Кичево
Кичевчани ќе уживаат во првата кружна трка викендов

Првата кружна трка од шампионатот за автомобилизам на Македонија ќе се вози во Кичево викендов!
По првите две ридско брзински трки, викендов во организација на АКК Примо АВЈ ќе се вози и првата кружна трка од автомобилистичкиот шампионат во Македонија, кој добро знаете конечно после толку години се врати во нашата држава.. Веќе се најавени голем број на возила учесници за оваа трка, што значи не очекува навистина интересен викенд, за кој доколку сте во можност ве покануваме да присуствувате во сабота (14.07) и недела (15.07) во Кичево да ги гледаме првите кружни трки за оваа сезона..
Имено програмата за овој натпревар е во сабота да се одржи технички и верификација за класа 1 од 8 до 9 часот, за останатите класи од 9 до 10 часот, потоа следи краток брифинг и седница на жири комисијата, по кои во 11 часот започнува првиот неофицијален тренинг, а додека официјалниот е закажан да започне во 13 часот. Во недела пак слободниот тренинг започнува во 10:30, свеченото отворање на натпреварот е во 11:30, додека трката стартува во 12 часот!
Се гледаме викендов во Кичево на трки, а оние кои не се во можност да дојдат ви препорачуваме да не следите и очекувајте навистина интересен материјал.. Во продолжение може да го погледнете видеото од првата трка од оваа година која се одржа на Водно..
Rpm.mk
Кичево
Управните служби во Кичево и останатите добиваат ново работно време

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.
Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.
Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 08.00 часот па до 18.00 часот, а истото работна време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.
Во останатите пак подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.
Кичево
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги на житниот пазар, затекнати се М.Д.(60) од Скопје и А.Џ.(66) од Кичево, кои за продажба изложиле повеќе парализатори и метални палки на преклоп и други предмети.
Врз основа на членот 80 од Законот за оружје, предметите се одземени, а против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, за медиумите и јавноста известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Момчињата од „ФК Кичево“ денес одиграа два контролни меча со одличната екипа на „ФК Гостивар“ на гостински терен

Во рамки на денешниот ден нашата екипа од „ФК Кичево“ генерација 2011 и 2014 година одиграа два контролни меча со соодветна екипа на „ФК Гостивар“. Преку нашиот медиум, управата и тренерите упатуваат голема благодарност до домаќинот екипата на „ФК Гостивар“ и нивниот координатор г-дин Менсур Јакупи за одличниот прием и можноста да нашите момчиња стекнат нови пријателства и искуства.
Галерија од денешните натпревари, „ФК Кичево“ ген. 2011:
Престижната генерација 2014:
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Временска прогноза1 ден
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Спорт12 часа
(ФОТО) „ФК Кичево“ денес ги продолжи подготовките за пролетната сезона со пријателски натпревари во Битола и Кичево на домашен терен
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за понеделник (24 февруари)
-
Здравје и убавина10 часа
Со овие намирници ќе ја подобрите меморијата на мозокот со здрав начин на исхрана
-
Здравје и убавина15 часа
Ова се 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје
-
Спорт7 часа
(ВИДЕО) Лука Модриќ вечерва покажа дека годините се само бројка, постигна гол од над 25 метри, вистинска „бомба“ пред очите на Газанига
-
Здравје и убавина5 часа
Овој напиток го нормализира шеќерот во крвта, еве за што станува збор