Спорт
На „Австралија Опен“ ќе биде дозволено до 30,000 гледачи на тениските натпревари дневно

На претстојниот Австралија опен во Мелбурн, организаторите ќе дозволат 30,000 гледачи да ги следат тениските натпревари дневно, изјави министерот за спорт на државата Викторија, г-дин Мартин Пакула.
Овој број на гледачи ќе биде подеднакво поделен на дневни и вечерни натпревари, објави Би-Би-Си.
– „Повеќе од 14 дена ќе имаме вкупно повеќе од 390.000 посетители на паркот Мелбурн, односно 50 проценти од просечниот број на гледачи во претходните неколку години“, рече Мартин Пакула.
Откако поминаа 14 дена во карантин, околу 1.700 играчи кои пристигнаа во Мелбурн полека почнуваат да ги напуштаат хотелските соби и да се подготвуваат за почетокот на Австралија опен, првиот грен слем турнир во оваа година.
Спорт
Андов го истакна списокот со фудбалерки за дуелите со Летонија и Косово во рамки на Лигата на нации за пласман на СП 2027

Женската А репрезентација на Македонија на почетокот на април ќе одигра два натпревари против Летонија и Косово во рамките на продолжението од Лигата на нации за пласман на СП. 2027. На 4. април, со почеток во 15. часот ја пречекуваме селекцијата на Летонија.Четири дена подоцна во Приштина играме против Косово, со почеток во 14.часот.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Александар Андов за дуелите со Летонија и Косово, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Евгенија Велјановска – Скопје 2014
Викторија Панчурува – Тиверија Брера
Кристина Павлоска – Раднички Крагуевац, Србија
ОДБРАНА:
Сара Коларовска – Скопје 2014
Ане Бошеска – Тиверија Брера
Павлинка Николовска – Тиверија Брера
Мила Панева – Скопје 2014
Лимани Ихмете – Германија
Викторија Недева – Тиверија Брера
Елена Панеска – Олимпија, Словенија
Бојана Петкова – Полска
СРЕДЕН РЕД:
Маријана Нацева – Дортмунд, Германија
Теона Голабовска – Тиверија Брера
Хава Мустафа – Љуботен
Александра Марковска – Љуботен
Симона Мајер – Израел
Ленче Андрееска – Турција
Рабија Дервиши – Скопје 2014
Наташа Андонова – Мадрид, Шпанија
НАПАД:
Јилза Максути – Турција
Гентијана Рочи – Финска
Меланија Грозданова – Истатов
Јована Павловска – Полска
Во воведното коло на групата 6 од сегментот Ц, Македонија беше поразена од Косово на домашен терен со 4:0, известуваат од ФФМ.
Спорт
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.
Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.
ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат.
„За вакви нелуѓе нема место во фудбалот“
Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.
ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок.
Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство, велат од ФФМ.
Спорт
Воска поуспешна во Гостивар, Струга ТЛ и Силекс ремизираа, комплетирано 25-то коло од првата македонска фудбалска лига

Комплетирано 25-тото коло на првата македонска фудбалска лига. Резултатите се следни:
Пелистер – Вардар 1:3 стрелци: Керим 10, Закириќ 20 (пенал), Мато 75 и 82 минута – овој меч беше одигран на 29-ти март
Гостивар – Воска 0:2 стрелци: Виноградац 30, Осеи 83 минута.
Шкендија – АП Брера 2:1 стрелци: Ибраими 9 и 61, Ндсегуе 54 (пенал)
Силекс – Тиквеш 1:1 стрелци: Додев 35, Мишов 31 минута
Работнички – Беса 1:0 стрелци: Рушевиќ 55 (пенал)
Струга ТЛ – Шкупи 0:0
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт2 дена
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Временска прогноза10 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Македонија16 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Македонија19 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Временска прогноза2 дена
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците