Следете не

Спорт

Италија се збогува од Астори – „Засекогаш наш капитен #13“ (ГАЛЕРИЈА)

Објавено пред

на

Илјадници луѓе се собраа на еден од централните плоштади во Фиренца пред базиликата „Санта Кроче“, за да му оддадат последна почит на капитенот на Фиорентина Давиде Астори, кој во саботата почина на 31-годишна возраст во сон од срцев удар. Дури и голем дел од фудбалерите на Јувентус, предводени од тренерот Масимилиано Алегри и капитенот Џанлуиџи Буфон дојдоа директно од Лондон да се простат од Астори. Фудбалска Италија е присутна во една или друга форма во Фиренца. Легендата Франческо Тоти предводеше делегацијата на Рома, најдобриот дефанзивец во историјата на Италија – Франко Барези беше на чело на делегацијата на Милан, Хавиер Занети ги предводеше претставниците на Интер.

Меѓу присутните беа и Андреа Пирло, Филипо Инзаги, сопствениците на Фиорентина Андреа и Диего Деле Вале, водечката фигури на Италијанската фудбалска федерација – Малаго, како и новиот и стариот селектор – Луиџи ди Бјаџо и Џанпјеро Вентура, Алесандро Костакрта, тренерот Лучано Спалети,…  

Претседателот на Каљари Џулијани водеше делегацијата на клубот од Сардинија, кој ја повлече од употреба 13-ката на Астори.

Последно збогум на Астори дојде да му каже и легендата на Реал Мадрид Емилио Бутрагењо, како и трикратниот освојувач на „Златната топка“ Марко Ван Бастен како претставник на ФИФА.

Милан Баден зеде зборот од името на Фиорентина, кој кусо рече:

– Давиде, ти беше светло.

Семејството ќе го погреба телото на Астори во близина на Бергамо, каде што живее.

[ngg_images source=”galleries” container_ids=”3″ display_type=”photocrati-nextgen_basic_thumbnails” override_thumbnail_settings=”0″ thumbnail_width=”240″ thumbnail_height=”160″ thumbnail_crop=”1″ images_per_page=”20″ number_of_columns=”0″ ajax_pagination=”0″ show_all_in_lightbox=”0″ use_imagebrowser_effect=”0″ show_slideshow_link=”1″ slideshow_link_text=”.” template=”default” order_by=”sortorder” order_direction=”ASC” returns=”included” maximum_entity_count=”500″]

 

Спорт

(ФОТО) ФК Ренова во финишот на мечот ги спаси трите бода во Кичево против ФК Напредок

Објавено пред

на

Во рамки на денешниот ден беше одигран првенствен натпревар во третата македонска фудбалска лига – запад, помеѓу екипите на кичевски ФК Напредок и ФК Ренова каде што гостите славеа со 2:3 со постигнат гол од белата точка во самиот финиш од натпреварот.

Фудбалерите најпрво на теренот излегоа со маички кои го носеа натписот на градот Кочани и датумот на трагичниот настан, додека пред мечот со едно минутно молчење фудбалерите, стручниот штаб и гостите оддадоа почит према трагично загинатите луѓе во Кочани, воедно домаќините оддадоа почит и за смртта на поранешната фудбалска легенда на ФК Напредок, голманот Војче Угич кој во дамнешно време ги бранеше боите на кичевчани во спектакуларните натпревари.

Мечот го отворија гостите со брзи два погодоци, така што во вториот дел од мечот кичевчани комплетно дојдоа до израмнување со головите на искусниот капитен Жарко Симјаноски и Мојсеј Зафироски, за на крај главниот судија да досуди пенал за гостите речиси во финишот на натпреварот, а таа шанса гостите не ја пропуштија, бетонирајќи ја победата од 2:3.

Во прилог галерија од мечот, преку нашиот објектив. Доколку сакате фотографија, преземете ја слободно од следниот линк ТУКА:

Прочитај повеќе...

Спорт

Дисциплинската комисија на ФФМ донесе одлука за поведување казна на ФК Шкендија по непочитување на навивачите на минута молк на мечот против ФК Брера

Објавено пред

на

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика. Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ.

Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот.

Дисциплинската комисија, исто така, донесе одлука делегатот на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера, Гоце Шоповски од Струга да се суспендира на шест месеци од извршување на било каква функција во фудбалот поради непочитување на пропишаните организациски протоколи.

Делегатот на натпреварот во Тетово не презел потребни дејствија во врска со однесувањето на навивачите и не постапил според протоколите за организација на натпревари, кои предвидуваат и празнење на трибината во вакви случаи. ФК Шкендија добива автоматска казна во паричен износ од 1.000 евра поради спречување на официјален снимател да ја извршува својата работа.

ФФМ во вакви или слични случаи нема да биде толерантна кон ниту еден клуб и очекува максимална одговорност од сите клубови и официјални лица.

Делегатите на натпреварите имаат јасно пропишани протоколи и сите потребни инструменти за делување во вакви ситуации. ФФМ им дава целосна поддршка во нивната примена и одлучност при постапувањето.

Расистичко, националистичко или било каков облик на дискриминаторско навивање нема да се толерира и ќе биде строго санкционирано согласно важечките регулативи, стои во интегралното соопштение на „Куќа на фудбалот“

Прочитај повеќе...

Спорт

Раководството на ФФМ, предводено од претседателот Омерагиќ и генералниот секретар Јандреоски и Ганиу присуствуваа на 49 Конгрес на УЕФА во Белград

Објавено пред

на

©ФФМ

Денеска во Белград се одржа 49. Конгрес на Европската фудбалска Асоцијација, УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја претставуваа претседателот Масар Омерагиќ, генералниот сектретар, Леонид Јандреоски и неговиот заменик, Дрилон Ганиу.

Конгресот на УЕФА ги собра челниците на европскиот и светскиот фудбал, многу гости од светот на фудбалот и од различни сфери на општественото живеење.

– Во Белград, првите луѓе на европскиот фудбал разговараа за иднината на европскиот и светскиот фудбал. Во својот говор, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, истакна зошто основните вредности на европскиот фудбал – единство, солидарност и тимска работа – се поважни од кога било во се поделениот свет.

Повеќе ќе прочитате на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп9 часа

Хороскоп за вторник (8 април)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Македонија10 часа

Мало намалување на цената на нафтените деривати од ноќеска

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство...

Мобилни уреди15 часа

Нови функции за WhatsApp, исклучете ја камерата пред да се јавите

WhatsApp започна со тестирање на нови опции за аудио и видео повици за корисниците на Android. Оваа информација доаѓа од...

Хроника21 час

Лишен од слобода возач на „голф“, по сообраќајната несреќа во скопско каде загина малолетничка

На 06.04.2025 околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Патишка река – с.Осинчани, скопско, се...

Временска прогноза1 ден

Метео+: Сибирски студ цела седмица, утринските температури дури до -10°C

Во Македонија во најголем дел од оваа седмица ќе биде невообичаено ладно за овој период од годината и со температури...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (7 април)

ОВЕН Верувате дека некој со кого инаку сте во добри односи ќе ви помогне. Можно е да станува збор за...

Македонија2 дена

Воведена забрана за тешки товарни возила за Стража, Маврово-Дебар

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила од 15.25 часот се воведени на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот...

Скопје2 дена

МВР привремено одзеде 10 возила кои предизвикувале бучава и т.н. диви трки во Скопје

На 06.04.2025 во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Трета македонска бригада“, се одвиваат т.н. диви трки со патнички...

Мобилни уреди2 дена

Зошто е битен „авионскиот режим“ да биде приклучен додека патувате со авион

Користењето на уредот без режим на авион може да предизвика пречки што пилотите не сакаат да ги ризикуваат. Следниот пат...

Временска прогноза2 дена

Попоски: Започна продор на ладен воздух, до вечер снежен циклон ја зафаќа Македонија на повеќе места

Започна продорот на многу ладен воздух директно од Сибир во нашата Република Македонија. Токму ова веќе условува формирање на секундарен...

НАЈЧИТАНИ