Здравје и убавина
Колку пати е нормално да уринирате во текот на денот?
Колку често одиме во тоалетот зависи од здравјето на телото, вели старата изрека. И кога станува збор за уринирањето, тоа покажува колку нашето тело е хидрирано.
Затоа, често се прашуваме дали уринитањето почесто е нормално. Одговорот на ова прашање го дал д-р Нил Графштајн, професор по урологија во Њујорк.
Еве некои важни информации што треба да ги знаете за самата урина и мокрење.
Иако не постои оптимален број пати на кој може да се утврди од тоа колку често во текот на денот треба да уринираме, лекарите велат дека одењето во тоалет за оваа намена треба да биде најмалку четири пати на ден до максимум седум пати. Ако уринирате повеќе од тоа, не се грижете. Тоа не е веднаш знак за паника, бидејќи фреквенцијата на уринирање влијае на голем број фактори, особено начинот на кој го хидрирате вашето тело.
Што е нормално
На пример, ако пиете многу вода, логично е почесто да одите во тоалетот. Возрасните треба да пијат осум чаши вода дневно. Покрај тоа, ако пијат многу алкохол, кафе или други течности кои го иритираат мочниот меур, се очекува дека често ќе го посетат тоалетот.
Исто така, постојат и оние кои имаат слаба бешика и веднаш трчаат да уринираат веднаш штом почувствуваат најмала потреба.
Што ако пречесто уринираме?
Ако потребата за уринирање ја надмине бројката од 11 пати на ден, а се внесуваат две литри течност, можно е дека тоа е посебен здравствен проблем. Во овој случај веднаш треба да посетите лекар.
Треба да се забележи и дека честото уринирање е еден од знаците на дијабет.
Здравје и убавина
На колку време треба да се менува четката за заби?
„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!
Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.
И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.
Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.
Извор: denar.mk
Здравје и убавина
Како да направите диетален домашен сок од ананас
Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.
Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.
Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…
Состојки:
– 1 ананас
– 1 лажица ленено масло
– 2 дл. Ладна вода
– малку сок од лимот или лимета
Подготовка:
Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.
Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.
Извор: денар
Здравје и убавина
Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата
Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.
Состојки:
– 2 литри обична природна вода
– 1-2 големи портокали
– 3 киви
– 5 јагоди
– сок од половина лимон или лимета
Начин на подготовка:
Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.
Извор: денар
-
Хороскоп2 дена
Празничен Хороскоп за вторник (14 јануари)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Пациенти се жалат дека кругот на кичевската Болница е под снег и мраз, тешко се стигнува до медицинските врати, надлежните последно исчистиле пред два дена!
-
Кичево2 дена
(ГАЛЕРИЈА) Ова се традиционалните кичевски огнови кои ни ги испративте да ги додадеме во големиот „Василичарски“ албум, за многу години!
-
Кичево2 дена
„Порта.мк“ албум од традиционални „Василичарски огнови“ 2025 од Кичево и кичевско, испратете фотографија од вашиот василичарски огон, вечна традиција, за многу години!
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за среда (15 јануари)
-
Временска прогноза14 часа
Доаѓаат минусни температури и преку ден, ќе имаме силен мраз и замрзнати површини
-
Магазин20 часа
(ВИДЕО) Среќна ви Нова Година со чиста душа, спокојна, и со радост и со славје и догодина со здравје, каланда на дечињата од кичевскиот хор „Митрополит Козма Пречистански“
-
Македонија2 дена
Од ноќеска поскапува дизелот и бензинот