Македонија
Патната состојба до 15:00ч во Македонија по реони

Состојба со врнежите од снег во Република Македонија до 15:00 часот
Скопски регион
Непроодни се патните правци кон селата Градманци, Кожле, Бадар, Брезница, Летевци, Блаце и другите населени места во тој правец.
Во Општина Зелениково – патните правци кон планинските села: Дејковец, Тисовица, Гумалево, Добрино и Палиград се непроодни.
Во Општина Студеничани –отсечени се селата Елово и Црни Врв, Горно Количани, Црвена Вода, Алдинци. Истите села имаат и проблем со снабдувањето со електрична енергија.
Битолски регион
Во Општина Новаци не се исчистени локалните патни правци кон селата Ивени, Груништа и Балдовенци.
Не е исчистен и регионалниот пат кон с.Старавина и тоа во делот од с.Рапеш до с.Старавина.
Во Општина Демир Хисар не е исчистен регионалниот пат кон село Боиште.
Во Општина Прилеп не се приодните локални патни правци кон селата во Мариовскиот регион (Полчиште, Бешиште, Дуње, Крушевица), бидејќи не е исчистен регионалниот пат Прилеп – Витолиште.
Заради дефект на електричната мрежа без напојување со електрична енергија се:
– КЕЦ Битола: Драгарино, Драгожани, Секирани, Габалавци, Лопатица, Буковски Ливади, Буково, Ореово, Новачки Пат, „Кафанџиска“, Долно Оризари, Карамани, Ѓавато, Кажани, Маловиште и Ротино.
– КЕЦ – Прилеп: Витолиште, Полчиште, Бешиште, Градешница, Старавина, Будимирци, Зовиќ, Канатларци, Ерековци, Подмол, Марул и Бонче.
Штипски регион
Со прекин на снабдување со електрична енергија во моментов се:Пониква, Шталковица и Ратковица во Општина Кочани.
Струмички регион
Поради испад на 10 КВ далековод, во моментот без електрична енергија е с.Куклиш.
Охридски регион
Во општина Центар Жупа не е прооден патниот правец за с.Броштица.
Во општина Кичево патните правци не се проодни за селата Душегубица и Кленоец.
Во општина Струга патните правци за с.Дренок, с.Вишни и с.Г.Белица се проодни само за теренски возила. Патниот правец за селата во Малесијата е прооден до с.Присовјани а се прават напори да се пробие до с.Збажди, додека останатиот дел од патот за селата Ржаново, Локов, Селци и Буринец не е прооден.
Кумановски регион
Во Општина Старо Нагоричане, непроодни се патните правци кон селата во Козјачијата, Малотино, Мгленце, Буковљане, Арбанашко, Дренак, Длабочица, Жељувино, Цветишница, Дејловце кон Бајловце.
Во Општина Липково од ЕВН известуваат дека поради дефект на 10 кв далновод, без електрична енергија се селата: Биљановце, Винце, Студена Бара и Краста.
-Регионален пат Ранковце – село Герман е непрооден.
Локалниот пат од село Дурачка река м.в.Метоф кон село Дренак е непрооден.
-Во општина Ранковце непрооден е патот кон село Криви Камен и патот с.Петралица.
Велешки регион
Во моментов без електрична енергија се: Оморани, Парадиште, Орешје, Нежилово, Мамутчево. Џидимирци.
Во општина Кавадарци без електрична енергија се селата Бегниште, Коштани, Коношиште, Горна Бошава, Чемерско, Бохола, Радња, Гопеш, Шешково, Праведник, Добротин во општина Кавадарци.
Во општина Неготино селата: Тимјаник, Горни и Долни Дисан, Дуброво, Војшанци, Каланево, Брусник и Тремник.
Во општина Демир Капија селата: Корешница, Драчевица и Чифлик.
Во општина Свети Николе непроодни се патните правци кон селата: Ерџелија, Мустафино, Пеширово, Анзабегово, Црнилиште
Без електрична енергија се селата: Горубинци, Кнежле, Трстеник, Преод, сопот и Малино.
АМСМ /ЦУК
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза7 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија10 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди7 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили1 ден
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети