Македонија
Кривична поради непочитување здравствени прописи, автобус возел 44 патници на патот Охрид-Кичево
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.А.(61) од Охрид како и против авто-транспортна компанија од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
При контрола на автобус извршена на 10.07.2020 година на магистралниот пат Охрид-Кичево, полициските службеници констатирале дека пријавениот Ѓ.А. вработен во правното лице, врши превоз на 44 патници со што, биле прекршени безбедносните протоколи и уредбата со законска сила за начинот на превоз на патници во внатрешниот сообраќај за превоз на најмногу 50 проценти патници од вкупниот број на седишта.
Извор: СВР Охрид / Дневен билтен
Портпарол: Стефан Димоски
Македонија
Вечерва регистриран земјотрес во Македонија, епицентарот бил северозападно од Скопје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 5 јануари 2025 година во 23 часот и 12 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 24 километри северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.8.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и северозападните делови на Македонија со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, известуваат од ЦУК.
Македонија
Д-р Бакрачески ќе биде дополнително ангажиран како консултант во кардиолошкиот оддел на болницата „Плодност“, но останува посветен и во „Специјалната болница за кардиоваскуларни болести“ – Охрид
Вчера во јавноста излезе вест дека почитуваниот Д-р Никола Бакрачески започнува работа во битолската болница „Плодност“, но предмалку докторот за јавноста истакна дека станува збор за дополнителен ангажман два дена во неделата согласно позитивните законски прописи и регулативи.
Д-р Никола Бакрачески: „Останувам посветен на развојот на кардиологијата во Охрид и регионот, како и на понатамошно унапредување на квалитетот на здравствените услуги за пациентите , онаму каде што го вложив најголемиот свој труд, експертиза и знаење во професионалното издигнување и раст на „Специјалната болница за кардиоваскуларни болести – Охрид“.
– Започнувајќи од половината на месец јануари ќе бидам ангажиран како консултант во кардиолошкиот оддел на болницата „Плодност“ во Битола, како и во нејзините идни развојни планови, два дена во неделата согласно позитивните законски прописи и регулативи.“ – истакна за јавноста докторот.
Македонија
Поради снег, воведена забрана за тешки товарни возила на превој Стража и Дебар-Маврово
АМСМ пред два часа објави дека поради интензивни врнежи од снег од 02:15 часот од превентивни причини се воведува забрана за Тешки Товарни Возила на планинскиот премин Стража, додека пак од 03:15 часот е воведена забрана за ТТВ на патниот правец Дебар-Маврово.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Сообраќај во близина на с.Башино Село, кај мостот, од 14:40 часот е во целосен прекин и истиот ќе биде во прекин подолг временски период.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (6 јануари)
-
Кичево2 дена
Утре во Кичево заедно со дечињата да ја направиме најголемата „Бадникова поворка“ која некогаш се случила, силно и гласно да го најавиме Христовото раѓање
-
Кичево13 часа
(ФОТО+ВИДЕО) Празник за очи, радост за душа, топлина за срце, денес во Кичево се одржа најголемата „Бадникова Поворка 2025“, дечињата во еден глас го најавија Христовото раѓање!
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за вторник (7 јануари)
-
Македонија1 ден
Вечерва регистриран земјотрес во Македонија, епицентарот бил северозападно од Скопје
-
Автомобили2 дена
Речиси половина од сите нови автомобили во изминатата 2024 година беа претставени од Кина
-
Култура1 ден
Дeнот на очекување на радосната вест, денеска е „БАДНИК“, да се помолиме за здравје, среќа, љубов, мир и благосостојба!
-
Култура10 часа
Празникот на љубовта и единството „БОЖИЌ“ – Христос се роди! Навистина се роди, за многу години да ѐ!