Следете не

Без категорија

Интересни факти кои ќе ве вратат во минатото „Како изгледал Интернетот порано“

Објавено пред

на

Можеби звучи чудно, но постоел период кога компјутерите не биле централниот дел во нашите животи. Овој период не е многу одамна, но луѓето кои не го искусиле сигурно сметаат дека станува збор за целосно различен свет. Дајл-ап конекцијата го правела поврзувањето на Интернет навистина бавно, а реткоста на компјутерите ги правела навистина возбудливи играчки. Она што сега го гледаме како застарена технологија некогаш се сметало за најголемо достигнување.

Ако тогаш сте му кажеле на некого дека за неколку години во рака ќе држи мал компјутер со постојан пристап до Интернет, сигурно би ви рекол дека тоа е само научна фантастика. Па ајде да се потсетиме каков всушност бил Интернетот и што правеле луѓето во тој период.

1. Гледале серии на телевизија… по една епизода неделно!

Благодарение на Интернетот забораваме дека епизодите на сите серии излегувале еднаш неделно. Покрај тоа, луѓето го немале луксузот да ја изгледаат епизодата кога сакаат, туку желно чекале пред телевизорот за да почне. Сепак можеби има нешто убаво во тоа да имате цела недела да размислите за епизодата пред да ја изгледате следната.

2. Чекале да се отворат сликите

Со бавната брзина на Интернетот доаѓало и бавното отворање на веб-сајтовите. Пред појавата на безжичниот сигналот, ова чекање било нешто што мора да го прифатите ако сакате да видите што се случува на Интернетот.

3. Чекале за поврзување со Интернетот

Пред појавата на безжичниот Интернет, поврзувањето било многу побавно. Во повеќето домови потребно било да се приклучи телефонот со компјутерот и потоа да се чека за да се направи конекцијата.

4. Го исклучувале телефонот за да останат поврзани на Интернет

Луѓето зависеле од нивните дајл-ап модеми кои им биле врската со светот на Интернетот. Штом ќе се поврзете со Интернет, сигурно сакате и да останете поврзани. Но, ако некој го користи телефонот додека сте поврзани, вие ја губите конекцијата. За да го избегнат ова многу луѓе ги исклучувале нивните телефони додека биле на Интернет.

5. Податоците се чувале на дискети

Оние кои живееле во ерата на дискетите сигурно го знаат процесот на зачувување податоци на нив. Но проблемот бил што овие дискети се многу лесно уништливи, па бил вистински предизвик да ги пренесете податоците од едно место на друго без притоа да ги оштетите.

6. Разговорите почнувале со „ASL“

Ако сте од постарата генерација сигурно се сеќавате на познатото „ASL“. Ова е кратенка од англиските зборови Age/Sex/Location (возраст/пол/локација). Оваа кратенка се користела како „здраво“ и наводно нејзината цел е да видите дали личноста со која се допишувате е „доволно добра“ за вашето внимание.

7. Поминувале часови во онлајн соби за разговарање

Немало подобар начин да го поминете слободното време од тоа да разговарате со апсолутни странци во онлајн соба. Често овие соби за разговор биле поделени по категории (книги, филмови, музика) па лесно било да најдете луѓе со слични интереси. Овие соби за разговор постојат и денес, но најчесто ги користат постарите луѓе и оние кои сакаат да се шегуваат.

8. Им верувале на сите веб-сајтови

Веб-сајтовите во минатото изгледале навистина чудно, но на корисниците не им било грижа. Без разлика каков е сајтот, тие верувале во сè што ќе прочитаат на него. Веројатно сметале дека штом нешто се нашло на Интернет, тогаш треба да му се верува. Гугл не бил ни приближно толку добар пребарувач како денес, па луѓето немале како да ја проверуваат веродостојноста на веб-сајтовите кои ги посетувале.

9. „Netscape Navigator“ бил најпознатиот Интернет пребарувач

Ако сте користеле Интернет пред ерата на безжичната поврзаност, голема е веројатноста да сте го користеле и овој пребарувач. Кога се појавил на пазарот, тој бил единствениот продукт кој нудел лесно Интернет „сурфање“. Па со текот на времето станал дел од животот на секој корисник на Интернет. Се разбира, во тој период Мајкрософт ја добивал својата популарност и направил огромни промени.

