Кичево
Известување: Во овие места во Кичево водата за пиење е со бактериолошко загадување и не се пие

Од Центар за јавно здравје – Битола, Отсек по хигиена и здраствена екологија – Кичево известуваат дека поради бактериолошко загадување водата не смее да се користи како вода за пиење во селата: с.Другово (разделна градба – чешма, систем Студенчица), Г.Кичево Бела Кула (градска чешма), с.Србјани (селски водовод), с.Бигор Доленци (крајпатна чешма) и с.Бигор Доленци (селски водовод)
ЦУК
Кичево
Управните служби во Кичево и останатите добиваат ново работно време

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.
Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.
Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 08.00 часот па до 18.00 часот, а истото работна време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.
Во останатите пак подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.
Кичево
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги на житниот пазар, затекнати се М.Д.(60) од Скопје и А.Џ.(66) од Кичево, кои за продажба изложиле повеќе парализатори и метални палки на преклоп и други предмети.
Врз основа на членот 80 од Законот за оружје, предметите се одземени, а против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, за медиумите и јавноста известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Момчињата од „ФК Кичево“ денес одиграа два контролни меча со одличната екипа на „ФК Гостивар“ на гостински терен

Во рамки на денешниот ден нашата екипа од „ФК Кичево“ генерација 2011 и 2014 година одиграа два контролни меча со соодветна екипа на „ФК Гостивар“. Преку нашиот медиум, управата и тренерите упатуваат голема благодарност до домаќинот екипата на „ФК Гостивар“ и нивниот координатор г-дин Менсур Јакупи за одличниот прием и можноста да нашите момчиња стекнат нови пријателства и искуства.
Галерија од денешните натпревари, „ФК Кичево“ ген. 2011:
Престижната генерација 2014:
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за четврток (27 февруари)
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (26 февруари)
-
Спорт2 дена
Утре 1/4 финални натпревари во „Купот на Македонија“ во фудбал, кичевското трио правдата ќе ја делат на мечот „Детонит – Шкендија“
-
Хроника8 часа
На регионалниот пат Битола-Прилеп според информациите камион прегазил човек кој им подлегнал на повредите
-
Спорт1 ден
Во „Куќа на фудбалот“ на седница на УО денес беа донесени важни одлуки, една е дека ќе се формира „Арбитражен суд“ обезбеди ефикасно и брзо решавање на споровите настанати помеѓу клубовите
-
Lifestyle2 дена
Научниците открија неверојатен доказ за постоење на плажи на Марс
-
Магазин2 дена
Microsoft Office конечно е бесплатен – но со неколку ограничувања
-
Автомобили2 дена
Зошто BMW има сино-бело лого, а Ferrari црн коњ? Скриените значења зад иконите на автомобилските знаци