Кичево
Над триесет села без струја во кичевско-бродскиот регион

Интензивните врнежи од снег во изминатите два дена им создадоа многу проблеми на жителите во кичевско-бродскиот регион. Поради снегот и гранките кои се надвиснаа на нисконапонската мрежа, триесетина села во регионот се уште се без струја, а патиштата не се проодни до дваесетина села.
– Проблемите кој се создадоа по интензивните врнежи од снег, се уште се присутни во нашиот регион. Така, поради паднати електрични столбови и скинати електрични водови, без електрично напојување се селата Челопеци, Цер, Црско, Староец, Карбуница, Зајас, Вранештица, Лавчани, Јагол, Јагол Доленци, Атишта, Малкоец, Душогубица, Иванчишта, Ехловец и сите села во Рабетинска Река. Екипи на ЕВН се на терен, но поради многуте дефекти кои се појавија по овие снегови, тие тешко можат да се отстранат за толку кратко време. Покрај проблемите со електричното напојување патиштата се уште не се проодни до селата Малкоец, Душогубица, Иванчишта, Карбуница, Кнежино, Патеец, Рабетино Дупјани и Козичино. Екипи на Јавното комунално претпријатие и задолжени за одржување на патиштата во зимски услови се наоѓаат на терен, и се очекува наскоро сите патишта во општината да бидат проодни -информираа од Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Кичево.
Со слични проблеми се соочува и Бродскиот регион, така што во моментов без струја се наоѓаат сите села по течението на реката Треска, односно Рамне, Заград, Воче, Лупште, Растеш, Близанско, Г.и Д. Манастирец и други. Истиот проблем со патиштата го следи и овој регион.
– Во нашиот регион веќе 42 часа немаме електрично напојување. Се уште екипи на ЕВН не се пристигнати и не знаеме кога ќе ги отстранат овие дефекти. Најлошо е што храната ставена во фрижидер, поради немање на струја почна да се расипува – рече Митко Никодиноски од село Рамне.
Жител на селото Зркле не информира дека под селото има паднато електричен столб од ниско напонскатамрежа кој дополнително треба да се санира и селото дури потоа да добие електрична струја. Инаку, жителите од овој регион се жалат дека електричните столбови се стари повеќе од 50 години и поради тоа полесно се кршат и паѓаат.
– Безмалку два дена нашето село е без електрична струја а патот е непрооден единствено со теренско возило. Под селото има скршено електричен столб и не знаеме кога екипи на ЕВН ќе дојдат и ќе го одстранат овој дефект – рече Пеце Трајкоски од село Зркле.
Извор: Зоран Антоски / Нова Македонија
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Дечињата од Кичево за радоста од Лазаревото Воскресение

Радоста од Лазаревото Воскресение во Кичево, предвесник и предвкус на најголемата радост на Христовото Воскресение преку прекрасните фотографии низ објективот на нашиот соработник Јове Ангелески
Кичево
Кичевчани во сабота со протест ќе бараат решение за дивата депонија зад кичевски „Комуналец“ која шири смрдеа повеќе од 3 години

Група граѓани од Кичево на социјалните мрежи повикаа на мирен протест поради дивата депонија настаната зад кичевското ЈП „Комуналец“ (стариот објект на Магистралниот пат).
Како што ја известија јавноста преку нивната социјална мрежа на фејсбук која собра рекордни 600 следбеници за нешто помалце од 24 часа – протестот нема никаква политичка поврзаност и се оградува од секакво политичко поврзување, истиот е исклучиво со цел граѓаните да добијат она што заслужуваат, здрава животна средина која е гарантирана со закон.
Во своето интегрално соопшетение исто така наведуваат дека доколку надлежните не пристапат кон решавање на проблемот, протестите ќе бидат честа појава, со цел свртување внимание за она што треба.
Протестот според исказот во јавноста групата граѓани ќе го одржат во сабота на 12.04.2025 г. со почеток од 13:00ч со збирно место во непосредна близина, односно кај новата зграда на Општина Кичево, влез/рампа пред самото паркинг место.
– Инаку да потсетиме пред 8 месеци во дивата депонија избувна пожар кој целосно го пеплоса локалитетот каде што беше одлаган сметот, исфрлајќи токсичен чад кој се распространи над половина град, додека припадниците на ТППЕ Кичево, завршија во Општата Болница во Кичево вдишувајќи чад, санирајќи ги пламените јазици (линк до известувањето ТУКА)
– Во прилогот од ИРЛ известија дека Државниот инспекторат за животна средина му даде рок до крајот на месец февруари 2024-та година на ЈП „Комуналец“ Кичево да ја исчисти локацијата, која без никаква институционална одлука стана диво одлагалиште на отпад, но се чини година и два месеци нема ништо од тоа.
Известуваа и колегите од ТВ21 уште во 2022-та година на 28 август, но се чини и тоа беше без успех.
Да се надеваме дека конечно ќе се изнајде решение и веќе „привремената“ дива депонија кои некои ја бележат дека е повеќе од 5 години која и градоначалникот ја призна за „нелегална“ во свое интервју за ИРЛ – ќе стане конечно минато. #ЕденВоздух #СитеСмеЗасегнати
Кичево
Се спрема најрадосната Лазарева Сабота во Кичево, утре е Втората проба за манифестацијата

Со голема радост споделуваме дел од атмосферата на Првата проба по повод свечената празнична Поворка за празникот на Лазаревото Воскресение (Лазарева Сабота, 12.04.2025г.).
Воедно, и ве повикуваме, што побројни, сите кои сакаат да земат учество во свечената Поворка, во Четврток на 10ти Април, во 18:30ч. во просториите на Црквата ,,Свв. апостоли Петар и Павле” да ги испееме најрадосните Каланди кои ни го навестуваат Воксресението Христово и да ги оцелосиме подготовките за Лазаревата Сабота.
🗓10.04.2025г. – ⏰️18.30ч во просториите на Црквата ,,Свв. апостоли Петар и Павле” – Кичево – Втора проба.
Ве очекуваме, истакнаа од Хорот Митрополит Козма Пречистански
Линк до објавата ТУКА
-
Македонија2 дена
Во Кичево во текот на вчерашниот ден најмногу изречени казни за возачи кои возеле побрзо
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (15 април)
-
Временска прогноза2 дена
Според најновото метео ажурирање следува доста нестабилно време, ова се информациите
-
Македонија17 часа
Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, приведоа 13 албански државјани кои немале дозвола за работа
-
Македонија2 дена
Лишени од слобода седум возачи на територија на СВР Тетово поради пребрзо возење, регистрирана брзина и од 193 км/час
-
Македонија18 часа
По 5 месеци денес промена на цената од авто-плинот на бензинските станици
-
Технологија1 ден
Поради царината на Америка ултра популарната конзола ја менува цената
-
Спорт1 ден
Младата женска репрезентација на Македонија во фудбал до 16 години ја победи Бугарија во пенал рулетот, избраничките на Милеска со тоа остварија прва победа!