Магазин
МАЛТА – ОСТРОВ НА РАЈСКИ ПЛАЖИ: Нема да сакате да го напуштите додека не го прошетате целиот (ФОТО)

Огномети, шарени врати, прекрасни зајдисонца и расположени луѓе. Ова се првите работи што ми доаѓаат на памет кога ќе ја споменам Малта. Иако однадвор изгледа студено и еднолично, кога ќе стапнете на нејзината почва ќе се запознаете со една разновидна и богата култура, песочни плажи и необична архитектура.
Ако до пред некоја година Малта ни се чинеше како некое далечно, непознато островче, кое веројатно никогаш нема да го посетиме, сега работите се сменија. Туристичките агенции веќе го ставаат овој медитерански бисер во својата понуда, а Малта одамна е многу популарна и за Македонците кои бараат работа во странство. Денес речиси е невозможно да не познавате некој што заминал на Малта во потрага по подобар живот.
Без разлика дали имате некој познат или не, препорачуваме да го посетите овој остров, кој има да понуди многу интересни работи. Пред да заминам таму можеби малку се преценив себеси, а го потценив островот мислејќи дека 10 дена ќе ми бидат доволни да го прошетам целиот, со оглед на тоа што се простира на површина од само 316 квадратни километри, односно 80 пати е помал од Македонија. Сепак, се вратив дома со многу недоистражени работи и места кои немав време да ги посетам.
Огномети, шарени врати, прекрасни зајдисонца и расположени луѓе
Ова се првите работи што ми доаѓаат на памет кога ќе ја споменам Малта. Секојдневно, од рано наутро, на Малта се слушаат огномети во кој било дел од островот. Ова го забележав имајќи предвид дека престојував во три различни града. Малта има долга традиција со огномети, а во текот на годината се приредуваат спектакуларни огномети синхронизирани со музика. Огнометот на Малта има долга традиција уште од времето витешкиот ред на свети Јован. Огнометот се палел како израз на радост. Оваа традиција сè уште е жива во преполниот календар на таканаречените фести, кои се одржуваат низ цела Малта.
За ведриот дух на Малтежаните зборува и шаренилото на вратите и на прозорците на речиси секоја куќа, на клупите во парковите, на чамците на рибарите. Сè е шарено.
Интересно за овој мал остров е тоа што сè е блиску, а толку далеку. Малта е со површина од 316 квадратни километри, но за да стигнете од една до друга точка со автобус ќе се изнавозите. Улиците се тесни и еднонасочни, па се случува да се возите со автобус во еден правец неколку километри, да застане на станица и повторно да се враќате по истиот пат уште неколку минути во спротивен правец.
Можеби отпрвин ќе ви изгледа збунувачки и тоа што се вози по левата страна, па од прва нема да ви текнува од која страна треба да чекате автобус. Јавниот превоз функционира совршено и воопшто не е тешко да се снајдете. На секоја автобуска постојка има знак со нејзиното име, а во сите автобуси има гласовно потсетување на која автобуска постојка ѝ се приближувате.
Единствена забелешка е тоа што автобусот може да не ви застане доколку не му кренете рака, иако ве гледа дека сте на автобуска постојка. Но возењето по тесните улички со кривини секако е авантуристички и незаборавно. Во летната туристичка сезона еднонеделна карта за возење чини 12 евра, додека останатиот дел од годината е поевтино.
Ако сакате да видите што повеќе од тоа што го нуди Малта, мора да бидете подготвени за поминување многу часови во автобус, во автомобил или, пак, во друго превозно средство.
Што се однесува до јазичната бариера, на островот може многу лесно да се снајдете затоа што голем процент од жителите зборуваат англиски, а 95 проценти од населението го сочинуваат Малтежани.
Она што мене ми беше необично е тоа што Малта е рамна како плоча: без планини, шуми и со по некој рид. Овој остров е идеален да се посети во текот на целата година затоа што според „Интернешнл ливинг“ Малта ја има најдобрата клима во светот. Просечната температура во текот на годината е 23 степени преку ден и 16 степени навечер. Во најстудениот месец јануари температурата се движи од 12 до 20 степени, а во најтоплиот месец август просечната температура е 34 степени. Освен тоа, летната сезона на Малта трае осум месеци – од средината на април до крајот на ноември.
Малта ја сочинуваат уште два многу помали острови, Гозо и Комино. Дотаму се стигнува со брод или со траект од гратчето Киркева. На Комино се наоѓа рајската плажа „Блу лагун“ до која се стигнува со бротчиња. Повратна карта чини пет евра, се стигнува за 20-ина минути, а таму ќе ве пречека тиркизно, проѕирно и топло море. Единствен недостаток е малата плажа и метежот, па наместо на лежалка ќе се сончате на карпа.
Гозо е приказна за себе. Таму со траект од Киркева се стигнува исто така за 20-ина минути. Повратна карта е четири евра. На Гозо како времето да застанало, со стари автентични градби, но куќи што чинат по стотици илјади евра. Токму на ова минијатурно островче се снимаше и популарната серија „Игра на тронови“.
Како град кој ми остави најголем впечаток на Малта е Мдина, или градот на тишината. Тесни, претесни улички, тврдина во која не се дозволени автомобили и во која со знаци ве предупредуваат да молчите за да не ги вознемирувате жителите. А таму, како што ни кажаа Малтежани, живеат најбогатите.
Главниот град Валета со само 7.650 жители е мало, топло гратче, преполно со туристи и со позитивен дух. Прошетка низ центарот со вовче, кој е мозаик од неколку тесни улички, од половина час чини пет евра. И во главниот град преовладуваат стари згради, шарени прозорци и врати и многу, многу катедрали. На површина од само неколку стотици метри, Валета има повеќе од 20 цркви и катедрали.
Под улиците на Валета се крие еден необичен витешки музеј, чии ходници ќе ве одведат неколку метри под земјата. Во Музејот на витешкиот ред болничари, неколку метри под земја се наоѓала психијатриска болница во која има морничави восочни фигури, тесни подземни ходници и минијатурни ќелии со решетки.
Интересно и необично е и работното време на Малта. Повеќето продавници на островот се отворени од 8 и 30 до 13 и 30 часот. По пауза од неколку часа, трговците отвораат во 16 и 15 часот и работат само до 19 часот.
Не се мислите да ја ставите Малта на вашата листа на места што мора да ги посетите. Однадвор изгледа досадно и еднолично, но во внатрешноста кога ќе стапнете на нејзината почва Малта дефинитивно има што да понуди: од песочни плажи, прекрасни зајдисонца, медитеранска клима до уникатни ресторани и ноќни клубови, базени, замоци…
Извор: Телеграф.MK
Lifestyle
Еве колку кафе можете да пиете на ден: „Ниту една шолја повеќе“

Кофеинот влијае на зголемениот пулс и крвниот притисок, а со тоа и на крвните садови и работата на срцето.
Големите количини на кафе, т.е., кофеин во подолг временски период неизбежно доведуваат до потенцијални срцеви проблеми и нарушувања.
Научното истражување на д-р Ненси Кагатар наведува дека редовното пиење повеќе од четири шолји кафе дневно може да го зголеми ризикот од фатални срцеви заболувања.
„Поради неговото влијание врз автономниот нервен систем, секојдневното консумирање кофеин може да ги стави инаку здравите поединци на ризик од хипертензија и други кардиоваскуларни проблеми“, рече авторката на студијата, д-р Ненси Кагатар.
Таа и тим од индиски научници дошле до овие заклучоци проучувајќи 92 луѓе со здрави срца.
Тие ги тестираа отчукувањата на срцето и крвниот притисок на секој поединец пред и по извршувањето на триминутната кардио вежба и забележаа демографија и употреба на кофеин, вклучително и дали испитаниците вообичаено пиеле кафе, чај или безалкохолни пијалоци.
