Следете не

Култура

Изданието „БарумТонен“ достапно за слушателите

Објавено пред

на

Оваа сабота (23 Март) во Eпицентар ќе настапат Мирко Попов и БарумБарум со изданието Барум Тонен влезниците се 200 денари.


Barum Barum е нова надеж и сензација на македонската електронска сцена. На својата музика и пристапуваат крајно сериозно, 100% свиречки. Ова е прво нивно издание воопшто. Нивниот звук е сосем модерен, буквално тренди во европски размери и комбинира proggy house, trance, italo disco и industrial искуства.


Настапот во живо обединува аналогни и дигитални машини кои произведуваат совршен звучен дизајн за танц. Повелете оваа сабота во Епицентар, поздравете ги овие свежи фаци на нивниот дебитантски настап по повод првото издание.

Барум Барум – БарумТонен можете да го превземете ТУКА
Уживајте.

Култура

Денеска е Св.Антониј Велики, честито име Антонио, Антоанета, Антониј..

Објавено пред

на

Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството.
Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне онеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не дружејќи се со никого освен со Бога преку непрестајна молитва, богомислие и созерцание, поднесувајќи ги неискажливо трпеливо демонските искушенија.
Неговата слава се пронесе по целиот свет и околу него се собраа многубројни ученици коишто ги поучуваше со пример и со слово на патот кон спасението. За осумдесет и петте години од неговиот подвижнички живот само двапати отиде во Александрија, и тоа првиот пат да бара мачеништво во времето на гонењето на Црквата, а вториот на повик на Св. Атанасиј за да ја собори клеветата на Ариевците дека божем и тој ја прифатил Ариевата ерес.
Се упокои во сто и петтата година од животот, а зад себе остави цела војска следбеници и ученици. Иако на беше наобразуван, им беше советник и учител на најучените луѓе на неговото време, каков што беше Св. Атанасиј Велики. Кога некои елински филозофи го искушуваа со книжевна мудрост, Антониј ги засрами со прашањето: „Што е постаро: разумот или книгата? И кое од тие двете е причина за другото?“ Засрамени филозофите се разотидоа, зашто видоа дека самите имаат книжевно памтење без разум, наспроти разумот што го има Антониј. Тој е човек кој го достигна совршенството коешто воопшто може да биде достигнато на земјата.
Тој е воспитувач на воспитувачите и учител на учителите; цели осумдесет и пет години се преобразуваше себеси, па само така имаше сила да ги преобразува и другите. Исполнет со многубројни години и добродетели, Свети Антониј се упокои во Господ во 335 година.
Исто така денес име празнуваат и Антон, Андон, Антоанета, Доне, Дончо, Донка, Тони…
Честито име, да донесе здравје, љубов, среќа, душевен мир и благосостојба!
Прочитај повеќе...

Култура

БОГ СЕ ЈАВИ, НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ! – За многу години!

Објавено пред

на

Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.

Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица.

Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата.

И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението.

Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување. Зашто настанот на Јордан просветлува, прво: покажувајќи ни го Бога како Троица еднобитна и неразделна. И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.

Прочитај повеќе...

Култура

Денес е „Водопост“ или „Водокрст“ денот пред „Богојавление“, овие работи треба да ги знаеме

Објавено пред

на

Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите сврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани за три дена: 18 јануари – Водокрст или Водопост, 19 јануари – Богојавление (Водици) и 20 јануари – Собор на Свети Јован Крстител.

Постојат многу обичаи кои се почитуваат за Водопост, но она што е потребно е да се молиме на Бога и да го поминеме денот во пост. Денот пред Богојавление, верниците одат во црква, палат свеќа, се крстат и ја читаат „Оче наш“. Постот е задолжителен и ригорозен. Кој може, овој ден треба да пости само со леб и вода!

Во православните храмови на Водопост се крсти вода, но и на Богојавление. Оваа света вода се пие само со почит и молитва. Се дава на деца со вера дека ќе ги излечи и заштити.

На овој ден, со молитва во срцето, мајките ќе направат знак на крст со масло на челото на детенцето, а крстената вода ќе ја чуваат во домот и ќе ги мијат децата преку целата година – ако е потребно.

Од Божиќ до Богојавление, наместо со „Добар ден“, соседите се поздравуваат со „Христос се роди“, а на Богојавление или Водици со „Бог се јави“.

За луѓето што се родени на овој ден се верува дека на нивните слаби рамења ја носат сенката на Светиот Крст и затоа се посебно одговорни за своите постапки пред Бога.

Водопост е ден кога треба да се опуштите и да се подготвите за Водици. Време е да престанете да обрнувате внимание на лоши мисли и гласини.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle15 минути

Истражувачите објаснуваат: Кои намирници навистина го зајакнуваат имунитетот?

Многу популарни домашни лекови и намирници што се сметаат за здрави можеби не се толку ефикасни како што се верува,...

Магазин17 минути

OpenAI воведе нова функција: Што може да направи ChatGPT сега?

Компанијата за развој на вештачка интелигенција OpenAI, со седиште во Калифорнија, ја претстави новата функција Deep Research во рамките на...

Магазин18 минути

Стотици компании го блокираат DeepSeek

Кинескиот четбот DeepSeek оваа недела го освои американскиот пазар, искачувајќи се на врвот на продавниците Apple App Store и Google...

Магазин19 минути

Apple плаќа 20 милиони долари за батеријата на Apple Watch

Apple се согласи на спогодба од 20 милиони долари во колективна тужба поради проблеми со протекување на батеријата кај раните...

Здравје и убавина28 минути

Дознајте детали за вашето здравје преку јазикот

Симптомите на болестите се покажуваат на различни начини, но она што веројатно не сте го знаеле е дека првите знаци...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за среда (5 февруари)

ОВЕН Се потпирате на вашите соработници во кои имате доверба. Но би требало да поводите сметка околу вашата доверба и...

Спорт18 часа

Комисијата за натпревари при ФФМ закажа редовен семинар со делегатите од првата и втората македонска фудбалска лига

Комисијата за натпревари при Фудбалска федерација на Македонија ќе одржи редовен семинар со делегатите од Прва и Втора МФЛ. Семинарот...

Lifestyle1 ден

Се дебелееш и внимаваш на исхраната? Еве што може да биде причината

Ако јадете повеќе од вообичаено или вежбате помалку, зголемувањето на телесната тежина не треба да ве изненади. Но, што ако...

Магазин1 ден

Дали новиот iOS 18.3 ви ја троши батеријата побрзо? Тестови откриваат резултати, Apple објавува ново ажурирање

Најновите тестови не покажуваат значителна разлика во потрошувачката на батеријата по ажурирањето на iOS 18.3 Apple го објави iOS 18.3...

Магазин1 ден

Amazon Music Unlimited ги зголемува цените

Amazon ја зголеми цената на својата услуга Music Unlimited во САД, Канада и Велика Британија, како што објави The Hollywood...

НАЈЧИТАНИ