Временска прогноза
Од ноќеска: Дожд, грмежи и засилен ветер во нашиот регион, избегнувајте задржување на отворен простор..
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2018/03/grom2.jpg)
Вистинско разочарување за тие што денешниот ден даде надеш дека конечно ќе се стабилизира времето.
Токму од ноќеска, т.е вечерните часови како што ќе навлагаме во 18.03.18 – Недела влажната маса во нашиот регион засилено ќе се спушта проследено со доста силен ветер..
Утрешниот ден нашиот западен дел од нашата држава ќе биде под поголема фаза на дождови и грмежи, така што околу пладне во источните делови ќе наврнат околу 15 литри дожд на метар квадратен.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 12 степени, а дневната од 12 до 18 степени.
Внимание: Избегнувајте контакт и задржување на отворен простор поради засилените ветрови.
Временска прогноза
Ќе имаме повторно снег во месец февруари, ова се сите информации
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2023/01/zima_vreme-scaled.jpg)
Барем според од она што можам во моментов да го изјавам за јавноста, е тоа дека кон средината на следната седмица од запад и од северозапад територијата на нашата Република Македонија ќе биде зафатена од влажен воздушен бран, кој со судирот на ладниот воздух кој е присутен кај нас и се спушта од истокот и од североистокот на Европскиот Континент ќе услови врнежи претежно од снег, а само локално во пониските места ќе врне дожд и снег, особено во Повардарието и во југоисточните предели од нашата Македонија.
На картата можеме да забележиме дека особено во западната половина од Македонија ќе се формира снежна покривка и во повеќето пониски места (градовите), иако истата ќе биде помала, а поголема снежна покривка ќе се формира на планинските места, а на Скијачките центри таа ќе се зголеми.
Во следните мои метео објави следува најнова детална анализа токму околу ова, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Нè очекува суво време со ниски температури
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2023/01/vreme_magla-scaled.jpg)
За време на овој викенд, и понатаму територијата на нашата Република Македонија ќе биде под влијание на ладната и сува воздушна маса која продира од источните и од североисточните предели на Европскиот Континент, што значи дека во ваква ситуација, ќе имаме сув студ, особено во ноќните и во утринските часови.
Времето ќе биде сончево, со појава на мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро по котлините ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.
Да напоменам само дека, особено во Беровскиот регион, планинските места, секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри наутро температурата има можност да се спушти и до околу -10 степени, истакна Славчо Попоски.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време. Наутро температурата ќе се спушта до околу -3 степени, а преку денот таа ќе се искачува до околу 6 степени.
Временска прогноза
Детали за временска прогноза оваа седмица, ќе имаме многу ниски температури на утро и релативно сува воздишна маса
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2025/02/ladno-vreme_stud-zima-scaled.jpg)
Во текот на оваа работна седмица во Македонија ќе имаме значително поладно време, односно, ќе бидеме под влијание на ладна и на релативно сува воздушна маса која ќе продира од истокот и од североистокот на Европа. Температурите позначително ќе опаднат, особено во ноќните и во утринските часови, кога минималните температури насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата, особено од оваа среда.
Повремено ќе засилува ветер од северен правец, а времето ќе биде претежно стабилно, суво и со сончеви периоди.
Наутро температурите во делови од Македонија, особено во Пелагониско, Беровскиот регион, како и на планинските места,м секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри температурите ќе се спуштат и до околу -10 степени. Преку ден пак температурите исто така ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9/10 степени.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите дселови од Македонија, информира Славчо Попоски
-
Спорт1 ден
Кичевчанецот Дејан Милошевски повторно во најдобрите 16 карате судии во САД, претходно беше избран за член на судиската карате комисија на и одговорен за 12 држави
-
Македонија1 ден
(ФОТО) СВР Охрид реализираше едукативно-превентивна кампања „Не пиј кога возиш“, додека ОВР Кичево ја спроведе „Паркирај совесно, паркирај одговорно” за сите учесниците во сообраќајот
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (10 февруари)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за вторник (11 февруари)
-
Lifestyle1 ден
Зошто крпите имаат непријатен мирис? Перењето на вистинска температура е клучно
-
Свет22 часа
Санторини не мирува, нов силен земјотрес регистриран пред неполн час, ова се информациите
-
Магазин1 ден
Пејачката од соседна Србија – Јелена Карлеуша остана без својот Инстаграм профил кој имаше над 2 милиони следбеници, дали петицијата на „Еко Стража“ успеа?
-
Спорт10 часа
ФФМ на семинарот за унапредување судиски стандарди, додели и ФИФА амблеми на меѓународните судии