Lifestyle
Мислите на едно двегодишно дете

Американскиот писател и комичар Џејсон Гуд следејќи го својот 2 годишен син, се обидел да сфати за што тој размислува. Прочитајте што сè е „врзано” во главата на едно две годишно детенце.
Сакам да си играм со на тато телефонот! Сакам да ги облечам на мама чевлите. Соблечете ги мамините чевли! Сакам да го отварам и затворам термосот. Сакам да го уклучувам и исклучувам светлото на микробрановата печка. Дали тука има уште некој со чиј телефон не сум си играл? Морам да притискам некои копчињаааа!
Сакам да ја подигнам мачката држејќи ја за врат. Сакам да ги фрлам сите четки за заби во мијалникот. Ужас, гладен сум! Мразам овошје! Сакам да станам од столицата. Сакам да си играм со iPad-от. Сакам надвор. Би ги соблекол панталоните. Не ми се допаѓа маицата која ја носам.
Сакам да си играм со телефонот на мама, морам да притискам некои копчиња!!!
Жеден сум! Не, сепак не е тоа. Супер, тетрапак сок. Сега ќе го притиснам и ќе се полијам. Каде е тато? Каде е мачката? Каде е мама? Мама си отиде засекогаш. Ух, еве ја мама. Сакам да си играм со нејзиниот телефон.
Повторно сум гладен. Нема врска. Соблечете ми ги овие панталони. Не ми ги соблекувајте панталоните. Умирам од глад. Сакам грав, но не знам како да кажам. Конечно грав. Сакам да ги фрлам зрната грав. Зошто овие панталони се сè уште на мене? Ох, некој дојде. Се прашувам дали има телефон.
Уморен сум. Не сум уморен. Сакам да се шетам, но не сакам да излегувам надвор. Не, не сакам да останам внатре. Одма мора да притиснам некое копче. Мразам пелени. Ме чеша окото. Оооо дали е тоа мојот прст? Престанете да се обидувате да ми ги соблечете панталоните! Ги мразам овие панталони.
Уморен сум. Престанете да ме прашувате дали сум уморен. Каде е онаа играчка која вели: Бииип! Сакам да се капам облечен. Пуштете ја мојата омилена песна. Каде е мачката? Што се случува со мојата маица? Дали се слушна куче што лае? Не се обидувајте да ми ја соблечете маицата!
Сакам да го видам кучето. Не, не надвор. Сакам да го видам кучето дома. Дали мојот пенис е сè уште тука? Добро е. Ми се мочка. Досадно ми е.
Одиме од почеток.
Lifestyle
Скокањето со јаже – едноставна навика што го продолжува животот

Скокањето со јаже е омилена детска активност, но експертите препорачуваат да ја вратиме во секојдневниот живот поради нејзините бројни здравствени придобивки. Според познатиот олимписки тренер за спринт, Стјуарт Мекмилан, оваа едноставна вежба може да биде дури и поефикасна од џогирањето.
Зошто скокањето со јаже е толку корисно?
Мекмилан, кој има тренирано повеќе од 70 олимпијци, објаснува дека прескокнувањето е совршена комбинација на аеробни и плиометриски вежби – експлозивни скокови кои развиваат брзина, координација и сила.
Во подкастот The Huberman Lab, тој ги истакна главните придобивки:
-
Зајакнување на срцето и белите дробови
-
Подобрување на координацијата и мозочната функција
-
Јакнење на мускулите и сврзното ткиво
-
Намалено оптоварување на зглобовите во споредба со интензивните вежби
„Следниот пат кога ќе трчате, пробајте да менувате – трчајте 30 секунди, а потоа прескокнувајте со јаже. Ќе почувствувате разлика веднаш“, вели Мекмилан.
Позитивно влијание врз држењето на телото
Д-р Ендрју Хуберман, водител на подкастот, ја сподели својата лична искуство: „Се чувствував фантастично! Моите колкови беа опуштени, држењето ми беше совршено, дури ми се чинеше дека сум повисок за еден инч.“
Научни докази за здравствените придобивки
Истражувањата, вклучително и студија од 2010 година, покажуваат дека динамичните вежби како скокањето со јаже го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и го подобруваат квалитетот на животот во подоцнежните години. Дополнително, оваа активност создава помало оптоварување на зглобовите во споредба со други интензивни тренинзи, што ја намалува можноста за повреди.
Само 10 минути дневно се доволни
Мекмилан препорачува скокањето со јаже дури и како побезбедна алтернатива за спринт, бидејќи помага во зачувување на брзината и експлозивноста што природно ја губиме со возраста. Според него, само 10 минути дневно се доволни за да ги активирате мускулите одговорни за брзи реакции и стабилност.
Извор: Index
Lifestyle
Како да заштедите на сметките за вода: 7 едноставни совети од експерти
Lifestyle
Како поместувањето на часовникот може да го подобри вашето здравје и расположение

Секоја година, кога ги поместуваме часовниците за еден час напред, се покренува истата дебата – дали оваа промена носи корист или само предизвикува замор и конфузија?
Иако многумина се жалат на недостаток на сон и потешки утра, ретко се зборува за позитивните аспекти на ова прилагодување. Летното сметање на времето носи бројни придобивки за здравјето, продуктивноста и расположението.
Повеќе дневна светлина значи подобар квалитет на живот
Подолгите денови овозможуваат повеќе време во природна светлина, што има позитивен ефект врз телото. Сончевата светлина го стимулира производството на серотонин – хормон кој го подобрува расположението и го намалува стресот. Помалку време под вештачко осветлување придонесува и за подобро здравје на очите.
Подобрен деноноќен ритам и полесно будење
Иако во првите неколку дена будењето може да биде потешко, со текот на времето, деноноќниот ритам станува подобро усогласен со природната светлина. Утрото станува посветло порано, што овозможува поприродно будење со изгрејсонцето, наместо со аларм во темнина. Ова ја намалува утринската поспаност и ја подобрува концентрацијата во текот на денот.
Помал ризик од сезонска депресија
Сезонското афективно растројство (SAD) е поврзано со недостаток на сончева светлина, а поместувањето на часовниците овозможува подолга изложеност на дневна светлина, што може да помогне во борбата против сезонската депресија. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои поминуваат повеќе време на сонце имаат постабилно расположение и повеќе енергија.
Повеќе физичка активност
Подолгите денови го поттикнуваат активниот начин на живот. Дополнителниот час на светлина често се користи за вечерни прошетки, возење велосипед или други активности на отворено. Ова позитивно влијае на физичкото здравје и целокупната кондиција.
Подобрена продуктивност и мотивација
Посветлите денови имаат позитивно влијание врз работната ефикасност. Повеќе сончева светлина во текот на денот го намалува заморот, го подобрува фокусот и го зголемува чувството на задоволство од работата. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои работат во простории со многу природна светлина имаат повисоки нивоа на енергија и помала потреба од попладневни дремки или вишок кафе.
Подобро регулирање на спиењето
Иако менувањето на часовникот може привремено да го наруши ритамот на спиење, телото со тек на време се прилагодува и тоа може да доведе до подобар ноќен одмор. Изложеноста на природна светлина во текот на денот придонесува за подобра регулација на сонот и подобро општо здравје.
Извор: Dnevnik
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт2 дена
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Временска прогноза9 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Македонија15 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија18 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Временска прогноза2 дена
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците