Случувања
Несреќа го потресе с.Дебреште и околината, од трактор паднало шест годишно дете и им подлегнало на повредите

Вчера на 22.07.2020 во 19.40 часот во с.Дебреште, прилепско, додека А.А.(27) од с.Дебреште управувал трактор „имт-539“ без регистарски таблици, од тракторот паднало шестгодишно дете, кое се превезувало со него, и се здобило со повреди, по што било пренесено во Градска болница Прилеп каде што лекар констатирал смрт.
Увид извршила екипа Полициската станица Прилеп во присуство на Јавен обвинител.
Извор: МВР
Временска прогноза
До петок стабилно време, викендот пред нас ќе има услови за повремен локален слаб дожд

Во периодот кој што е пред нас, односно до петок (28 февруари) во нашата Република Македонија ќе имаме променливо време со повремени локални послаби врнежи од дожд, додека на планините и на Скијачките центри повремено ќе провејува снег. Ќе биде релативно тивко и без некој изразен ветер, а во утринските и повторно во ноќните часови ќе има услови за појава на магла по котлините.
Слично време ќе имаме и во Скопскиот регион, променливо и со услови за појава на магла наутро и повторно во ноќните часови. Ќе има услови и за повремен локален послаб дожд.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе бидат околу, или за неколку степен над нулата, а само на високите места, планините и на Скијачките центри тие ќе бидат за неколку степени под нулата. Максималните дневни температури пак до петок (28 февруари) ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 13 степени, додека во југоисточните предели температурата повремено ќе се искачува и до околу 15 степени.
И во Скопје температурата овие денови ќе се искачува до околу 15 степени.
За време на викендот, односно на први и на втори март ќе дува засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови значително заладување на времето, пообилни врнеи од дожд, кој полека ќе преминуваат во снег, најпрвин на Скијачките центри, планинските места и повисоките населени места, потоа и во дел од градовите, особено во западните и во северните предели од нашата Македонија, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија ќе попушти и температурите ќе бидат повисоки, како наутро, така и преку ден, но не се работи за некое многу големо затоплување. Исто така, во текот на следната седмица ќе имаме и значително повеќе облачност и претежно тивко време и без некој изразен ветер.
По котлините пак за време на овој период, ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, која ќе биде најизразена во ноќните и во утринските часови. Но мора да напоменам дека, повремено во овој период ќе има и слаби локални врнежи, кои на ниските места ќе бидат од дожд, а на повисоко, како и на планинските места, секако, и на Скијачките центри ќе има слаби врнежи од снег.
Повремено, снежната граница би можела да се спушти и во дел од градовите, па не се исклучува можноста и во градовите повремено да има појава на слаби врнежи од дожд и од снег, или влажен снег.
И во Скопскиот регион не очекува слично време како и во останатите предели од државава.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интевалот од -4 до 3 степени, додека преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот претежно од 3 до 13 степени. Во Скопје пак максимумот на температурата во текот на следната седмица ќе се искачува до околу, а према средината и во вториот дел од истата таа ќе надминува 10 степени. Наутро пак таа ќе се спушта до околу, повремено и за некој степен под нулата, а од средината на следната седмица таа и наутро ќе биде претежно над нулата, информира Славчо Попоски.
Свет
(ВИДЕО) Страшна несреќа во САД, автомобил падна од мост

Во Сакраменто, Калифорнија, автомобил падна од надвозник на автопат. За чудо, и покрај тоа што се превртел и слетал на покривот, возачот преживеал и е во стабилна состојба.
– „Сè се случи како во забавена снимка. „Го видов автомобилот како паѓа и само се обидував што побезболно да ја поминам целата ситуација“, изјави за американските медиуми Кајман Јунг, возачот чија камера го сними ова.
Можеби најстрашниот момент, покрај самата несреќа, беше кога возач на Honda Civic за влакно избегна катастрофа.
„Мило ми е што се испадна најдобро што е можно. „Тој автомобил можеше да слета на секого, додаде Јунг. Двајцата возачи од мојата лева страна беа многу поблиску до него. Тие треба да се чувствуваат како да добиле на лотарија“, рече тој.
Извор: vesti-online.com
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (24 февруари)
-
Здравје и убавина1 ден
Овој напиток го нормализира шеќерот во крвта, еве за што станува збор
-
Спорт2 дена
(ФОТО) „ФК Кичево“ денес ги продолжи подготовките за пролетната сезона со пријателски натпревари во Битола и Кичево на домашен терен
-
Здравје и убавина2 дена
Со овие намирници ќе ја подобрите меморијата на мозокот со здрав начин на исхрана
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Лука Модриќ вечерва покажа дека годините се само бројка, постигна гол од над 25 метри, вистинска „бомба“ пред очите на Газанига
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за вторник (25 февруари)
-
Временска прогноза14 часа
До петок стабилно време, викендот пред нас ќе има услови за повремен локален слаб дожд
-
Здравје и убавина2 дена
Ова се 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје