Временска прогноза
Нашиот регион под студена експлозија, ова се најновите детали за временската состојба
Студената експлозија која ја зафати Европа значително се почувствува и кај нас и тоа по големиот пад на температурите на воздухот.
Во текот на денешниот ден голема разлика има во температурите на воздухот за разлика од вчерашниот и денешниот ден кога истите се пониски дури и за повеќе од десет степени понекаде. До крајот на денов ќе се задржи претежно облачно на повеќе места со повремени врнежи од дожд.
Поинтензивни врнежи ќе има во источните и во јужните предели од државава каде локално е очекува да наврне позначително количество на воден талог. Маки се шансите но сепак не се исклучуваат за на највисоките планински врвови да провее сосема слаб снег.
Максималната температура денес ќе се искачи во интервалот само од 10 до 19 степени. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој на север и Долж Повардарието ќе засилува на интензитет.
За време на викендот кој ни претстои ќе имаме променливо облачно и релативно свежо време а наутро и студено, ќе има и сончеви периоди кој доста подолги ќе бидат во недела.
Наутро минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени па доколку излегувате ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да си ја понесете и ТОПЛАТА ОБЛЕКА.
Исто така утре локално поради позначителната облачност не се исклучува можноста и за слаб локален дожд претежно во попладневните часоови.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени утре и од 18 до 25 во недела.
Во западниот дел од државава ќе има нешто послаби и полокализирани врнежи односно повеќе врнежи ќе се задржат на крајниот југозапад како и на југ и исток од државава.
Максимумот на температурите денес во западниот дел ќе се искачуваат во интервалот некаде од 10 до 15 степени додека на повисоките места и планините ќе биде значително постудено.
Подготвено и реализирано од Славчо Попоски – посетете го неговиот фејсбук профил за најнови информации!
Временска прогноза
Викенд временска прогноза, ќе имаме и сонце но ќе биде ладно
До крајот на денешниот петочен ден во Македонија ќе имаме претежно облачно и студено време со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, и истиот ќе биде најизразен Долж Повардарието. Во југозападните предели ќе има врнежи од дожд, додека на планините, а потоа во вечерните и ноќните часови кон утрешниот саботен ден и во некои повисоки населени места ќе има повремен снег. Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и под 1000 метри надморска височина.
Утре (сабота) рано наутро сеуште во југозападните предели ќе има повремен дожд и снег, додека веќе во текот наденот, како и во недела ќе имаме стабилно, суво и претежно сончево време, со појава на мала локална облачност. Во недела во утринските часови по котлините и речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност, која понекаде ќе биде многу густа.
И во Скопскиот регион до крајот на денешниот петочен ден ќе имаме претежно облачно време со услови за сосема слаб локален дожд, а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец. За време на викендот пак и таму ќе имаме претежно сончево време со појава на мала локална облачност. Во утринските часови ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.
Што се однесува до температурите, наутро и тоа поради разведрувањето ќе биде многу постудено со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека на високите и планинските места тие би можеле да бидат и пониски. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12, 13 степени.
Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -3 и 1 степен, додека максималната дневна температура ќе се искачи до околу 12 степени, пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Започнаа врнежи од дожд, на повисоките места истото ќе премине во снег, ова се денешните детали
Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, која е во склоп со висинскиот циклонски систем кој се наоѓа западно и југозападно од нас, до крајот на денешниот ден (четврток), како и утре (петок) времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, додека на планините, како и во повисоките населени места, особено во западните и во северните предели од државава поради дополнителното заладување на времето врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, со што ќе се формира нова снежна покривка.
За време на овој бран на врнежи локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен). Особено утре (петок) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието.
И во Скопскиот регион денес (четврток), како и утре (петок) ќе има повремен дожд, кој повремено ќе биде пообилен, додека на околните планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег. Особено утре (петок) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 9 степени.
За време на викендот пак ќе имаме разведрување на времето и стабилно и суво време, но со значително постудени утра и со појава на мраз. Тогаш во утринските часови температурите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени, што значи дека во најголем дел од Македонија тие ќе се спуштаат под нулата.
Во Скопје за време на викендот исто така се очекува разведрување со утрински температури кои ќе се спуштаат до околу -2 степени.
Максималните дневни температури на воздухот пак за време на викендот кај нас ќе се искачуваат во интервалот од 7 до ѝ13 степени.
Во Скопје максималната температура за време на викендот ќе се искачува во интервалот помеѓу 11 и 12 степени, истакна познатиот метеоролог Славчо Попоски
Временска прогноза
Дополнително заладување, повремени врнежи од дожд и нова снежна покривка на повисоките места
До крајот на оваа работна недела во Македонија ќе имаме студено време, со значително потпросечни температури на воздухот за овој период од годината, и тоа особено во четврток и во петок кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени, а наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 5 степени.
Исто така, особено во четврток и во петок повторно во Македонија на повеќе места ќе има нови повремени врнежи со променлив интензитет. Врнежите ќе бидат од дожд на ниските, и од снег на повисоките места и на планините, каде ќе има формирање на нова снежна покривка. Сепак поради дополнителното заладување на времето, врнежи од снег ќе има понекаде и на местата со помала надморска височина (населените места), особено во северните и во западните предели од Македонија.
Во четврток и во петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.
И во Скопскиот регион, особено во четврток и во петок ќе има повремен дожд и повремено засилен ветер од северен правец. На повисоките места, односно на околните планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.
Поради ваквата состојба, на возачите им препорачуваме да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, особено вои четврток и петок кога очекуваме нови врнежи од дожд и снег, вели Славчо Попоски
-
Кичево22 часа
(ВИДЕО) Ново име на музичката сцена, кичевчанецот Христијан Трајаноски ја преработи „Само за тебе“ од доајенот на македонската народна песна Круме Спасовски
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за петок (15 ноември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (14 ноември)
-
Временска прогноза1 ден
Започнаа врнежи од дожд, на повисоките места истото ќе премине во снег, ова се денешните детали
-
Спорт1 ден
Младата репрезентација на Македонија до 18 години на тренинг камп во Кичево, каде ќе одиграат и контролен меч против тимот на Арсими
-
Временска прогноза6 часа
Викенд временска прогноза, ќе имаме и сонце но ќе биде ладно
-
Македонија2 дена
СВР Охрид вчера одржа состанок со надлежни субјекти по повод зимската сезона
-
Македонија3 часа
СВР Охрид денес реализираше превентивна кампања за безбедно патување во зима