Кичево
Во Кичево: Сите музичари на едно место! Реализирана втора по ред „Музичка Вечер“

Вчера на 18.02.2018 во Ресторан „Кај Кумот“ се реализираше „Музичка Вечер“ или музички собир на сите музиканти од Кичево, благодарение на ангажираноста и организацијата на Даниел, Стефан и Мирослав (Мики) изгледаше се прекрасно и средено. Меѓу постарите можеше да се забележат и доста присутни како Вујче Мице, Добривој Ламо, Веле Џандар, Саве и останатите, а беа спомнати и вистинските легенди Војо Стојаноски и сите доајени на Македонската песна кои се наши Кичевчани, и секако најмладите наши промотори и вистински арбитри, Спасен Сиљаноски, членовите на НОТА Бенд, Весела дружина, Бели Мугри, Харизма и останатите..
Организаторите му дадоа говор на најстариот присутен Добривој да го каже датумот за следна година и се одлучи да биде 7 дена пред „Прочка“ исто така во Неделa, и да биде ден кој ќе остане традиција за понатамошни организации со цел помасовно присуство на останатите музичари кои не беа присутни..
Главни ликови секако беа луѓето кои не забавуваа на чело со Чема од Кавадарци (дувачки инструменти), заедно со тројцата виртуози на виолина, хармоника и сајзер.
Фотографии преку нашиот Порта објектив…
Кичево
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“

Секоја година, на 8-ми март, целиот свет го слави „Меѓународниот Ден на жената“. Еден вид признание и чест за фундаменталната улога на жената во општеството.
За време на овој посебен ден, изразувајќи благодарност и љубов, но и почит речиси сите подаруваат цвеќиња како вообичаен и значаен гест. Како препорака, ви ги презентираме најубавите цвеќиња кои денес пристигнаа кај нашите партнери „АТВА Маркети“.
Изберете го најубавото цвеќе и изненадете ги најблиските!
„АТВА Маркет“ на добро познатите локации ширум град Кичево, подари цвеќе за среќа!
Кичево
Следните кичевски улици и села утре и во вторник ќе имаат прекин во електрична енергија поради работа на „ЕВН КЕЦ Кичево“

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 03.03 – понеделник и 04.03 – вторник, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следниве локации од град Кичево:
Вид на прекин | Нас.место | Локација | Почеток | Крај |
---|---|---|---|---|
Планиран прекин | КИЧЕВО | С. СРБЈАНИ,С. КАРБУНИЦА, РЕПЕТИТОРИ ЦОЦАН. | 03.03.2025 09.10 | 03.03.2025 12.00 |
Планиран прекин | КИЧЕВО | БУЛЕВАР ИЛИНДЕН, КАЈ СТАРИОТ ОБЈЕКТ НА ТАНЕ ЦАЛЕСКИ | 04.03.2025 09.00 | 04.03.2025 13.30 |
Планиран прекин | КИЧЕВО | УЛ. ЗАГОРЈЕ,УЛ. СКОПСКА, УЛ. ИСЕИН АКИОСКИ, УЛ. ПРИЛЕПСКА, НАСЕЛБА БИЧИНЦИ . | 04.03.2025 09.20 | 04.03.2025 12.30 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Кичево
Важно сообраќајно инфо за делница кај кичевските села Србјани-Другово, на пат Кичево-Охрид

ГД Гранит АД Скопје известува за започнување со изведба на градежни работи од 03.03.2025 година на делот на кружниот тек кој е лоциран на крстосницата помеѓу Магистрален пат А2 делница Кичево-Охрид, со пат за с. Србјани и почетокот на с. Другово.
– Се препорачува внимателно возење на тој дел од сообраќајот и да се почитува времената измена на режимот на сообраќајот на крстосницата.
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (4 март)
-
Македонија2 дена
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за среда (5 март)
-
Македонија2 дена
Фрапантни податоци на сообраќајни прекршоци за месец февруари
-
Магазин2 дена
Итно известување од Google: Ова е рокот кога ќе исчезнат многу сметки и фотографии – зачувајте ги вашите податоци!
-
Култура1 ден
Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието
-
Lifestyle6 часа
Со „Минт Травел (ЈК Травел)“ вашето совршено „Лето 2025“ на неверојатни 10 рати без Камата!