Спорт
Македонската футсал репрезентација во петок гостува против Србија, три дена подоцна ќе одиграме реванш во Скопје

Македонската футсал репрезентација во петок против Србија во Врање ќе го одигра натпреварот од третиот круг од квалификациите за Европското првенство. Три дена подоцна во С.Ц. „Јане Сандански“ ќе го одиграме возвратниот дуел со Србија.
Нашата најдобра футсал селекција освои бод на воведните два меча. Загубивме со 2:1 против БиХ на гости, а на домашен терен одигравме 2:2 против Романија.
Селекторот Васко Скендеровски за двомечот со Србија нема да смета на Даниел Де Соуса поради повреда, а неизвесни за настап се и Ранготов и Крстевски. Во конкуренција за настап се следните играчи:
Голмани: Антонио Петровски (СК Проект Цујо), Иван Стојановски (Шкупи);
Одбрана: Реџеп Сулејмани (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Орхан Ибиши (Приштина Мабетекс, Косово), Харис Омеровиќ (Арбен Бајрами);
Напад: Иван Крстевски (СК Проект Цико), Игор Леовски (Славија Прага, Чешка), Адријан Мицевски (Бетон бојс, Германија), Дарко Ранготов (СК Проект Цико), Мартин Калчевски (Велес), Петар Даиловски (Железарец), Еркан Сефери (Шкупи), Јакуп Рамадани (Арбен Бајрами), Џокица Арсовски (Стуттгартер, Германија);
– Не очекуваат два исклучително тешки натпревари против петтата најдобра селекција во светот. Хендикеп за нас е отсуството на еден од нашите најдобри играчи, Даниел Де Соуса, како и повредите на Крстевски и Ранготов. Исто така, поради Ковид протоколите тимот се комплетираше пред два дена, но се додека постојат шанси нема предавање и ќе се обидеме да направиме изненадување на овие два натпревари со што би ни се отворил патот за Европското првенство.
Како што ветив и минатиот пат, продолжува трендот на подмладување. На овој собир вклучивме тројца дебитанти за да ја почувствуваат атмосферата во националниот тим. Овие натпревари се голем притисок за Србија, освоија само бод, а беа посочени како топ фаворити во групата и можеби тука е нашата шанса за изненадување, изјави селекторот Васко Скендеровски.
Спорт
Фудбалерките на Македонија до 19 на почеток од април ќе отпатуваат на квалификациски турнир во Хрватска

Женската репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 1 до 7 април ќе учествува на квалификацискиот турнир од Б лигата (рунда 2) за пласман во А лигата на квалификации за Европско првенство. Домаќин на квалификацискиот турнир ќе биде селекцијата на Хрватска. Во групата Б5, покрај Македонија и домаќинот Хрватска, се наоѓаат и репрезентациите на Ерменија и Литванија.
Во првото коло, кое на програмата е на 1. април, нашите млади фудбалерки ќе се соочат со селекцијата на Литванија. Натпреварот ќе се одигра на стадионот Лучко, со почеток во 16:30 часот.
На 4. април, во рамките на второто коло од турнирот, Македонија ќе игра против Ерменија, со почеток во 16:30, на стадионот Лучко.
Селекторот Астрит Мерко за претстојниот квалификациски циклус се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Ведрана Комненова – Скопје
Дијана Алуши – Ас Јунајтед
ОДБРАНА:
Катерина Петкова – Истатов
Михаела Додевска – Скопје
Слаѓана Ѓоргиева – Тиверија Брера
Ива Јовановска – Љуботен
Стефанија Веселинова – Каменица Саса
Васка Василева – Каменица Саса
Ана Боризоска – Скопје
СРЕДЕН РЕД:
Ева Конева – Малта
Ива Јосифова – Тиверија Брера
Јехона Велиу – Швајцарија
Сара Дика – Ас Јунајтед
Едина Мехмети – Швајцарија
Кристина Крстева – Скопје
НАПАД:
Сара Димитриоски – Атлетико
Емили Митковска – Речица
Анастасија Илиевска – Топ Гол
Мелиса Димитриоски – Атлетико
Елена Симјонова – Љуботен
Извор: ФФМ
Спорт
Омерагиќ: „Додека сум јас претседател на ФФМ, нема да има поделби по етничка припадност во фудбалот“

Додека сум јас претседател на ФФМ нема да има поделби во фудбалот на македонци, албанци, турци, поделба по етничка припадност во фудбалот нема да има – говори првиот човек на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ, во интервјуто за ТВ21 кое премиерно ќе се емитува денес во 11:00ч, проследете го.
Спорт
Формула 1: „Ред Бул“ го испраќа Лосон во својот втор тим „Racing Bulls“

Тимот на „Ред Бул“ го испрати возачот Лиам Лосон во својот втор тим „Рејсинг Булс“ и на негово место го доведе Јапонецот Јукио Цунода, објавено е денеска на официјалната веб-страница на Формула 1.
Цунода дојде од другиот тим на „Ред Бул“ – Расинг Булс. Јапонскиот возач ќе биде нов тимски колега на актуелниот шампион Холанѓанецот Макс Верстапен во Ред Бул.
Лосон ќе вози за тимот на Рејсинг Булс со Исак Хајар од Франција. Лосон инаку го замени Мексиканецот Серхио Перез во тимот на Ред Бул пред почетокот на сезоната. Сепак, тимот на Ред Бул реши да го замени Лосон по две трки, бидејќи беа незадоволни од резултатите на возачот од Нов Зеланд на почетокот на сезоната во Ф1.
Лосон не ја заврши трката за ГН на Австралија, додека Кинеското ГП ја заврши на 12-та позиција.
– Беше тешко да се гледа Лиам како се бори со RB21 за време на првите две трки и како резултат колективно донесовме одлука да направиме промена. Во сезоната 2025 влеговме со две амбиции, да го задржиме шампионатот кај возачите и да ја освоиме титулата кај конструкторите, а ова е чисто спортска одлука – изјави директорот на Ред Бул, Кристијан Хорнер.
Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на 6-ти април за Големата награда на Јапонија.
Извор: AutoBlog.rs
-
Македонија2 дена
Љупче Спироски од Кичево избран за нов началник на „РЦ Запад“, истакнат професионалец во својата работа
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за сабота (29 март)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (28 март)
-
Магазин20 часа
„Евротип“ на вработени од Кичево, Битола, Прилеп и Кавадарци им додели награди по повод нивниот 10 годишен работен јубилеј
-
Скопје20 часа
И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје
-
Временска прогноза2 дена
Почеток на месец април ќе имаме ладно време, на планините и скијачките центри ќе имаме снег
-
Кичево1 ден
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“
-
Македонија1 ден
Викендов започнува летното сметање на времето, стрелките од часовниците се поместуваат еден час понапред