Кичево
Да ги пречекаме утре! Кичевска Коњаница со 5-ти Јубилеен Илинденски Марш до славно Крушево

На ден 28 ЈУЛИ 2019 година, во 08:00часот. Сестринството од Манастир Пресвета Богородица Пречиста ќе отслужат Света Божествена Литургија, а по завршувањето, членовите на Кичевската Коњаница во дворот на Манастирот Пресвета Богородица Пречиста ќе положат света заклетва, пред свето писмо, кама и револвер.
По светата заклетва ѝ официјално Кичевската Коњаница Манастир Пресвета Богородица Пречиста, го почнува својот [sg_popup id=”25223″ event=”onLoad”]5ти јубилеен Илинденски Марш[/sg_popup] до Славно Крушево.
Коњаницата ги поминува селата Манастирско Доленци и Србјани, а од тука се упатува кон “Здружение на возачи” улица “Методија Стојаноски”, каде се спојува со браќата од Мавровско-Горнореканската Коњаница, со кои традиционално секоја година го чекориме заедно патот по кој некогаш чекореле храбрите јунаци.
За некаде околу 13:00 часот продолжувајќи по улиците “Борис Кидриќ” и “11ти Септември”, Коњаниците се вклучуваат на “Булевар Ослободување”, каде ќе продефилираат се до градската црква “Свети Петар и Павле”, Свештеницте од Кичевската Парохија, ќе им посакаат среќен и благословен пат на членовите на Коњаниците, со служење на Света Божествена Литургија.
Од тука Коњаниците се упатуваат кон ресторан „Луна“ и како и секоја претходна година, така и оваа традиционално се послужува ручек за учесниците во маршот.
Двете Коњаници го продолжуваат својот пат поминувајќи низ населбата Горица, низ селата Другово, Пополжани, Видрани, Брждани, Свињишта и пристигнуваат во селото Козица.
Со почеток од 20:00 часот, организиран е пречек на Коњаниците со жива музика и комитски амбиент. Наша ќе биде честа, ако не испочитувате со вашето присуство – додаваат од Кичевска Коњаница преку нашиот медиум кој секоја година ги спонзорира овие традиционални благодети.
ДОПОЛНИТЕЛНО ОД 29-ти Јули ЦЕЛОСНАТА ПРОГРАМА ЗА ОВОГОДИНЕШНАТА „Кичевска Коњаница“ гласи вака:
- 29 Јули ПОНЕДЕЛНИК Вториот ден, Коњаницата се упатува кон селото Белица, каде како и претходните години во селската црква „Свети Победоносец Ѓорѓија“ се послужува ручек и мал одмор, пред долгиот пат кој следи. После ручекот во селото Белица, Коњаницата продолжува преку селата Прострање, Велмевци и Брезово, до селото Сопотница, каде истата вечер ќе преноќи. Организиран е пречек на Коњаницата со жива музика, со почеток од 20:00 часот пред школото во село Сопотница. Сите гости се добредојдени!
- 30 Јули ВТОРНИК Вторникот на 30 Јули, тргнувајќи од село Сопотница, се упатуваме преку Славно Прибилци, селата Граиште и Сладуево, кон градот Демир Хисар, каде Коњаницата во 12:00 часот ќе продефилира и ќе биде пречекана од градоначалникот на Општина Демир Хисар. После пречекот во Општина Демир Хисар, повторно преку селото Сладуево, во селото Журче, каде истата вечер се организира пречек на Коњаницата со жива музика со почеток од 20:00 часот
- 31 Јули (1 и 2 Август – Илинден) СРЕ-ЧЕТ-ПЕТ. Изутрината на 31 Јули. Коњаницата преку селото Острилци, ќе пристигне во Славно Крушево, каде се спојува со Коњаниците од Илинденски Марш, ќе учествува во 3дневното дефилирање низ Крушево, во програмата „10 Дена Крушевска Република“, се до чествувањето на 2 Август, Илинден на Мечкин Камен, каде ќе биде главната манифестација
За многу години Илинден!
Кичево
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!

Пиљара „Бамби“ – Кичево позиционирана на ул „Борис Кидрич“ бр. 17 наполни 🎂 1 година постоење! Но тоа не е се, како фирма оваа година го прави својот јубилеј од 20 години постоење, причина повеќе за лојалност и доверба!
Секогаш свежо овошје и зеленчук, апетисани, прехрамбени производи, пијалок, кафе, чаеви, највкусни сладоледи, кетеринг намирници и што уште не!
Денес сосема нов уреден стил, со дополнителен асротиман на роба и производи, по барање на своите клиенти, а по повод специјалниот ден, односно роденденот, во просториите се реализира скромна здравица и изненадувања за купувачите. Најголемото изненадување беше мини-наградната игра во соработка со нивните партнери.
- Петто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Анор Јашари
- Четврто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Виктор Аврамоски
- Третото место производ „Блендер“ доби Николина Настески
- Второ место производ „Соковник“ доби Гоце Костески ексклузивно изјавуваќи за нас дека ова му е можеби една од ако не и единствена награда која му се паднала во животот.
- Како главна награда „Air Fryer“ по повод првиот роденден на „Бамби“, пристигна во рацете на кичевчанецот Индрит.
Посетете ги уште веднаш, и бидете дочекани со насмевка и брза услуга. Продавницата 🛒 работи од понеделник до сабота со работно време од 08:00 до 22:00ч
Од нашиот медиум им посакуваме уште долги години да го слават во успех, хармонија и со истиот врвен квалитет, а купувачите тоа го препознаваат!
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“

Ве известуваме за радост на нашите најмили и најмали во организација на кичевскиот Хор „Митрополит Козма Пречистански“ организира популарна детска претстава „Рибарот и златната рипка“ во изведба на познатиот актер Владо Дојчиноски и познати актери од нашето поднебје.
Претставата ќе се одржи вечерва 28.03.2025г. во НУЦК “Кочо Рацин” – Кичево, голема сала.
Влезот е бесплатен за сите заинтересирани.
📍 Дом на Култура “Кочо Рацин” – Кичево
⏰️ 19:30ч.
Бидете дел!
Кичево
Неделна акција на производи во АТВА Маркети – Кичево

Нова неделна акција на производи во АТВА маркети – Кичево.
Неделната акција трае до 27.03 (четврток) 2025 година.
Посетете ги АТВА маркети, заштеди со квалитет!
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт2 дена
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Временска прогноза9 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Македонија15 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија18 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Временска прогноза2 дена
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците