Спорт
Нашиот национален тим може и до голем мундијал?

Македонија во квалификациите за Светското првенство во фудбал ќе игра со Германија, Ромнија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.
Ова ќе биде прв меч на нашата репрезентација со тимот од Германија. Светското првенство ќе се оддржи во Катар 2022 година.
Репрезентациите се поделени во 10 групи од по пет или шест селекции.
Победниците на десетте квалификациски групи ќе обезбедат пласман на Мундијалот, додека второпласираните, заедно со две селекции од новото издание на Лигата на нации, ќе играат баражи за обезбедување билет за Катар 2022.
Спорт
(ФОТО) ФК Ренова во финишот на мечот ги спаси трите бода во Кичево против ФК Напредок

Во рамки на денешниот ден беше одигран првенствен натпревар во третата македонска фудбалска лига – запад, помеѓу екипите на кичевски ФК Напредок и ФК Ренова каде што гостите славеа со 2:3 со постигнат гол од белата точка во самиот финиш од натпреварот.
Фудбалерите најпрво на теренот излегоа со маички кои го носеа натписот на градот Кочани и датумот на трагичниот настан, додека пред мечот со едно минутно молчење фудбалерите, стручниот штаб и гостите оддадоа почит према трагично загинатите луѓе во Кочани, воедно домаќините оддадоа почит и за смртта на поранешната фудбалска легенда на ФК Напредок, голманот Војче Угич кој во дамнешно време ги бранеше боите на кичевчани во спектакуларните натпревари.
– Мечот го отворија гостите со брзи два погодоци, така што во вториот дел од мечот кичевчани комплетно дојдоа до израмнување со головите на искусниот капитен Жарко Симјаноски и Мојсеј Зафироски, за на крај главниот судија да досуди пенал за гостите речиси во финишот на натпреварот, а таа шанса гостите не ја пропуштија, бетонирајќи ја победата од 2:3.
Во прилог галерија од мечот, преку нашиот објектив. Доколку сакате фотографија, преземете ја слободно од следниот линк ТУКА:
Спорт
Дисциплинската комисија на ФФМ донесе одлука за поведување казна на ФК Шкендија по непочитување на навивачите на минута молк на мечот против ФК Брера

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика. Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ.
Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот.
Дисциплинската комисија, исто така, донесе одлука делегатот на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера, Гоце Шоповски од Струга да се суспендира на шест месеци од извршување на било каква функција во фудбалот поради непочитување на пропишаните организациски протоколи.
Делегатот на натпреварот во Тетово не презел потребни дејствија во врска со однесувањето на навивачите и не постапил според протоколите за организација на натпревари, кои предвидуваат и празнење на трибината во вакви случаи. ФК Шкендија добива автоматска казна во паричен износ од 1.000 евра поради спречување на официјален снимател да ја извршува својата работа.
ФФМ во вакви или слични случаи нема да биде толерантна кон ниту еден клуб и очекува максимална одговорност од сите клубови и официјални лица.
Делегатите на натпреварите имаат јасно пропишани протоколи и сите потребни инструменти за делување во вакви ситуации. ФФМ им дава целосна поддршка во нивната примена и одлучност при постапувањето.
Расистичко, националистичко или било каков облик на дискриминаторско навивање нема да се толерира и ќе биде строго санкционирано согласно важечките регулативи, стои во интегралното соопштение на „Куќа на фудбалот“
Спорт
Раководството на ФФМ, предводено од претседателот Омерагиќ и генералниот секретар Јандреоски и Ганиу присуствуваа на 49 Конгрес на УЕФА во Белград

Денеска во Белград се одржа 49. Конгрес на Европската фудбалска Асоцијација, УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја претставуваа претседателот Масар Омерагиќ, генералниот сектретар, Леонид Јандреоски и неговиот заменик, Дрилон Ганиу.
Конгресот на УЕФА ги собра челниците на европскиот и светскиот фудбал, многу гости од светот на фудбалот и од различни сфери на општественото живеење.
– Во Белград, првите луѓе на европскиот фудбал разговараа за иднината на европскиот и светскиот фудбал. Во својот говор, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, истакна зошто основните вредности на европскиот фудбал – единство, солидарност и тимска работа – се поважни од кога било во се поделениот свет.
Повеќе ќе прочитате на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (7 април)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за вторник (8 април)
-
Мобилни уреди2 дена
Зошто е битен „авионскиот режим“ да биде приклучен додека патувате со авион
-
Скопје2 дена
МВР привремено одзеде 10 возила кои предизвикувале бучава и т.н. диви трки во Скопје
-
Македонија2 дена
Воведена забрана за тешки товарни возила за Стража, Маврово-Дебар
-
Временска прогноза1 ден
Метео+: Сибирски студ цела седмица, утринските температури дури до -10°C
-
Хроника1 ден
Лишен од слобода возач на „голф“, по сообраќајната несреќа во скопско каде загина малолетничка
-
Мобилни уреди21 час
Нови функции за WhatsApp, исклучете ја камерата пред да се јавите