Македонија
Кичевчанец ги покри дел од трошоците за доаѓање на Благодатниот оган за радост и поткрепа на христијанските верници, за многу години!
Покрај сложената ситуација поради распространувањето на вирусот Kовид-19 и затворените граници меѓу државите, за радост и поткрепа на христијанските верници, Благодатниот оган пристигна во нашата земја од соседна Грција тргнувајќи од аеродромот во Атина.
За благодатниот оган се верува верува дека секоја година на Велика Сабота самиот се пали во Светиот Гроб на Господ Исус Христос во Ерусалим.
Според информациите што ги доби МИА огнот е донесен авион од приватната грчка авиокомпанија Epsilon Aviation, по претходен договор меѓу властите на нашата држава и на Грција. Најголемиот дел од трошоците за летот ги покри Горан Трипуноски од Кичево.
На аеродромот во Скопје светиот оган беше дочекан од претставници на Владата и потоа предаден на Црквата.
Преземањето на светиот оган од Ерусалим се случува секоја година на Велика Сабота и повеќето православни држави, како на пример, Грција, Русија, Украина, Бугарија, Грузија, Романија и други, го прават со владини почести.
Во Македонија светиот оган прв пат пристигна на Велигден во 2009 година, во организација на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, а тогаш преку пријатели од Грчката Црква беше преземен од Солун.
Девет години по ред бигорското братство го носеше Благодатниот Оган во Македонија, а во последните две беше носен на државно ниво преку Бугарија. Оваа година по светиот оган во Ерусалим полетаа државни авиони од Грција, Романија, Грузија, Русија и Украина.
Носењето на огнот се смета за голем благослов. Оваа година светиот оган се симна во Господовиот Гроб околу пладне, според месното сметање на времето.-
– И се заблагодаруваме на грчката држава што ни овозможи, во овие тешки околности за целиот свет, да го примиме благословот на благодатниот оган од Ерусалим. Тоа за нас е духовна поткрепа и голема радост во навечерието на празникот на Христовото воскресение. Христос воскресе! – изјави Агатон кој е претставник на архиепископот, господин господин Стефан.
/МИА
Македонија
Од ноќеска поскапува дизелот и бензинот
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната
цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит.
Македонија
Македонски Брод – Прилеп преку превој „Барбарос“ е укината забраната за тешки товарни возила, додека на овие делници сеуште се активни забраните за ТТВ
АМСМ предмалку извести дека на овие патни правци се укинати забраните за тешки товарни возила и тоа:
Деве Баир – Крива Паланка пуштен за ТМВ
Делчево – г.п. Делчево
Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос
АКТИВНИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ:
Гостивар – Маврово-Дебар
Гостивар – Стража-Кичево
Пресека
Плетвар
Ѓавато
Струга – г.п. Ќафасан
Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)
ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА:
Од 15.50ч целосно во прекин е сообраќајот на патниот правец А1 Д. Капија- Смоквица и сообраќајот ќе се пренасочува по алтернативниот патен правец Р 1102.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Снежниот бран ги „замрзна“ температурите под нулата на секаде, од градовите најмногу снег имаме во Штип, додека на Шапка речиси еден метар!
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник), и да напоменеме тоа ќе биде некаде во поголема форма, некаде не. До 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка.
Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните температури се движа дури до близу -10 степени. На табелата можете да ги погледнете денешните температури измерени по градови и места во Македонија до 16 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.
Исто така на табелата може да видите и колкава е снежната покривка до 16 часот во градовите низ Македонија, за порта.мк информира Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Празничен Хороскоп за вторник (14 јануари)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Пациенти се жалат дека кругот на кичевската Болница е под снег и мраз, тешко се стигнува до медицинските врати, надлежните последно исчистиле пред два дена!
-
Кичево2 дена
(ГАЛЕРИЈА) Ова се традиционалните кичевски огнови кои ни ги испративте да ги додадеме во големиот „Василичарски“ албум, за многу години!
-
Временска прогноза23 часа
Доаѓаат минусни температури и преку ден, ќе имаме силен мраз и замрзнати површини
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за среда (15 јануари)
-
Магазин1 ден
(ВИДЕО) Среќна ви Нова Година со чиста душа, спокојна, и со радост и со славје и догодина со здравје, каланда на дечињата од кичевскиот хор „Митрополит Козма Пречистански“
-
Автомобили6 часа
Последните десет години овие популарни автомобилски брендови скокнале неверојатни 68 отсто за нивната куповна цена
-
Скопје7 часа
Скопјанка пријавила дека машко лице ја допирало по телото