10. Пред Википедија и Фејсбук постоело „GeoCities“

Пред Википедија да стане извор на сите информации, постоел веб-сајтот наречен „GeoCities“. Тој бил многу повеќе од склад за информации. На некој начин овој сајт бил социјална мрежа, „организација“ од корисници со исти мислења кои создавале сајтови на разни теми. Тоа било начин да се поврзете, но и да го споделите вашето знаење. Со тек на времето тој бил купен од Јаху и околу 10 години подоцна, во 2009 година, биле затворени најмалку 38 милиони веб-сајтови кои припаѓале на оваа платформа.

11. Верувале во проблемот со 2000 година

Многу одамна временските ознаки на компјутерите биле кодирани со 2 цифри наместо со 4. Ова предизвикало многу загриженост за тоа што би се случило со компјутерите кога ќе дојде 2000-та година. Во таа година, временската ознака на компјутерот би ја препознал 2000 како 1900 година и наводно би предизвикала хаос кај компјутерите. Овој проблем е познат како „Проблемот со годината 2000“ односно „Y2K“. Постоеле секакви теории и хорор приказни со наближувањето на новиот милениум. Дали нуклеарните бомби сами би се лансирале? Дали би пропаднал банкарскиот систем? Дали сите форми на масовна комуникација ќе престанат да работат? Ова се само некои од страшните сценарија за „крајот на светот“. Стравот бил толку голем што проблемот се појавил и на насловната на списанијата и тоа со наслов „Крајот на светот!?!“

  • Се надеваме дека ве вративме малце во времето, … 🙂

 

Без категорија

Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)

Објавено пред

на

Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.

Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.

Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.

Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.

Прочитај повеќе...

Без категорија

Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Објавено пред

на

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.

Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.

Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.

Извор: 9to5mac

Прочитај повеќе...

Без категорија

Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!

Објавено пред

на

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.

Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.

Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура2 минути

Денеска е „Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој голем ден

На Велики Четврток ние славиме четири (4) настани од последните денови на Христовиот живот, а тоа се: миењето на апостолските...

Хороскоп1 час

Хороскоп за четврток (2 мај)

ОВЕН Се однесувате како личност, која нема време за некои површни средби или за настани што не се вклопуваат во...

Автомобили3 часа

(ВИДЕО) Уникатниот „Aston Martin“ најави нов надграден „V12“ мотор

„Aston Martin“ објави дека V12 моторот не само што не е мртов, туку компанијата го најави и својот фундаментален редизајн....

Технологија3 часа

„Google“ отушта цел „Python“ тим кој бележеше успеси во фирмата, управата вели дека им треба ефтина работна сила

Одлуката е донесена како дел од стратегијата за намалување на трошоците, што всушност значи ангажирање работници надвор од Соединетите Американски...

Магазин7 часа

На децата не треба да им се дозволуваат паметни телефони во рака пред да наполнат 13 години, се вели во експертски извештај на францускиот претседател Макрон

На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да...

Македонија10 часа

СВР Охрид: Презема мерки за наоѓање на сторители, кои по телефон вознемирувале граѓани за случени сообраќајки на нивни блиски

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои деновиве, преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, лажно претставувајќи се,...

Македонија12 часа

Денес е 1-ви мај, меѓународен ден на трудот, некои велат ден произлезен од традициите на работничкото движење

1-ви мај е меѓународен празник кој се слави ширум светот. Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој...

Хороскоп1 ден

Месечен Хороскоп (Мај 2024)

ОВЕН Драги Овни, пред вас е еден месец во кој првенствено ќе се фокусирате на финансиите. Ќе имате поголеми трошоци,...

Поезија1 ден

Во пресрет на најголемиот празник „Велигден“, стихови на кичевчанката Наумоска за Господовите страданија на патот на болката во страсната седмица

Во пресрет на најголемиот христијански празник „Велигден“, нашата кичевчанка Наташа Наумоска повторно споделува со вас две стохозбирки со духовна содржина:...

Македонија1 ден

Грк понудил поткуп на „Табановце“ па експресно бил лишен од слобода

На 29.04.2024 во 12.40 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(49) од Република Грција, поради...

НАЈЧИТАНИ