Следете не

Временска прогноза

Време: Октомври продолжува да биде екстремно топол?

Објавено пред

на

Ако се остварат долгорочните прогнози на метеоролозите, просечната температура до крајот на 2018 година, како и средната температура за целата година ќе биде највисока во историјата

Натпросечно топло според метеоролозите ќе биде во текот на целиот месец октомври и подолго. Средната температура повторно ќе биде меѓу највисоките во историјата на мерењата во овој период од годината.

Според „Време Европа“ многу топло ќе биде насекаде низ стариот Континент.

До средината на октомври температурата ќе биде за седум до 10 степени Целзиусови поголема од просекот за овој период од годината.

Во Франција и Шпанија температурата на воздухот би можела да се искачи и до 30 степени Целзиусови.
Екстремно топло ќе биде и на Скандинавскиот полуостров, со температура од 15 степени Целзиусови над просекот, што значи дека температурата ќе се биде до 20 степен.

Временска прогноза

Најавеното невреме, проследено со дожд, грмежи, ветер но и снег доаѓа!

Објавено пред

на

Денес (понеделник 17 март) под влијание на висински циклон западно од нас, во Македонија ќе имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер од западен и од северозападен правец. Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме, односно поинтензивни.

Поради падот на температурите, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и ќе се формира снежна покривка.

Во попладневните часови од утрешниот ден (понеделник 17 март) полека снежната граница од север и северозапад ќе се спушта се пониско.

И во Скопскиот регион утре (понеделник 17 март) ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер, во вид на невреме. На околните планини, особено од попладневните часови врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, во Скопје до околу 16/17 степени, меѓутоа, од попладневните часови и навечер тие забрзано и значително ќе опаѓаат, доцна вечерва информираше Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Попоски: На повидок потврда дека пред нас доаѓа нагла промена на времето

Објавено пред

на

Славчо Попоски предмалку објави првични информации за неверојатната нагла промена на времето која ни претстои.

Во првата метеоролошка карта, односно до среда (19 март) наутро на повеќе места во регионот, како и во Македонија, особено во западната половина од нашата Македонија ќе се формира снежна покривка, снег ќе има и во градовите.

Метеокарта (приказ)

Метеокарта (приказ)

Во втората метеоролошка карта, односно во среда наутро во Македонија појава на мразеви. Со овие прикази повеќе од сигурно се потврдува дека промената на времето ќе дојде сигурно.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Денес и утре ќе се достигне максимумот од топло време

Објавено пред

на

Денес (петок 14 март) и утре (сабота 15 март) ќе го имаме максимумот од овој топол бран кој ја зафати Македонија и кој не е вообичаен за овој период од годината.

Времето ќе биде постабилно, посончево и многу ветровито. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина до околу 80 км/час).

Што се однесува до температурите на воздухот, тие насекаде ќе надминуваат 20 степени, на многу места тие ќе се искачат до околу, па  и над 25 степени, а во Повардарието тие ќе се искачат дури до околу 30 степени, особено во сабота (15 март).

И во Скопје ќе имаме слично време со температура која ќе се искачи близу 30 степени, вели Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Свет21 минута

(ВИДЕО) Доналд Трамп ја купи „Tesla Model S“ за 80.000 долари, инаку „Tesla“ скоро забележа пад на продажбата

Иако американскиот претседател Доналд Трамп за време на изборната кампања не го криеше противењето на електричните автомобили и „љубовта“ кон...

Спорт35 минути

Македонската фудбалска репрезентација со молк и обединети во тага поради настаните ги започнаа претстојните подготовки за претстојните предизвици!

Македонската фудбалска репрезентација ги започна претстојните подготовки и нови предизвици со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата...

Македонија40 минути

Здружението на новинари – „ЗНМ“ упати апел до политичарите и носителите на јавни функции

Како политичарите и носителите на јавни функции НЕ треба да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани. Следниот водич...

Кичево2 часа

Кичевските гимназијалци утре со мирен собир ќе оддадат почит кон загинатите во страшната несреќа во Кочани

Група на ученици преку социјалните мрежи упатуваат покана до сите свои врсници од кичевското средно општинско училиште „Мирко Милески“ но...

Балкан3 часа

(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги посети повредените Македонци кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија. Разговараше...

Македонија6 часа

Страшна работа, викендов 131 возач „паднаа“ на алкотест

Во рамки на засилените контроли за деновите од изминатиот викенд (14./15 и 16. 03.) според статистичките податоци полициските службеници во...

Македонија7 часа

Градоначалникот на Кочани поднесе оставка, „Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот“

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка од морални причини, истата ја истакна на неговата социјална мрежа која ви...

Lifestyle8 часа

Најдобри раси на кучиња за станови: Како да го пронајдете совршеното милениче за мал простор

Живот со куче во стан – можност или предизвик? Животот во стан носи многу предности – практичност, удобност и близина...

Магазин8 часа

Nintendo Switch 2 се очекува во јуни – позната е и цената

Што можеме да очекуваме од новата конзола? Иако Nintendo сè уште не открил официјални детали за Switch 2, аналитичарите веќе...

Магазин8 часа

Apple ги елиминира кабелот и портата за физичко полнење – iPhone 17 Air ќе има само безжична опција?

iPhone 17 Air ќе биде ултра тенок, но без приклучок за физичко полнење Apple планира да го претстави iPhone 17...

НАЈЧИТАНИ