Скопје
Најавени прекини на електрична енергија во скопскиот регион, потточно во дел од Сарај и улица во Драчево

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес на ден 12.03.2021 година – петок, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните локации:
Скопје КЕЦ Аеродром
ДРАЧЕВО: Ул.Ниџе Планина. (од 08:30 до 14:30 часот)
Скопје КЕЦ Ѓорче Петров
САРАЈ: Дел од с.Сарај кон клучка Матка, Објекти Исљам Абази, Адем Иљаз, бензиска пумпа Сарај, Драце Сарај и пумпа кривина. (од 09:30 до 10:30 часот)
Извор: Струја
Скопје
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците

На 31.03.2025 полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје, затоа што со патничко возило “ауди” со скопски регистарски таблички на 28.03.2025 се движел по тротоар и по зелена површина на бул. “Гоце Делчев” на Бит Пазар во Скопје и со тоа ја загрозил безбедноста на пешаците.
Снимка од настанот беше споделена и на социјалните мрежи. Против Л.М. се поднесени соодветни поднесоци.
Скопје
(ФОТО) Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на заедништвото, солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани!

Во Скопје пред два дена, односно во саботата 29-ти март во Спортскиот Центар Аеродром – ОУ „Блаже Коневски“ се одира хуманитарен меѓународен натпревар помеѓу екипите „ФК Бигорски – духовни чеда на Манастирот Св. Јован Бигорски“ и гостите од Р. Србија – поклоничко друштво „ПУТ НА СВЕТУ ГОРУ“.
Победник на натпреварот беше гостинската екипа „ПУТ НА СВЕТУ ГОРУ“.
Сите собрани средства од натпреварот ќе бидат наменети за семејствата на настраданите од несреќата во Кочани.
Преку нашиот медиум, екипата домаќин упатува голема благодарност до гостите од Србија, како и до сите учесници, публиката и сите хумани луѓе што помогнаа и донираа.
Галерија од настанот:
Скопје
И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание на РМ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
-
Хороскоп16 часа
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт20 часа
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (31 март)
-
Временска прогноза1 ден
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Спорт2 дена
ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар
-
Скопје23 часа
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Македонија1 ден
Убави вести од Министерството за здравство, шест пациенти од трагичниот пожар во Кочани се враќаат дома
-
Скопје2 дена
(ФОТО) Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на заедништвото, солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани!