Македонија
Злоупотреба на службена лег. и флешери само за неплаќање патарини

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во дејство со сообраќајната полиција и Државниот инспекторат за транспорт на ден 22.02.2019 година во периодот од 15.00 до 18.00 часот на дел од наплатните станици во нашата држава, изврши контрола на возачи кои злоупотребуваат службени легитимации и т.н. флешери со цел одбегнување плаќање на надоместок за патарина.
Од извршената контрола констатирано е дека 31 возачи постапиле спротивно на Законот, од кои деветмина возачи се вработени во МВР, 22 возачи на возила се граѓански лица кои одбегнале плаќање на патарина, за што од страна на Државниот инпекторат за транспорт им се изречени глоби во висина од 200 евра.
Против полициските службеници кои ги злоупотребиле службените легитимации ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.
Извор: МВР /Дневен билтен за медиуми.
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза6 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп33 минути
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија9 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди6 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили1 ден
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети