Кичево
(ФОТО) Во Кичево светиот крст во реката се положувал и пред еден век

Традицијата за време на Богојавление (Водици) во Кичево да се положува крст во реката Темница, датира од пред повеќе од еден век. Вистински ритуал било на овој ден да се присуствува на овој свет настан, кога изгледало како целиот народ од овој крај да е собран крај реката.
Една фотографија стара 82 години е најдобра потврда дека во Кичево водичарските традиции отсекогаш се негувале. На сликата е снимен моментот кога крстот треба да се положи во студените води на Темница, а еден од кандидатите за вадење на крстот бил Стојмир Софрониоски-Цоле, од соседната населба Под Варош. Иако мал по раст, Стојмир бил човек со големо срце. Тој целиот работен век го минал во локалната кланица, каде што секојдневно, и лете и зиме, патувал со велосипед.
И годинава кичевчани беа дел од вековната традиција, за што во иднина ќе сведочат новите генерации.
Извор: Зоран Антоски / Нова Македонија
Кичево
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“

Секоја година, на 8-ми март, целиот свет го слави „Меѓународниот Ден на жената“. Еден вид признание и чест за фундаменталната улога на жената во општеството.
За време на овој посебен ден, изразувајќи благодарност и љубов, но и почит речиси сите подаруваат цвеќиња како вообичаен и значаен гест. Како препорака, ви ги презентираме најубавите цвеќиња кои денес пристигнаа кај нашите партнери „АТВА Маркети“.
Изберете го најубавото цвеќе и изненадете ги најблиските!
„АТВА Маркет“ на добро познатите локации ширум град Кичево, подари цвеќе за среќа!
Кичево
Следните кичевски улици и села утре и во вторник ќе имаат прекин во електрична енергија поради работа на „ЕВН КЕЦ Кичево“

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 03.03 – понеделник и 04.03 – вторник, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следниве локации од град Кичево:
Вид на прекин | Нас.место | Локација | Почеток | Крај |
---|---|---|---|---|
Планиран прекин | КИЧЕВО | С. СРБЈАНИ,С. КАРБУНИЦА, РЕПЕТИТОРИ ЦОЦАН. | 03.03.2025 09.10 | 03.03.2025 12.00 |
Планиран прекин | КИЧЕВО | БУЛЕВАР ИЛИНДЕН, КАЈ СТАРИОТ ОБЈЕКТ НА ТАНЕ ЦАЛЕСКИ | 04.03.2025 09.00 | 04.03.2025 13.30 |
Планиран прекин | КИЧЕВО | УЛ. ЗАГОРЈЕ,УЛ. СКОПСКА, УЛ. ИСЕИН АКИОСКИ, УЛ. ПРИЛЕПСКА, НАСЕЛБА БИЧИНЦИ . | 04.03.2025 09.20 | 04.03.2025 12.30 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Кичево
Важно сообраќајно инфо за делница кај кичевските села Србјани-Другово, на пат Кичево-Охрид

ГД Гранит АД Скопје известува за започнување со изведба на градежни работи од 03.03.2025 година на делот на кружниот тек кој е лоциран на крстосницата помеѓу Магистрален пат А2 делница Кичево-Охрид, со пат за с. Србјани и почетокот на с. Другово.
– Се препорачува внимателно возење на тој дел од сообраќајот и да се почитува времената измена на режимот на сообраќајот на крстосницата.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (3 март)
-
Кичево20 часа
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за вторник (4 март)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија1 ден
Фрапантни податоци на сообраќајни прекршоци за месец февруари
-
Магазин1 ден
Итно известување од Google: Ова е рокот кога ќе исчезнат многу сметки и фотографии – зачувајте ги вашите податоци!
-
Култура17 часа
Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието
-
Македонија6 часа
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами