Следете не

Македонија

Нашиот кичевски храм со утрена богослужба по повод големиот празник

Објавено пред

на

Кога Православната Црква го празнува споменот на светиот пророк и Претеча Јован Крстител, во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево ќе се изврши Утрена празнична богослужба со Света Божествена Литургија.

Исто така, овој празник е пропратен со постење кое е поради маченичката смрт на овој праведник и свет пророк кој е востановен заради проникнување во самиот живот на свети Јован Крстител, кој живеел испоснички живот, но и поради тагата на маките од самиот пророк.

Покрај тоа, добро е да се спомне и тоа дека овој пост е ист како и останатите, а не одбегнување на вкусување црвено која е погрешен обичај, а еве еден пример:

Причеста која се прима е со црвено вино. Тоа е еден неправославен карактер за овој празник.

За многу години!
УТРЕНА БОГОСЛУЖБА – 07³⁰ часот
СВЕТА ЛИТУРГИЈА – 08³⁰ часот

Текст: Кичевска Парохија

Македонија

Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува нападот на претседателот Сејдини

Објавено пред

на

Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува кукавичкиот и срамен напад врз претседателот Муамед Сејдини, кој синоќа физички беше нападнат на паркингот од скопски ресторан.

Овој чин на насилство е неприфатлив и претставува директен удар врз вредностите на фудбалот, спортот и демократијата, воопшто.

Јасно и недвосмислено истакнуваме дека Фудбалската федерација на Македонија нема да дозволи насилството да стане средство за влијание или решавање на кој било предизвик. Изборот на раководни лица во ФФМ се одвива исклучиво преку легални и демократски процедури, со гласови на делегатите, а не со закани и насилство. Оние што се обидуваат да го нарушат овој процес преку сила треба да бидат свесни дека нивните постапки се веќе идентификувани и дека соработуваме со институциите на правдата за целосно расветлување на овој инцидент.

Го повикуваме Министерството за внатрешни работи, како и сите надлежни органи, да преземат итни мерки и да го истражат случајот до крај, со цел сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.

За овој инцидент го информиравме и раководството на УЕФА и ФИФА.

Претседателот на ФФМ останува непоколеблив пред ваквите закани и притисоци. Тие не ја ослабнуваат неговата решителност, туку напротив ја зајакнуваат неговата посветеност кон интегритетот и транспарентноста во спортот.

Муамед Сејдини на оваа позиција е избран на легален начин, преку гласовите на делегатите и само на ист начин ќе го заврши или продолжи својот мандат. Насилството никогаш нема да биде средство кое ќе го одреди неговото присуство или заминување.

Фудбалската федерација на Македонија останува цврсто посветена на промовирање на спортските вредности, фер игра и почитување на институциите, се вели во соопштението на Фудбалска федерација на Македонија

Прочитај повеќе...

Македонија

Повторно земјотрес предмалку регистриран во Македонија

Објавено пред

на

ФОТО: EMSC

Повторно земјотрес здрма во Македонија, овој пат според ЕМСЦ истиот е рестриран со јачина од 2.9 според Рихтер, лоциран 24км источно од Скопје.

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР приведе кумановец поради предизвикување пожар

Објавено пред

на

На 23.09.2024 во 19.15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода П.Ј.(56) од Куманово поради сомнение дека на своја нива во с.Никуљане, кумановско, запалил стрниште, по што пожарот се проширил и зафатил сува трева надвор од неговиот имот. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат.

Екипа од СВР Куманово извршила увид и по целосно документирање на случајот, против П.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за недела (29 септември)

ОВЕН Конечно ќе го остварите она што подолго време го планирате. Се чувствувате добро бидејќи привршувате важни работи. Можно е...

Кичево4 часа

(ФОТО) ФК „Кичево“ вечерва во Охрид прикажа „спартанска“ игра и го победи домаќинот „Еврофудбал“, за прв пат под рефлектори!

Денес се одигра третото коло од детската лига во југозападниот регион, а нашите најмлади надежи од генерација 2014/2015 г. имаа...

Македонија9 часа

Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува нападот на претседателот Сејдини

Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува кукавичкиот и срамен напад врз претседателот Муамед Сејдини, кој синоќа физички беше нападнат...

Спорт9 часа

Вчера ФФМ одржа семинар за заштита на интегритет и борба против местење на натпревари

Вчера во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше одржана работилница за „Заштита на интегритетот и борбата против местењето на...

Култура10 часа

(ФОТО) Славата на светиот Крст во преубавиот Манастир Свети Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица

Торжествата во чест на Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст Господов во свештената Обител на Светиот Великомаченик и Победоносец Георгиј...

Временска прогноза15 часа

Од ноќеска, односно утре нагла промена на времето и пад на температурите

Ладниот бран од север, поврзан со Атмосферски фронт, полека го зафаќа Балканскиот Полуостров. Што се однесува за времето во нашата...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (28 септември)

Овен  Ќе истражувате и ќе пребарувате по некои податоци за да дозннаете информации за некои минати работи. Ова е период...

Магазин1 ден

Gmail сега ви помага да пишувате контекстуално подобри одговори со помош на Gemini AI

Gmail воведува контекстуални паметни одговори овозможени од Gemini AI, нудејќи подетални одговори со анализа на контекстот на е-пошта. Секако, сето...

Магазин1 ден

Snapdragon 8 Gen 4 носи до 56% побрз графички процесор благодарение на јадрото Adreno 830 на 1,15 GHz

Snapdragon 8 Gen 4 носи до 56% побрз графички процесор благодарение на јадрото Adreno 830 на 1,15 GHz, ветувајќи значително...

Магазин1 ден

Претставен е Samsung Galaxy S24 FE. Еве колку чини

Samsung Electronics го претстави Galaxy S24 FE. Телефонот доаѓа со поголем екран, поголема батерија и подобрени перформанси. Galaxy S24 FE...

НАЈЧИТАНИ