Македонија
Македонија и Кичево во XIX век, политичките и општествено-економските услови

По договорот од Берлин, Македонија која и понатаму останала во границите на Османлиската Империја сега се граничела со слободните и ново формираните соседи и држави: Грција, Бугарија и Србија.
Тие наместо да се подготвуваат за обединучки процеси од заедничките интереси, започнале безпомошна борба за сопствено проширување со освојување на туѓи (несрпски, негрчки, небугарски) територии насочено кон Македонија, притоа користејќи го ривалитетот на Австро-Унгарија и Русија за доминација на народите на Балканот. Македонија која некогаш претставувала централна провинција на османлиските европски поседи, по големата источна криза (1875-1881) станала периферна гранична провинција и објект на интерес на соседните земји.
Опаѓањето на османлиската еконимија, директно се почуствувало и во стопанскиот развиток на Македонија. Во овој период во Македонија како составен дел на Османлиската Империја, биле извршени мошне значајни економски, социјални и политички трансформации кои ги опфатиле сите слоеви од населението, а кои биле диригирани од големите сили.
Ваквите реформи довеле до понатамошно продлабочување на кризата во османлискиот општествен економски и државен систем. Дополнителен проблем кон општите состојби претставувала и економската зависност на Османлиската Империја од странскиот капитал што особено се чуствувало во внатрешноста, а најмногу во Македонија.
Ударот од ваквата состојба први го почуствувале градовите, каде што било задушено домашното занаетчиско манифактурно производство. Со влезот на готова европска фабричка стока започнало осиромашување на градовите и опаѓање на нивниот развиток.
Во тешки експлоататорски односи поради застарениот фискален систем се наоѓале и македонските села. Оние кои ја обработувале земјата преку најразлични давачки кон државата останувале со мал капитал за да можат да го продолжат процесот на некаков развиток на земјоделието. Со еде нзбор, македонското село било крајно сиромашно и безкурполозниот државен терор, диригиран од реформаторот Хилми-паша, ги уништи условите за христијаните барем за еден „Шкотски живот“
Во потрага по подобар живот многу селани прво самостојно а потоа со нивните семејства ги напуштале селата кои останувале без луѓе. Од друга страна и чифлигарите не пројавувале некој посебен интерес за стопанисување. Затоа надвор од економската експлоатација (искористеност на земјата), останувале големи необработени плодни земјоделски површини. Оттука, се добивал впечаток дека необработеното и запуштеното земјиште изгледало како во него не живееле луѓе.
Ваквата ситуација ќе ги зголеми апетитите и ќе ги засили експанзионистичките стремежи и на тогаш појавените балкански држави. Пропагандите ќе имаат доминантна улога особено по формирањето на Бугарска егзархија во 1870 година. Трите просветни и црковни пропаганди на Бугарија, Грција и Србија ќе отпочнат да водат беспоштедна борба за душите на Македонците. Тие имаа и силно разорно влијание врз Македонците и нивната бугаризација, грцизација и србизација. Тоа од своја страна придонесло на некој начин да се контролира Македонската револуционерна организација која се појави кон крајот на XIX век.
Но и покрај крајно агресивната политика на трите соседни балкански држави, македонскиот народ се повеќе стануваше свесен за својата национална индивидуалност и се повеќе сфаќаше дека слободата не може да му ја донесе некој друг туку самите тие треба да ги напуштат разликите и неединството и со сопствени сили да се изборат за својот опстанок.
Фомирањето на МРО го означи и почетокот на организираниот отпор на македонскиот народ.
Со еден збор Македонците сами си ја презедоа судбината во свои раце. Сфатија дека ако не се организираат самите Македонија ќе биде поделена меѓу соседните држави. Со МРО ќе започне процесот на создавање на револуционерно ослободителни комитети кои ќе послужат како јадро за натамошни револуционерни дејствија.
Секако дека севкупните економски и политички потреси во Османлиската Империја од крајот на XIX век и почетокот на XX век својата рефлексија ја имале во Македонија, а со тоа имала свое влијание и во Кичево и Кичевијата. Географски Кичево преставува средиште во западниот дел на Македонија. Градот и Кичевската Котлина е оградена со високи планински масиви: На исток планините Песјак и Кула, на југ Арбит, Баба Сач и Мусица, од западната страна пространите планински масиви Бистра и Стогово, а од север покрај Буковиќ се издигаат планините Корито и Добра Вода. Во неговата околина има надалеку познати манастири како по своја градба исто така познати и по фрескописот.
Кичевскиот крај е типичен пример за сложена констелација на емиграциони, имиграциони и процеси на исламизација. Имиграционите процеси најчесто се одвивале од правецот запад-исток од каде што во кичевскиот крај пристигнувале доселеници не само Македонци туку и Албанци. Карактеристично е што дел од автохтоното население за да може да се задржи на своите места и да го продолжи сопственото егзистирање го примило исламот, а еден дел од него се иселило.
Заради лошите општи и особено економски состојби во кои се нашла Империјата, а кои се чуствувале насекаде по така и во Македонија, централната власт постојано ја губела борбата за воспоставување контрола на провинциските службеници. Финансиската криза најмногу ги погодила чиновниците на Империјата кои не добивале плата и по неколку месеци.
Во слична положба се наоѓале и полицијата, жандармеријата но и командниот кадар во војската. Ваквата ситуација во која се нашла администрацијата ја принудиле на редовно коруптивни дејствија и самоволие. Секако ова не бил основниот мотив на администрацијата на нивно лично богатење. Дефетизмот на владеачката администрација во многу што се зголемил по Големата источна криза. Администрацијата ја користела позицијата која ја имала во Македонија за што повеќе да се збогати, а потоа своето богатство го префрлале кон Цариград.
Корупцијата во Македонија земала се пошироки размери, како што се слегувало подолу по чиновничката хиерархија. Секојдневно населениоето во Македонија страдало од коруптивноста и самоволието на бројните полицајци, заптии, жандарми, војници, по селата и по патиштата. На влезот на секоја клисура, на секој крстопат или превој, на мост или речен премин буквално цела Македонија била посеана со стражарници и кули кои го чувале редот во Османлиската Империја.
Иако властите вложувале огромни напори да воведат некаков ред, тие биле без некаков посериозен успех. Разбојништвата што ги вршеле вооружените муслимански пљачкачки банди заземале се поголеми размери.
Примери на такво однесување имало повеќе, но како карактеристичен пример може да се посочи фактот дека во 1895 година низ Македонија дејствувале 150 разбојнички банди, кои извршиле 4000 убиства, тешки злосторства и палење. Покрај муслиманските постоеле и христијански пљачкачки банди.
Натпис за Порта.мк
Г-дин Ѓорѓија Сајкоски
Kичево
12.04.2019
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (21 февруари)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Култура2 дена
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски
-
Македонија20 часа
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Македонија3 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети
-
Lifestyle1 ден
Храна која е ултра-обработена, но не е лоша за вашето здравје
-
Автомобили1 ден
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo