Кичево
(ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО) Денес во организација на кичевскиот offroad клуб се реализираше „Џип-Турнеа“ на падините на Бистра

Денес во организација на Offroad Клубот – Кичево се реализираше „Џип-Турнеа“ на падините на Бистра планина. Кичевчани не пропуштија неделата да ја поминат уживајќи во глетката на супер-модифицираните џипови чии сопственици никого не оставија рамнодушен.
– Преку вашиот медиум ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои денес беа тука, гостите кои го поминаа денот со нас а беа присутни во голем број, сите наши спонзори, помагатели, со нивното залагање само се покажува дека кичевчани од секогаш знаат да уживаат во екстремните спортови, како што можеше да видиме некои покрај адреналин денот го искористија за ладен пијалок и скара што дополнително дава посебен шмек на целиот настан – за нашиот портал додаде еден од главните организатори Лавдрим инаку сопственик на позната месара во градот Кичево.
„Џип-Турнеата“ беше распоредена во 3 етапни категории за натпреварувања и тоа: „soft class“, „hard class“ и последната и највозбудлива категорија „Hard Trophy“.
- место „soft“ – Славе Блажоски бр. 039 со извозено време о1:11:87
- место „soft“ – Нијази Даути бр. 112 со извозено време 01:19:44
- место „soft“ – Арди Х. бр. 088 со извозено време 01:19:46
Во втората категорија „hard class“ наградени беа следните:
- место „hard“ – Кујтим Шаини бр. 106 со извозено време 01:34:40
- место „hard“ – Дрилон Идризи бр. 107 со извозено време 01:41:43
- место „hard“ – Џавит Адили бр. 118 со извозено време 01:54:88
И последната категорија која најповеќе привлече внимание кај присутните беше секако најтешката според трасата „Hard Trophy“ каде имаше само 3 натпреварувачи и заврши вака:
- место „hard trophy“ – Владимир Милошевски бр. 306 со извозено време 03:06:97
- место „hard trophy“ – Игор Трајкоски бр. 308 со извозено време 03:08:60
- место „hard trophy“ – Пеце Трајкоски бр. 307 со извозено време 04:50:78
Карактеристично на овој настан е тоа што имаме и најмлади шофери кои се разбира еден ден ќе ги гледаме и на официјалните списоци и ранг листи, нашиот член од „Car Club – Кичево“ со своето „Cherokee“ – Петар Стојкоски (кој го има во галеријата подолу) и другарчињата Андреј Илиоски и Арбенит Тика кои добија диплома и награди

Андреј Илиоски (лево) Арбенит Тика (десно)
Ви ја презентираме официјалната галерија преку нашиот објектив, како и Full HD видео запис од самиот настан. Уживајте и читајте го вашиот портал Порта.мк
Кичево
Управните служби во Кичево и останатите добиваат ново работно време

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.
Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.
Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 08.00 часот па до 18.00 часот, а истото работна време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.
Во останатите пак подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.
Кичево
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги на житниот пазар, затекнати се М.Д.(60) од Скопје и А.Џ.(66) од Кичево, кои за продажба изложиле повеќе парализатори и метални палки на преклоп и други предмети.
Врз основа на членот 80 од Законот за оружје, предметите се одземени, а против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, за медиумите и јавноста известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Момчињата од „ФК Кичево“ денес одиграа два контролни меча со одличната екипа на „ФК Гостивар“ на гостински терен

Во рамки на денешниот ден нашата екипа од „ФК Кичево“ генерација 2011 и 2014 година одиграа два контролни меча со соодветна екипа на „ФК Гостивар“. Преку нашиот медиум, управата и тренерите упатуваат голема благодарност до домаќинот екипата на „ФК Гостивар“ и нивниот координатор г-дин Менсур Јакупи за одличниот прием и можноста да нашите момчиња стекнат нови пријателства и искуства.
Галерија од денешните натпревари, „ФК Кичево“ ген. 2011:
Престижната генерација 2014:
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (21 февруари)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Култура2 дена
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски
-
Македонија21 час
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза1 час
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Македонија4 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети
-
Lifestyle1 ден
Храна која е ултра-обработена, но не е лоша за вашето здравје