Скопје
Кичевчани и ПортаМК ќе присуствуваат на хуманитарниот Car Show во Недела на АСУЦ „Боро Петрушевски” во Скопје

Уште само неколку дена до долго очекуваниот авто-собир на АСУЦ „Боро Петрушевски”
По точно еден месец одкога ви го најавивме датумот за овогодинешниот собир на АСУЦ Боро Петрушевски, конечно веќе и се наближи датумот за кој голем број од вас се подготвуваат.. Поточно викендов на 21 (недела), на авто полигонот во самиот училишен двор, со почеток од 9 часот ќе се одржи авто-собир, односно хуманитарен настан за Дарко Ѓеоргиевски – Ванила, што значи без натпреварувачки дел, но затоа е најавена огромна изложба на автомобили, многу дружба, забава, скара и изненадување од спонзорите.
Котизацијата ќе изнесува по 300 денари од возило, пари кои ќе бидат донирани за ова младо момче на кое хитно му е потребна операција и протези од Германија!
На овој настан ќе дадат поддршка и автомобили од Кичево, кои директно ќе донираат за Дарко, заедно со нашиот тим кој исто така ќе биде присутен и ќе даде свој надомест и ќе учествува со својот Leon Cupra R.
Дел текст на RPM.mk
Скопје
Вчера 17-годишник бил прегазен од автомобил на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје

На 18.02.2025 околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(61) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од с.Страчинци, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, истакна МВР.
Скопје
МВР со зајакнати контроли во главниот град

Во текот на вчерашниот ден (18.02.2025) во периодот од 09:30 до 18:30 часот беше спроведена зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје, при што санкционирани се 262 учесници во сообраќајот.
Од нив 10 возачи управувале без возачка дозвола, изречени се три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за непропуштање пешаци на обележан пешачки премин, четири санкции за возач почетник, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Скопје
МВР: Кривична пријава за малолетникот што удри пешаци во Скопје

СВР Скопје денеска (16.02.2025) до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против малолетникот што синоќа удри пешаци во Скопје.
Имено, на 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Возачот е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по брза постапка.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (13 март)
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за петок (14 март)
-
Временска прогноза2 дена
Услови за грмежи проследени со дожд, но генерално температури во пораст – вели Попоски
-
Спорт2 дена
Омерагиќ: Со заеднички амбиции и взаемна желба, ФФМ добива нов спонзор за македонскиот фудбал
-
Lifestyle21 час
Утрински навики што го забрзуваат стареењето на кожата
-
Здравје и убавина2 дена
Дознајте за храната која е богата со витаминот „Е“, а тој е и тоа како корисен за здравјето на човекот
-
Спорт13 часа
Дисциплинската комисија истакна суспензија за фудбалери и поведе постапка за фудбалски клубови поради фрлање во терен пиротехнички средства
-
Спорт2 дена
Милевски го истакна списокот на повикани фудбалери за мечевите против Лихтенштајн и Велс