Следете не

Кичево

Кичево на прво место во ПМ10 честички моментално

Објавено пред

на

Кичево моментално на првото место по загаденост од ПМ10 честички на апликацијата МојВоздух.

Не е прв пат нашиот град да подпадне под вакво влијание така што поради екстремното загадување на воздухот препорачуваме да не излагате надвор без посебна потреба

Кичево

(ВИДЕО) Жителите на кичевската населба Иванидол бараат дислокација на Асфалтната база која е речиси до куќите

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video TV21

Базата за асфалт изградена во населба Иванидол – Кичево е оддалечена само 60 метри од куќите, а како што се знае законски ваков вид на асфалтна база треба да има оддалеченост 5 километри од населено место.

Имено, веќе 23 месеци жителите на оваа насеба, кои се околу 1600 лица, водат битка преку институциите базата да не почне со работа и да се дислоцира, така што жителите на оваа населба иницијативата против оваа база за асфалт ја започнаа уште кога почна изградбата во 2023 година, доставиле и документи до сите наделжни институции. Како епилог ќе има, останува да видиме.

Повеќе во официјалниот прилог на колешката Салије од ТВ21:

– Инаку, да додадеме дека веќе подолг период немо се гледа и следи за Иванидол каде му треба Градинка, му треба тротоар, му треба урбано зеленило и поставени канти за отпадоци, а после дислокација на контенјерите веќе се создава мини депонија која дополнително ја зголемува опасноста за нечистотијата, загаденоста и хемикалиите кои еден ден ќе се одразат врз животите на жителите.

Прочитај повеќе...

Кичево

„Саншајн Кидс“ – Кичево со серија бесплатни работилници за еманципација и едукација во рамките на проектот #BeHerVoice.

Објавено пред

на

©porta.mk

Граѓанското здружение од Кичево „Саншајн Кидс“ Ве поканува да учествувате во уникатна серија работилници за еманципација и едукација организирани во рамките на проектот #BeHerVoice.

Овие работилници се отворени за жени од сите возрасти и се целосно бесплатни, со цел да поттикнат зајакнување, и тоа зајакнување на самодоверба и разбирање на правата на жените.

Што е #BeHerVoice?

#BeHerVoice е европски проект имплементиран во Патра (Центар Ерифили), Кичево (Sunshine Kids) и Софија (Балкански мост), финансиран од Европската Унија. Неговата главна цел е да ја подигне свеста, да обезбеди едукација и да ги зајакне жените за прашањата на родово базирано насилство.

Проектот содржи кампањи за подигање на свеста и едукативни работилници прилагодени за различни целни групи, од професионалци до пошироката јавност. Целта е да создаде безбеден простор каде жените ќе можат да се изразат, да се оспособат и да стекнат вештини за да се поддржат помеѓу себе и другите на кои им е потребна помош.

Зошто да учествувате?

Во безбедно и доверливо опкружување, ќе имате можност да:

– Ги разберете  критичките концепти поврзани со родово-базираното насилство;

-Ги истражите  и деконструирате стереотипите и митовите околу семејното насилство;

-Ги Препознаете  вашите емоции и да ја зајакнете самодовербата;

-Научите како да управувате со критични ситуации  со инклузивни комуникациски вештини и практични совети за помош;

-Се вклучите  во процес на групна поддршка и зајакнување;

-Се стекнете со сертификат за учество во европски проект;

Распоред на работилницата;

Работилница 1: Вовед и концептуално појаснување на родовата дискриминација и семејното насилство

Работилница 2: Инклузивна јазична работилница и анализа на стереотипи и митови за насилството од интимни партнери.

Работилница 3: Препознавање емоции.

Работилница 4: Управување со емоции.

Работилница 5: Градење самодоверба.

Работилница 6: Работилница за искуствено читање.

Работилница 7: Изработка на план за бегство од навредливи врски.

Работилница 8: „Убавицата и ѕверот“ и завршна сесија

Како да се аплицира?

Местата се ограничени, а апликациите ќе се примаат до вторник, 28 јануари 2025 година. Пополнете го формуларот на овој линк ТУКА

Или контактирајте на телефонските броеви ☎️ 071/228-423 ☎️ 071/544-369 ☎️ 072/274-688

Прочитај повеќе...

Кичево

Поради загадениот воздух во Кичево, издадени важни мерки и препораки од Министерството за животна средина и просторно планирање

Објавено пред

на

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150  µg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Кичево.

Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година).

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мернoто место и деновите  каде има појава на надминување на праг на алармирање.

СОГЛАСНО НАСТАНАТАТА СОСТОЈБА, ЗА КИЧЕВО ВАЖАТ СЛЕДНИТЕ МЕРКИ:  

  • Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола
  • Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати
  • Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци
  • Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила
  • Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата
  • Забрана на горење на отворено
  • Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар
  • Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот
  • Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили3 часа

Volkswagen ќе мора да опстои до 2026 година без нови електрични модели

Во следниот период, Volkswagen е принуден да ја продава постојната EV технологија на нови клиенти, што претставува голем предизвик. Поминаа...

Автомобили3 часа

Ова се користените автомобили што треба да ги избегнувате

Со влегување во новата календарска година, многу возачи размислуваат за промена на автомобилот. Купувањето користено возило обично предизвикува мешавина од...

Lifestyle3 часа

Овие плодови содржат повеќе витамин Ц од портокалите

Иако портокалите често се поврзуваат со витаминот Ц, постојат многу други видови овошје кои содржат значително повеќе од оваа важна...

Магазин3 часа

Индонезија планира да воведе старосна граница за користење на социјалните мрежи

Индонезиските власти најавуваат регулатива која ќе утврди минимална возраст за користење на социјалните мрежи, со цел да се заштитат децата...

Магазин3 часа

Сите модели на iPhone 17 ќе ја задржат истата карактеристика како iPhone 16

Една од најпопуларните теми деновиве е големината и дизајнот на Dynamic Island кај претстојните модели на iPhone 17. Според познатиот...

Магазин3 часа

Нова тактика на YouTube против AdBlocker: Реклами подолги од еден час

Сè повеќе корисници забележуваат екстремно долги реклами на YouTube кои го нарушуваат искуството на гледање. Рекламите на платформата стануваат сè...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за понеделник (27 јануари)

ОВЕН Може да се потпрете на соработниците. Денешниот ден е поволен за работа, доаѓаат некои нови решенија. Може да очекувате...

Социјални мрежи17 часа

„WhatsApp“ воведува нова функција која ќе ги воодушеви корисниците, ова корисниците ги нервира со години

WhatsApp работи на нова функција која им овозможува на корисниците да додаваат и управуваат со повеќе сметки во една апликација....

Спорт21 час

Футсал македонската репрезентација ги продолжува квалификациите за пласман на ЕП

Македонската футсал А репрезентација кон крајот на јануари и почетокот на февруари ќе ги продолжи квалификациите за пласман на Европско...

Временска прогноза1 ден

Дали во месец февруари се враќа ладниот бран проследен со нов снег?

Според она што може да се истакне, според најновото ажурирање на прогностичките модели, големо враќање на зимата и големо заладување...

НАЈЧИТАНИ