пазар.

Што ја прави вашата платформа за огласување различна од другите ?

Нашата платформа е професионално изработена, како технички така и визуелно.
Изградена е спрема дефинирани стандарди за огласување, наменета e исклучиво за индустријата за возила
и нуди бесплатно огласување. Самото тоа ја прави доста уникатна.

При поставување на оглас, огласувачите ги одбираат течничките информации за возилото од база на
информации која е професионално конструирана, наместо да ги напишат истите рачно, а со тоа
доставуваме стандардизиран и точен приказ на технички информации.

Секогаш се грижиме огласите да се објавени со квалитетни слики, и најважно од се, сите огласи поставени на платформата содржат цена, нешто кое е беше препознато кај купувачите како најголем проблем на Македонскиот пазар. Исто така на платформата нудиме многу корисни алатки, како што се пресметка за трошоци на регистрација за возило, приказ на просечна вредност на определено возило, превземање на купопродажен договор, повеќејазична поддршка итн.

Меѓутоа она што би сакал да го нагласам, и кое верувам дека не прави различни од другите е посветеноста и грижата за нашите корисници.
Нашата цел е да споиме продавачите и купувачите на брз и едноставен начин. Тимот на Vozi.com активно
комуницира со корисниците и работи на подобрување на платформата и стандардите спрема нивните
барања и потреби.

На сите продавачи им помагаме во процесот на поставување на нивните огласи на платформата, а на
купувачите им обезбедуваме брз пристап до истите.
Кога еден оглас ќе се објави на другите платформи истиот останува таму, односно прикажан на одредена
група на корисници, но тоа не е случајот кај нас.

Ние се грижиме огласот да е веднаш одобрен и пуштен низ многуте канали за огласување, на самата
платформа, на социјални мрежи, email известување и дирекна комуникација со потенцијални купувачи кои
ги имаме во нашата база на корисници.

Што е следно за vozi.com ?

Иако сме уште нови на пазарот, имаме големи планови за во иднина. Како што спомнав нашата платформа
за огласување е само првиот чекор.

Без да откријам многу за нашите планови, би рекол дека една од нашите цели е до средината на 2021 да
опфатиме поголем дел од Македонскит пазар и воедно да се прошириме на пазарите на едни од соседните
држави, а потоа ќе отпочнеме со дополнителни сервиси и услуги кои се планирани настрана од самата
платформа за огласување.

Без категорија

Samsung Galaxy A16 5G ќе биде првиот буџетски телефон со шестгодишни ажурирања на Android

Објавено пред

на

Samsung открива детали за Galaxy A16 5G, првиот буџетски телефон на компанијата кој гарантира шест генерации надградби на Android.

Samsung, иако сè уште официјално не го објави Galaxy A16 5G, откри детали кои потврдуваат дека тоа ќе биде првиот буџетски паметен телефон на компанијата кој гарантира шест генерации надградби на Android , заедно со шест години безбедносни закрпи. Тоа значи дека Galaxy A16 5G ќе го поддржува најновиот Android оперативен систем до 2030 година – ниво на софтверска поддршка што е практично невидено во овој опсег на цени.

Samsung можеби избрзал со објавувањето на својата холандска веб-страница, откривајќи неколку значајни надградби во однос на неговиот претходник, Galaxy A15 5G. Овој пат, Samsung ја зголемува големината на екранот од 6,5 инчи на 6,7-инчен Super AMOLED дисплеј , ја намалува дебелината на 7,9 mm (од 8,4 mm на A15 5G) и, за жал, го следи трендот на отстранување на приклучокот за слушалки од 3,5 mm. Вториот му носи на A16 5G подобрена оцена IP54 за основна отпорност на прашина и вода, прва за буџетскиот телефон на Samsung.

Galaxy A16 5G доаѓа со 6 години гарантирани ажурирања на софтверот
Под хаубата, A16 5G ги има истите 4GB RAM и батерија од 5000mAh со полнење од 25W како неговиот претходник. Сепак, тој пакува нов процесор со осум јадра за кој се верува дека е чипот Exynos 1330 ( Samsung не ги именува процесорите во својот официјален лист со спецификации). Доаѓа со 128 GB внатрешна меморија, која можете да ја проширите до 1,5 TB преку microSD картичка.

Што се однесува до камерата, можете да очекувате слични спецификации. Како и A15 5G, A16 5G има задна камера од 50 MP, ултра-широка од 5MP и макро објектив од 2MP, заедно со предна камера од 13MP. Достапните бои вклучуваат сино-црна, светло сива, златна и светло зелена, иако достапноста може да варира во зависност од пазарот.

Како што споменавме претходно, за прв пат во серијата буџетски паметни телефони на Samsung, A16 5G ветува шест години Android OS и безбедносни надградби. Со оглед на тоа што водечките телефони Galaxy на Samsung како Galaxy С24 се подобни за седум години ажурирања – само една година повеќе – ова дефинитивно му дава предност на A16 5G.

Цената се уште не е позната. Холандската веб-страница на Samsung не го наведува, но француската веб-страница наведува цена од 249 евра, исто како и A15 5G. Очекуваме цената на A16 5G да остане во истиот опсег како неговиот претходник. Наскоро се очекуваат испораки.

Прочитај повеќе...

Без категорија

iPhone 16 Pro пристигнува во овие бои, особено се очекува една

Објавено пред

на

Откако пред неколку дена се појавија информации за боите во кои можеме да очекуваме стандарден iPhone 16, сега го добиваме истото и за iPhone 16 Pro.

Фотографијата, споделена на социјалните мрежи од Sonny Dickson, го прикажува iPhone 16 Pro во три бои.

Боите вклучуваат нова верзија на црната варијанта, која е значително потемна од онаа што го краси моделот iPhone 15 Pro.

За потсетување, iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max беа достапни во овие бои: Natural Titanium, Blue Titanium, White Titanium и Black Titanium

Во меѓувреме, аналитичарот Мингчи Куо објави дека iPhone 16 Pro и iPhone 16 Pro Max ќе бидат достапни во овие четири бои:

  • Natural Titanium
  • Rose Titanium
  • White Titanium
  • Black Titanium

Оваа информација се совпаѓа и со неколку други извори, а останува да видиме дали ќе се појави верзијата Rose Titanium, со оглед на тоа што Apple можеби не ги финализирал деталите за оваа варијанта на телефонот, а ја нема на сликата што е објавена.

Обожавателите со нетрпение ја очекуваат новата варијанта Rose Titanium за iPhone 16 Pro, бидејќи поставата на iPhone 15 беше првата што не вклучи златна завршница од iPhone XS во 2018 година.

/B92

Прочитај повеќе...

Без категорија

Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)

Објавено пред

на

Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.

Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.

Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.

Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт7 часа

Гвардиола: „Се е полошо и полошо, неможам да најдам решение“ – По водството Манчестер Сити за две минути прими два гола и остана без бодови

Манчестер Сити и Пеп Гвардиола испуштија победа во градското дерби. „Сити“ водеше на „Етихад“ до 88. минута, за само две...

Хороскоп7 часа

Хороскоп за понеделник (16 декември)

ОВЕН Денот е поволен за решавање на недоразбирањата кои сте ги имале со колегите или претпоставените. Ако сте во потрага...

Гејминг10 часа

Ќе има ли втор трејлер за долгоочекуваната „GTA 6“ ?

Rockstar и Take Two откриваат повеќе за „исклучителното“ продолжение на серијата GTA. Имено GTA 6, долгоочекуваното продолжение на една од...

Македонија17 часа

ДПИ со соопштение за мониторинг на цени на производи од „Новогодишна кошница“

Имајќи предвид дека од денес започнува кампањата на Владата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме!“, Пазарниот инспекторат низ...

Автомобили18 часа

Електричните возила и plug-in хибридите покажуваат повеќе дефекти од бензинските автомобили

Новата студија на Consumer Reports, спроведена врз повеќе од 300.000 автомобили, открива дека електричните возила и plug-in хибридите имаат значително...

Автомобили18 часа

Италија воведе драстични казни за сообраќајни прекршоци: Еве што треба да знаете

Италија значително ги зголеми казните за низа сообраќајни прекршоци, во обид да го намали високиот број на сообраќајни несреќи со...

Магазин18 часа

Цените на новите Samsung Galaxy S25 модели можеби нема да се зголемат

Samsung подготвува лансирање на новата серија Galaxy S25 телефони во јануари, а иако првите гласини сугерираа можни поскапувања, најновите информации...

Магазин18 часа

Microsoft ги укинува кредитите и специјалните телефонски броеви на Skype

Microsoft официјално ги укина две од главните премиум функции на Skype – кредитите за повикување и специјалните телефонски броеви. Што...

Магазин18 часа

Можеби ќе ви треба нов кабел: доаѓа HDMI 2.2

HDMI Форумот објави дека наскоро ќе го претстави новиот стандард HDMI 2.2, кој ќе донесе значајни подобрувања во резолуцијата и...

Македонија21 час

Поголемиот дел од Македонија под дожд, превоите и скијачките терени под снег

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Дебар, дури 53 литри, додека снежната покривка до 7 часот утринава изнесуваше...

НАЈЧИТАНИ