Изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Дојран – 27 литри на метар квадратен и во Струмица -25 литри на метар квадратен, а најмалку во Тетово – 1 литар на метар квадратен и Маврово, Прилеп и Крушево помалку од еден литар.

По 18 литри на метар квадратен наврнале во Гевгелија и Берово, 16 во Куманово, 10 Крива Паланка, седум во Демир Капија, Виница, четири во Скопје Зајчев Рид и два во Охрид.

Утрово најстудено било во Берово каде е измерена температура од 0 степени, а натопло било во, Дојран каде се измерени 13 степени.

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во текот на денот облачноста ќе се зголемува. По одделни котлини преку целиот ден ќе се задржи со значителна ниска облачност. Во крајните југоисточни делови ќе има услови за локален дожд. Дневната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно. Температурата ќе достигне 16 степени.