Следете не

Случувања

ТРАГЕДИЈА: Почина еден од полицајците во денешната тешка сообраќајка на скопска обиколница

Објавено пред

на

Сaфет Бајрами, еден од двајцата повредени полицајци во сообраќајката кај обиколница, како што пренесува 24 инфо, им подлегнал на повредите. Бајрами бил дел од патролата на собраќајната полиција, која настрада вршејќи ја должноста на патот, а во овој сектор дошол пред само два дена, кога и добил решение за работа во автопатска полиција.

Колку за потсетување, несреќата се случила кога патролата запрела возило Бе-ем-ве со гостиварски регистарски таблички кое возело со брзина поголема од дозволената. Додека полициските службеници разговарале со возачот на автомобилот, на нив налетал камион со скопски регистарски таблички. Од ударот, автомобилот БМВ се запалил и целосно изгорел. Притоа, на лице место животот го загубил совозачот во автомобилот БМВ.

Блиските пријатели веќе се опростуваат од својот другар, колега на социјалните мрежи.

Почивај во мир.

Хроника

ОВР Крива Паланка приведе три лица, се сомничат за убиство на 84 годишен старец, најден закопан во близина на живеалиште

Објавено пред

на

На 01.04.2025 во 18.25  часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С. Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко . Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат.

Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово.

По насока на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“

Објавено пред

на

©porta.mk

Патна информација до сите кои патуваат преку планинскиот превој „Стража“, особено да внимаваат затоа што има намалена видливост поради појава на магла – 50-80м, додека сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози.

Патувајте безбедно, почитувајќи ја поставената патна сигнализација и прилагодување на возилата према условите на патот.

Пријатен пат!

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите

Објавено пред

на

Почнувајќи од 5 април (сабота) па во текот на следната седмица, ни следува многу ладен период, и тоа поради спуштањето на многу ладен воздух директно од Сибир кон Балканот и Република Македонија. Сето ова ќе го предизвика Антициклонот (поле на висок воздушен притисок) над Велика Британија, токму овој Антициклон слободно ќе дозволи кон нашите предели од Сибир да продре овој многу ладен воздух.

Овој многу ладен воздух ќе го активира Јадранот и Средоземјето, па ширум Балканот, особено централен Балкан, како и јужните  и југоисточите предели од истиот поради стварање на плиток циклон токму над Јадранот и над Средоземјето ќе услови пообилни врнежи од снег  и формирање на снежна покривка, локално позначителна, како на повисоките  и планинските места, така  и во делови од градовите.

На Метеоролошката карта можете да погледнете колку снег се очекува да наврне во текот на веќе споменатиот и најавен многу ладен бран од Сибир. Може да се види дека најголема снежна покривка очекувам во западната половина од нашата Република Македонија (локално и над 10/20 cм снег) а на планините  и на Скијачките центри и до околу, па и над 30 cм снег.

Исто така на вторава Метеоролошка карта може да се види дека од сабота па во текот на следната седмица очекуваме и појава на посилен мраз, а температурите локално во Македонија ќе се спуштат до близу -10 степени, а на планинските и на Скијачките места  и до, па и под -10 степени.

– Да напоменам дека температурите кои се очекуваат за време на Сибирскиот многу ладен бран, ќе бидат многу пониски од просекот за април месец, дури за околу, па  и за повеќе од 10 степени под просекот за овој дел од годината, доцна вечерва информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин6 часа

Nintendo е подготвен да ја претстави конзолата Switch 2

Nintendo ќе открие детали за Switch 2 конзолата во среда, додека инвеститорите со нетрпение очекуваат информации за цената и датумот...

Магазин6 часа

Nvidia GTC 2025: Најновите иновации во вештачката интелигенција

Nvidia GTC 2025, најголемата технолошка конференција, ги носи најновите иновации во вештачката интелигенција, роботиката и компјутерските технологии. Не очекуваат нови...

Магазин6 часа

Apple Intelligence конечно достапен во Европската унија

Apple го објави iOS 18.4 за јавна дистрибуција овој понеделник, малку пред објавениот датум, што официјално им овозможи на корисниците...

Хроника6 часа

ОВР Крива Паланка приведе три лица, се сомничат за убиство на 84 годишен старец, најден закопан во близина на живеалиште

На 01.04.2025 во 18.25  часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С. Ф. (19)...

Македонија18 часа

Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“

Патна информација до сите кои патуваат преку планинскиот превој „Стража“, особено да внимаваат затоа што има намалена видливост поради појава...

Хороскоп19 часа

Хороскоп за среда (2 април)

ОВЕН Секогаш може подобро и вие тоа најдобро го знаете, па поработете на организацијата и плановите во наредниот период. Ништо...

Временска прогноза20 часа

Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите

Почнувајќи од 5 април (сабота) па во текот на следната седмица, ни следува многу ладен период, и тоа поради спуштањето...

Спорт22 часа

Андов го истакна списокот со фудбалерки за дуелите со Летонија и Косово во рамки на Лигата на нации за пласман на СП 2027

Женската А репрезентација на Македонија на почетокот на април ќе одигра два натпревари против Летонија и Косово во рамките на...

Македонија1 ден

МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија1 ден

Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

НАЈЧИТАНИ