Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Кичевчани се луѓе со големо срце, со вчерашната успешна хуманитарна акција израдуваа многу социјално загрозени семејства!

Почитувани хумани граѓани во наше име (како помагатели) и организаторите на овој прекрасен хуманитарен настан под мотото „Јас донирав, Донирај и ти“ за донации на намирници за социјално загрозените семејства реализиран вчера во дворецот на нашата православна црква Св.Петар и Павле – упатуваме заеднички честитки за вашата добрина и пренесуваме огромно благодарам од семејствата кои успеавте за миг да им ги разубавите новогодишните празници.
Благодарност и до продажните објекти: Бутик „Ели 97“, „Мајски Цвет“, „Мондиш“ и Ана Стела за нивната скромна донација.
Огромниот број на донации и пакетчиња дел допатуваа денес, останатиот дел ќе се распределат во текот на утрешниот ден. Посебен емоционален момент беше тој денес кога на две семејства од Македонски Брод им го разубавивме денот со скромна помош и се покажавме дека сме добри соседи.
Акциите продолжуваат, секој еден може да биде дел и да се приклучи во добротворните активности за кој наскоро ќе има и официјална сметка за донации за луѓето кои неможат да ни се придружат физички.
На крај, во објавата на организаторите од „Роденденски Пињати“ погледнете ги дел од луѓето кои ги заслужуваат сите почести за нивната хуманост и големо срце, капа долу наши луѓе! ❤️
Кичево
Управните служби во Кичево и останатите добиваат ново работно време

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.
Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.
Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 08.00 часот па до 18.00 часот, а истото работна време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.
Во останатите пак подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.
Кичево
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги на житниот пазар, затекнати се М.Д.(60) од Скопје и А.Џ.(66) од Кичево, кои за продажба изложиле повеќе парализатори и метални палки на преклоп и други предмети.
Врз основа на членот 80 од Законот за оружје, предметите се одземени, а против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, за медиумите и јавноста известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Момчињата од „ФК Кичево“ денес одиграа два контролни меча со одличната екипа на „ФК Гостивар“ на гостински терен

Во рамки на денешниот ден нашата екипа од „ФК Кичево“ генерација 2011 и 2014 година одиграа два контролни меча со соодветна екипа на „ФК Гостивар“. Преку нашиот медиум, управата и тренерите упатуваат голема благодарност до домаќинот екипата на „ФК Гостивар“ и нивниот координатор г-дин Менсур Јакупи за одличниот прием и можноста да нашите момчиња стекнат нови пријателства и искуства.
Галерија од денешните натпревари, „ФК Кичево“ ген. 2011:
Престижната генерација 2014:
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза12 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија15 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди12 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили2 дена
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин2 дена
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети