Следете не

Кичево

Ноќеска пијан кичевчанец дивеел по улиците, викал и оштетил паркирано возило

Објавено пред

на

Kичевчанецот со иницијали У.З. вчера на улицата „Прилепска“ во Кичево, под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир со расправање, викање и непристојно и дрско однесување кон минувачите, по што оштетил и паркирано патничко возило „фиат пунто“

Тој е приведен и против него според одредбите на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава, за медиумите информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

Кичево

Вечерва сите патишта водат кон кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“

Објавено пред

на

Во пресрет на главната манастирска слава на Свештената Пречистанска Обител, во спомен на раѓањето на Богомајката, нашата застапничка пред Бога, ја имаме честа денес да ве поканиме денес од 18:00ч. на празнична Вечерна богослужба, на која ќе началствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а ќе претстојат Митрополитот Повардарски г.Агатангел и секако нашиот највозљубен Старец и Епископ Антаниски – г.Партениј.

 

Во текот на богослужбата, една искушеничка (Душица) од сестринството ќе биде вброена кон рамноангелскиот монашки чин.

сабота, 21 септември

7:00ч. – утрена богослужба.

8:45ч. – пречек на Архиереите: Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополит г.Илија од Финска и Старецот и Епископ Антаниски г. Партениј.

9:00ч. – Света архиерејска Златоустова Литургија.

Потпирајќи се со цврста вера на Онаа Која е поширока од Небесата и Која Го роди Спасителот наш, ве очекуваме со голема радост заеднички да го прославиме роденденот на Мајката Божја и Мајката наша! Воедно, ќе учествуваме заеднички и во молитвите при чинот на монашкиот потстриг на нашата сестра. А за сето тоа да биде целосно исполнето со најубавото источно православно пеење, ќе помогнат нашите најдраги пријатели од Света Гора: архимандритите о. Матеј, о. Антипа, о. Херувим, монаси, псалти и други гости.

– Преку нашиот медиум посакуваме сите патишта да водат кон манастир Св.Богородица Пречиста, понесувајќи го со себе благословот од средбата со Чудотворната икона Богородица Крнинска, Пречистанските Светии Евнувиј, Пајсиј, Аверкиј, чесните мошти на Света Параскева.

– Во продолжение погледнете ТУКА како помина манастирската слава минатата 2023-та година!

Ве очекуваме во што поголем број и повторно да доживееме духовно и телесно исцеление и обновување заедно.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес ја посети кичевската касарна ,,Чеде Филиповски – Даме’’

Објавено пред

на

ФОТО: Министерство за одбрана / Министер Владо Мисајловски

Денеска министерот за одбрана г-дин Владо Мисајловски заедно со Заменикот на Началникот на Генералштабот, генерал мајор Азим Нуредин, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и командантот на 1. пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски ги посетија припадниците во касарната ,,Чеде Филиповски – Даме’’ во Кичево, каде што е лоциран 1. пешадиски баталјон.

За време на посетата министерот беше брифиран за мисијата, задачите, одговорностите и предизвиците на единицата како и за ангажманот на припадниците на овој баталјон во мировни мисии, вежби и поддршка на други институции.

– Од касарната во Кичево министерот порача дека идниот период ќе се заложи за вложување во капацитетите на 1. пешадиски баталјон, за јавноста известува Министерството за одбрана преку нивните социјални медиуми.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Вандализам во Кичево, непотребно оштетени сообраќајните знаци

Објавено пред

на

www.porta.mk

На 16.09.2024 во 15:40 часот во ОВР Кичево е пријавено оштетување со спреј во боја на 11 сообраќајни знаци кои се поставени покрај коловозната лента од улицата „Магистрален пат“ до „Битолска крстосница“ во близина на кичевското село Другово.

Според членот 190 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата „на сообраќајниот знак и на столбот на кој е поставен знакот, забрането е да се става нешто што не е во врска со значењето на сообраќајниот знак и забрането е неовластено поставување, преместување, отстранување и оштетување на сообраќајните знаци и на опремата на патот или измена на значењето на сообраќајните знаци“.

ОВР Кичево презема мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија2 часа

Укината целосната забрана за движење во шуми поради проценка за намален ризик од шумски пожари

Согласно Барањето од ЈП Национални шуми од бр.11-341/5 од 17.09.2024 година, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија,...

Lifestyle5 часа

Ако имате висок холестерол, овие девет намирници треба да ги избегнувате

Кога се откриени нездраво високи нивоа на холестерол во крвта, тоа може да доведе до воспаление и таложење на наслаги...

Автомобили5 часа

За прв пат во европска земја има повеќе електрични автомобили отколку бензински

На патиштата во Норвешка за прв пат во историјата има повеќе електрични автомобили отколку бензински автомобили, објави денеска Норвешкиот совет...

Магазин5 часа

Ако го имате овој уред, iOS 18 ќе го уништи

Некои корисници на Apple пријавија проблеми со нивните уреди откако се обидоа да го инсталираат новиот оперативен систем iOS 18....

Автомобили5 часа

Познат кинески бренд ја купува фабриката на Audi?

Фабриката на Audi во Брисел е во незавидна положба, со оглед на тоа што Q8 e-tron, единствениот модел произведен на...

Автомобили5 часа

Милиони возачи прават една грешка кога менуваат гуми

Експертите за гуми тврдат дека милиони сопственици на возила прават голема грешка. Имено, кога не се менуваат сите, туку само...

Кичево8 часа

Вечерва сите патишта водат кон кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“

Во пресрет на главната манастирска слава на Свештената Пречистанска Обител, во спомен на раѓањето на Богомајката, нашата застапничка пред Бога,...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за петок (20 септември)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Македонија23 часа

РЕК Осломеј, Битола и ТЕЦ Неготино добија ново раководство

Управниот одбор на АД ЕСМ денеска именувал нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети во рамките на компанијата. Оттаму...

Кичево1 ден

(ФОТО) Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес ја посети кичевската касарна ,,Чеде Филиповски – Даме’’

Денеска министерот за одбрана г-дин Владо Мисајловски заедно со Заменикот на Началникот на Генералштабот, генерал мајор Азим Нуредин, командантот на...

НАЈЧИТАНИ