Следете не

Македонија

Од ноќеска повторно поскапување на горивата!

Објавено пред

на

Ново поскапување на горивата во Македонија, од полноќ граѓаните ќе возат поскап бензин и дизел, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер 95 од полноќ ќе биде 73,5 денари, додека пак Еуросупер 98 ќе биде 75,5. Во двата случаи зголемувањето е за 2 денари.

Дизелот, исто така поскапува за 2 денари и од сегашните 63 денари, од полноќ ќе биде 65 денари.

Екстра лесното масло горење ќе биде 54 денари, додека пак мазутот 34,5 денари.

Според податок од ДЗС, во 2015 година, во Република Македонија имало регистрирано 163.038 дизел возила. Доколку таа бројка се помножи со 2400 денари, колку впрочем и го чини еден просечен граѓанин покачувањето на акцизата се доаѓа до бројка од 391 милион и 290 илјади денари, односно 6 милиони и 360 илјади евра годишно. Ова е само цената која ќе ја платат граѓаните, додека превозниците и транспортерите ќе ги чини над 32 милиони евра, а индустријата над 5 милиони евра.

 

Македонија

(ФОТО) Нови моторни возила за дел од едниците на полицијата

Објавено пред

на

Министерство за внатрешни работи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството официјално ги стави во функција дел од моторните возила набавени за потребите на организациските единици на МВР и БЈБ.

„Во насока на нашата посветеност да градиме вистински опремена, модерна и европска полиција која ќе има капацитет за борба со сите видови криминал и заштита на безбедноста на сите граѓани на Македонија денес имам можност да ги ставиме во употреба нови автомобили обезбедени за потребите на полициските сектори и единици. Се работи за автомобили од производителот Шкода набавени од страна на министерството на јавна набавка, во насока на обновување на возниот парк на министерството кој е во незавидна состојба и кој планираме во следната година да го реобновиме во најголем дел.

Македонската полиција ќе биде гордост и носител на безбедноста на македонските граѓаните и се стремиме кон остварување на оваа цел. Продолжуваме во следната година со навистина амбициозни цели на градење нови полициски станици, нови униформи за најголем број полициски единици и модернизација во секој сегмент на работењето на полицијата“, потенцираше министерот Тошковски.

Прочитај повеќе...

Македонија

Забрана за тешки товарни возила Пресека, Кичево-Гостивар, Дебар-Маврово

Објавено пред

на

АМСМ предмалку соопшти дека воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци:

  • Дебар – Маврово
  • Охрид – Кичево (Пресека)
  • Кичево – Гостивар (Стража)
  • Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема).

Прочитај повеќе...

Македонија

ЈП Македонија Пат состојба на патиштата до 12:00ч

Објавено пред

на

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во западните и југозападните делови од државата, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Сите патни правци во државата се проодни.

ЈП Македонијапат со целокупната расположива  механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.

Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502, истакнаа од ЈП Македонија Пат.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт49 минути

„Да се потпреме на сите расположливи сили за македонската репрезентација“, новото раководство на ФФМ оствари работен состанок со Благоја Милевски

Новоизбраниот претседател на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ, во придружба со еден од најдобрите наши фудбалски арбитри, спортскиот директор на Националните...

Македонија3 часа

(ФОТО) Нови моторни возила за дел од едниците на полицијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството официјално ги стави во функција дел од моторните возила...

Кичево3 часа

„IQ-UP“ Кичево и нивните дечиња во петок организираат хуманитарна новогодишна работилница, сите заедно да допринесеме и да помогнеме каде е најпотребно!

🎄✨ Драги пријатели, со големо задоволство ви најавуваме новогодишна хуманитарна работилница која ќе се одржи на 27.12.2024г (петок) од 18:00...

Lifestyle6 часа

Температурата на водата и нејзиното влијание врз вкусот на кафето: Што треба да знаете?

Подготовката на совршена шолја домашно кафе може да изгледа како наједноставната работа, но за оние кои навистина уживаат во богатиот...

Lifestyle6 часа

Како лесно да ја отстраните дамката од црвено вино на тепих без да користите хемикалии

Случајно истурено црвено вино на тепих или кауч може да изгледа како катастрофа, но со правилните чекори и природни производи,...

Автомобили6 часа

Како правилно да го исчистите снегот од автомобилот и избегнете скапи грешки

Чистењето снег од автомобилот е задолжително за секој возач во зима, но грешките направени во овој процес може да предизвикаат...

Автомобили6 часа

8 клучни совети за возење на снег: избегнете несреќи и заглавување!

Возењето во зимски услови претставува двоен предизвик, дури и за искусните возачи, а уште повеќе за оние кои штотуку го...

Магазин7 часа

Телеграм официјално стана профитабилен со приходи над 1 милијарда долари

Апликацијата за пораки Telegram стана профитабилна, откако нејзиниот вкупен приход во 2024 година надмина 1 милијарда долари, објави основачот Павел...

Магазин7 часа

Максимизирање на долговечноста на вашиот компјутер: 7 совети за одржување

Компјутерот е значајна инвестиција, и како и со секоја друга инвестиција, правилната грижа може да го продолжи неговиот животен век....

Магазин7 часа

Ирска ја казни Meta со 263 милиони долари

Ирската комисија за заштита на податоци (IDPC) ја казни Meta со 263 милиони долари поради прекршување на податоци на Facebook...

НАЈЧИТАНИ