Речиси 20 проценти од учесниците консумирале повеќе од 400 милиграми кофеин секој ден, што е еквивалент на два енергетски пијалоци, околу девет шолји црн чај или 11 кока кола.
Луѓето кои консумирале повеќе од 400 милиграми кофеин дневно имале значително поголема веројатност да имаат покачен крвен притисок и пулс дури и после вежбање.
„Зголемувањето на свеста за ризиците е клучно за подобрување на здравјето на срцето за секого“, вели Кагатара.
Големи количини на кофеин консумирале жени од урбани средини кои работеле во деловно опкружување.
Накратко, висок крвен притисок е безопасен, но постојаниот висок притисок ги оптоварува крвните садови и срцевите мускули.
Ова може да доведе до срцев удар, мозочен удар, проблеми со бубрезите, васкуларна деменција и проблеми со очите.
Хронично високиот пулс може да предизвика слични компликации.
Кофеинот е најкористената „дрога“ во светот. Работи со привремено блокирање на рецепторите во мозокот кои го регулираат спиењето, меморијата, вниманието и учењето, што го зголемува протокот на кислород во мозокот, го забрзува отчукувањата на срцето и ја подобрува концентрацијата, што заедно може да ви помогне да се чувствувате повнимателно.
Постарите истражувања ја поддржуваат идејата дека умереното консумирање на пијалоци со кофеин не е штетно и дека пиењето мала количина чај дневно помага за здравјето на цревата и го намалува ризикот од срцеви заболувања.
Некои истражувања исто така сугерираат дека консумирањето умерено количество кафе дневно може да им помогне на луѓето кои работат во канцеларии да живеат подолго.
Како заклучок, како и во случајот со енергетските пијалоци со висок процент на кофеин и шеќер, прекумерната употреба на кофеин во подолг временски период, во зависност од општата здравствена состојба на поединецот, може негативно да влијае на кардиоваскуларниот систем и здравјето на срцето.
Всушност, пиењето повеќе од 5.000 mg кофеин може да биде фатално, според Центарот за зависност и ментално здравје.
Извор: B92
Lifestyle
Најевтиниот трик за чистење на патики: Блескаат како нови со состојки што веќе ги имате дома

Ако мислите дека вашите омилени патики веќе нема спас, дајте им уште една шанса. Со едноставна домашна паста направена од само две состојки кои сигурно ги имате во кујната, нивниот бел ѓон ќе заблеска како нов. Белиот раб на патиката е онаа ситница што прави огромна разлика во изгледот, а решението не бара скапи препарати или професионално чистење.
Повеќето луѓе при чистење се фокусираат на платното или кожата, но вистинската борба се води на белиот гумен раб. Тој најбрзо се валка и најтешко се враќа во првобитната состојба. Токму затоа, комбинацијата од сода бикарбона и оцет е совршена за таа задача. Оваа природна паста создава лесна пенеста маса што ја разградува маснотијата, ги отстранува црните дамки и ја враќа белината, без потреба од силно триење и без хемикалии.
Потребни состојки:
• Алкохолен оцет
• Вода
• Сода бикарбона (додавајте додека не добиете густа паста)
• Стара четка за заби или мала четка
• Мека ткаенина или хартиени крпи
Постапка за чистење:
-
Во мал сад измешајте оцет и вода во сооднос 1:1 (на пример 50 мл оцет + 50 мл вода).
-
Додадете сода бикарбона постепено. Смесата ќе почне да се пени, но тоа е нормално и природно.
-
Продолжете со мешање додека не добиете густа, мазна паста (налик паста за заби).
-
Потопете ја четката и нежно тријте го белиот раб на патиките со кружни движења.
-
Оставете ја пастата да делува 5 минути ако имате време.
-
Избришете со влажна крпа и оставете ги патиките да се исушат природно.
Дополнителни совети за беспрекорни патики:
Ако нечистотијата е тврдоглава, направете ја пастата погуста и исчистете ја малку поцврсто, но нежно.
За почувствителни материјали (како мрежа), намалете ја количината на оцет — повеќе вода, помалку киселина.
Можете да го повторите процесот неколку недели за да ги одржувате вашите стапала секогаш чисти и вашиот стил полиран.
Извор: Nova
Lifestyle
Природно до најубави велигденски јајца: Четири методи за црвено бојадисување без хемикалии

Васирањето велигденски јајца е еден од најубавите, најстари и најрадосни обичаи поврзани со Велигден во Македонија. Иако денес се користат најразлични бои и техники, традиционалната црвена боја сè уште има посебно значење – симболизира крвта на Христос и новиот живот.
Многу од комерцијалните бои што се продаваат низ маркетите содржат вештачки состојки и хемикалии. Но ако сакате природен пристап, постојат неколку едноставни, достапни и безбедни методи со кои можете да добиете прекрасни црвени нијанси – користејќи состојки кои веќе ги имате дома.
1. Сок од цреша или вишна
Овој метод дава интензивна, длабока црвена боја. Наместо вода, користете природен сок од цреша или вишна.
• Ставете ги јајцата во тенџере
• Прелијте ги со сокот
• Додадете 1 лажичка сол и 1 лажица оцет
• Варете ги 10–15 минути на тивок оган
• Оставете ги да отстојат во течноста за поинтензивна боја
Совет: Колку подолго стојат во сокот, толку потемна ќе биде нијансата.
2. Мелена слатка пиперка
Малку поекспериментален, но мошне интересен метод кој резултира со топла црвено-оранжева нијанса.
• Во еден литар вода додадете:
– 4 лажици слатка меленa пиперка
– 1 лажичка сол
– 1 лажица оцет
• Промешајте, па додадете ги јајцата
• Варете ги на средна температура
Важно: Користете слатка, а не лута пиперка – за да не навлезе вкусот во јајцата.
3. Лушпи од кромид
Најпознатиот и најчесто користен природен метод во македонските домаќинства.
• Соберете голема количина црвени или виолетови лушпи од кромид
• Ставете ги во тенџере со вода
• Додадете неколку јајца, 1 лажичка сол и оцет
• По желба, додадете и неколку кришки цвекло за побогата боја
• Варете 15–20 минути
• Оставете ги да се изладат во водата
Кога ќе се исушат, премачкајте ги со малку масло за сјај и дополнителна заштита.
4. Чај од хибискус
Ако сакате нешто поелегантно, пробајте со чај од хибискус – дава уникатна виолетово-црвена нијанса.
• Направете силен чај од хибискус (3–4 вреќички на половина литар врела вода)
• Додадете 1 лажица оцет
• Натопете ги варените јајца во чајот – неколку часа или преку ноќ
• За порамномерна боја, свртете ги неколкупати
Овој метод е совршен за оние кои сакаат суптилност и природен сјај.
Заклучок
Не мора да користите индустриски бои за да имате убави и впечатливи велигденски јајца. Природните методи не само што се побезбедни, туку носат и автентичен, традиционален дух во домот. А и се вистинско задоволство кога знаете дека сè сте направиле со свои раце, со малку труд и многу љубов.
Среќни празници и нека вашето велигденско јајце биде најцрвено од сите!
Извор: Novosti
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (10 април)
-
Кичево19 часа
Кичевчани во сабота со протест ќе бараат решение за дивата депонија зад кичевски „Комуналец“ која шири смрдеа повеќе од 3 години
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за петок (11 април)
-
Кичево2 дена
Се спрема најрадосната Лазарева Сабота во Кичево, утре е Втората проба за манифестацијата
-
Хроника6 часа
(ВИДЕО) Извршниот директор на Сименс со семејството загина во хеликоптерска несреќа во САД
-
Дом и уредување1 ден
Дали имате мувла во домот? Овие три секојдневни навики можат да бидат причината
-
Lifestyle1 ден
Без хемикалии и бои: Како природно да добиете виолетови велигденски јајца
-
Магазин1 ден
Дали полнењето на телефонот до 100% ја уништува батеријата? Еве што велат експертите