Кичево
Кичевчанка меѓу најдобрите студенти за учебна 2015/2016 година на УКИМ (ФОТО)

Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ денеска им додели награди и пофалници на студенти кои дипломирале со најдобар успех во учебната 2015/2016 година. Седуммина имаат средна оценка 10. Наградите за најдобро дипломираните студенти се доделуваат еднаш годишно, на по еден најдобро дипломиран студент на прв циклус студии на секој факултет на Универзитетот во секоја учебна година. Видот и висината на наградите ги определува ректорот секоја учебна година, во зависност од средствата со кои располага Универзитетот за оваа намена.

Елена Томеска (десно)
Нашата Кичевчанка Елена Томеска која дипломираше на Архитектонскиот факултет во Скопје, на студиската програма – интегрирани петгодишни студии од прв и втор циклус по архитектура со просек 9,11 заслужено ги доби сите пофалби и почести како и останатите студенти.
Нашиот единствен портал од Кичево упатува честитки до нашата другарка!!! 🙂
Целосната статија можете да ја погледнете ТУКА
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Дечињата од Кичево за радоста од Лазаревото Воскресение

Радоста од Лазаревото Воскресение во Кичево, предвесник и предвкус на најголемата радост на Христовото Воскресение преку прекрасните фотографии низ објективот на нашиот соработник Јове Ангелески
Кичево
Кичевчани во сабота со протест ќе бараат решение за дивата депонија зад кичевски „Комуналец“ која шири смрдеа повеќе од 3 години

Група граѓани од Кичево на социјалните мрежи повикаа на мирен протест поради дивата депонија настаната зад кичевското ЈП „Комуналец“ (стариот објект на Магистралниот пат).
Како што ја известија јавноста преку нивната социјална мрежа на фејсбук која собра рекордни 600 следбеници за нешто помалце од 24 часа – протестот нема никаква политичка поврзаност и се оградува од секакво политичко поврзување, истиот е исклучиво со цел граѓаните да добијат она што заслужуваат, здрава животна средина која е гарантирана со закон.
Во своето интегрално соопшетение исто така наведуваат дека доколку надлежните не пристапат кон решавање на проблемот, протестите ќе бидат честа појава, со цел свртување внимание за она што треба.
Протестот според исказот во јавноста групата граѓани ќе го одржат во сабота на 12.04.2025 г. со почеток од 13:00ч со збирно место во непосредна близина, односно кај новата зграда на Општина Кичево, влез/рампа пред самото паркинг место.
– Инаку да потсетиме пред 8 месеци во дивата депонија избувна пожар кој целосно го пеплоса локалитетот каде што беше одлаган сметот, исфрлајќи токсичен чад кој се распространи над половина град, додека припадниците на ТППЕ Кичево, завршија во Општата Болница во Кичево вдишувајќи чад, санирајќи ги пламените јазици (линк до известувањето ТУКА)
– Во прилогот од ИРЛ известија дека Државниот инспекторат за животна средина му даде рок до крајот на месец февруари 2024-та година на ЈП „Комуналец“ Кичево да ја исчисти локацијата, која без никаква институционална одлука стана диво одлагалиште на отпад, но се чини година и два месеци нема ништо од тоа.
Известуваа и колегите од ТВ21 уште во 2022-та година на 28 август, но се чини и тоа беше без успех.
Да се надеваме дека конечно ќе се изнајде решение и веќе „привремената“ дива депонија кои некои ја бележат дека е повеќе од 5 години која и градоначалникот ја призна за „нелегална“ во свое интервју за ИРЛ – ќе стане конечно минато. #ЕденВоздух #СитеСмеЗасегнати
Кичево
Се спрема најрадосната Лазарева Сабота во Кичево, утре е Втората проба за манифестацијата

Со голема радост споделуваме дел од атмосферата на Првата проба по повод свечената празнична Поворка за празникот на Лазаревото Воскресение (Лазарева Сабота, 12.04.2025г.).
Воедно, и ве повикуваме, што побројни, сите кои сакаат да земат учество во свечената Поворка, во Четврток на 10ти Април, во 18:30ч. во просториите на Црквата ,,Свв. апостоли Петар и Павле” да ги испееме најрадосните Каланди кои ни го навестуваат Воксресението Христово и да ги оцелосиме подготовките за Лазаревата Сабота.
🗓10.04.2025г. – ⏰️18.30ч во просториите на Црквата ,,Свв. апостоли Петар и Павле” – Кичево – Втора проба.
Ве очекуваме, истакнаа од Хорот Митрополит Козма Пречистански
Линк до објавата ТУКА
-
Македонија2 дена
Во Кичево во текот на вчерашниот ден најмногу изречени казни за возачи кои возеле побрзо
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (15 април)
-
Временска прогноза2 дена
Според најновото метео ажурирање следува доста нестабилно време, ова се информациите
-
Македонија17 часа
Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, приведоа 13 албански државјани кои немале дозвола за работа
-
Македонија2 дена
Лишени од слобода седум возачи на територија на СВР Тетово поради пребрзо возење, регистрирана брзина и од 193 км/час
-
Македонија18 часа
По 5 месеци денес промена на цената од авто-плинот на бензинските станици
-
Технологија1 ден
Поради царината на Америка ултра популарната конзола ја менува цената
-
Спорт1 ден
Младата женска репрезентација на Македонија во фудбал до 16 години ја победи Бугарија во пенал рулетот, избраничките на Милеска со тоа остварија прва победа!