Следете не

Кичево

Полна сала и успешна промоцијата на книгата „Кичевска нахија според извори на османски јазик“ од нашата драга кичевчанка Викторија Алексоска“

Објавено пред

на

Вчера на 16.11.2019 во НУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Кичево се одржа промоција на книгата „Кичевската нахија според извори на османски јазик“ од авторката Викторија Алексоска. Рецензенти на настанот беа м-р Неџад Мехмедовиќ, асистент-истражувач во институтот за национална историја од Скопје и Оливера Ширговска – претседател на литературниот клуб во Кичево.

„Со оваа книга се обидов да направам едно истражување за мојот роден град Кичево, кое што досега воопшто не било тема на разработка во ниедно друго дело, односна темата на овој научен труд е “Кичевската нахија според извори на османски јазик (XV-XVII век)“. До оваа идеја дојдов додека бев на пост-дипломски студии по османистика-туркологија во Центарот за источни јазици и култури на катедрата по туркологија и алтаистика на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија, Република Бугарија. За истите добив целосна стипендија од Министерството за образование и наука на Македонија.

Во еден разговор со мојот ментор, односно научен раководител проф. д-р Стојанка Кендерова изразив желба дека сакам да истражувам за мојот роден крај и темата за одбрана на магистерска да ми биде токму за Кичево. Таа беше воодушевена и ми кажа каде можам да најдам оргинални документи напишани на османски јазик од периодот на османското владеење. Ме упати во Националната библиотека во Софија, каде со посебни процедури имав пристап до голем број на документи во ориенталскиот оддел. Со оглед на тоа што требаше да одберам конкретен период и тема, се одлучив тоа да бидат финансиски регистри за собирање на данокот џизие кои ги покажуваат резултатите од собирањето на задолжителниот данок џизие, наметнат врз немуслиманското население во Османската империја (христијани и евреи). Разработив еден документ од XV век, каде се претставени некои села од нахијата Кичево, додека пак другите се од XVII век, каде Кичево се споменува како вилает Крчова.

Значаен документ кој го претставувам во книгата е ферман од селото Брждани – Кичевско, кој претставува заповед од султанот Абдул Азиз со кој се овозможува да се изгради разрушената црква „Св. Никола“ во селото Брждани. Интересно е тоа што вакви султански фермани ретко се преведени, а истите докажуваат дека Османската империја имала почит кон другите народи кои биле со различна религија од нив да им овозможат да изградат свои светилишта, а исто така било строго забрането да се попречува нивниот процес на изградба или реновирање. Ова е еден голем знак дека уште во тоа време Османската империја функционирала како што денес функионира една секуларна држава.

При самата разработка користени се различни методи, како што се табеларни пресметки, статистика за сумите на данокот џизие и превод и транскрипција на оригиналите. Исто така, вклучени се и текстови на зачувани до денес легенди и преданија поврзани со минатото на Кичево, како и фотографии. Користени се научни публикации и референтни дела од македонски, бугарски, турски и автори од западните земји, а истите се прикажани во библиографијата на крајот од книгата.

Со оглед на тоа што документите за данокот џизие се напишани на писмото сијакат, кое претставува писмо кое е најтешко за расчитување, можам да кажам дека нивното пренесување на арабица, како и транскрипцијата која ја направив беа еден предизвик за мене, затоа што токму тој дел беше најтешкиот за мене од ова истражување.“ – за нашиот портал вели Викторија Алексоска

„Врз основа на османските документи, извлечени се важни заклучоци за демографската состојба во Кичевската Нахија во наведениот период. Се разбира, овие заклучоци и забелешки треба да продолжат, привлекувајќи нови, неискористени извори. Со својата иницијатива и енергија, Викторија Алекоска докажува дека е подготвена да ја продолжи својата работа во оваа област. Таа дефинитивно покажува приврзаност кон родниот крај и желба да даде свој скромен придонес во откривањето на неговото минато.“ изјавува – проф. д-р Стојанка Кендерова од Софија, Р. Бугарија.

„Книгата е значајна како за историчатите и османистите, така и за општата читателска јавност. Истата е посебно значајна за кичевчани со оглед на тоа што ни дава до сега не објавени оригинални податоци за демографската структура на Кичевската нахија, но и многу други значајни, до сега не објавени податоци за кичевско. Секој автор е по малку пристрасен кога пишува за својот роден крај, но тоа не е случај со авторката Алексоска. Таа во делото многу реално ја прикажува општествената состојба на Кичевската нахија при што ги зема во предвид сите значајни фактори кои влијаеле на процесите во периодот за кој трудот се однесува.“ м-р Неџад Мехмедовиќ, асистент-истражувач од Институтот за национална историја Скопје.

„Ова дело на младата Викторија , ќе остави траен белег како националното богатство на нашиот народ , низ страниците и архивските податоци се забележува огромната желба на нашиот народ за зачувување на својата историска определба , желбата за зачувување на мајчиниот јазик и културните вредности кои ги имал и поседувал во тој период . Многу архивски податоци и веродостојни документи ќе бидат мотив за ова научно истражување каде авторката ќе го долови и самиот зародиш на градот Кичево.“ додава – Оливера Ширговска, претседател на литературниот клуб од Кичево

Кичево

Управните служби во Кичево и останатите добиваат ново работно време

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.

Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.

Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 08.00 часот па до 18.00 часот, а истото работна време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.

Во останатите пак подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.

Прочитај повеќе...

Кичево

ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

Објавено пред

на

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги на житниот пазар, затекнати се М.Д.(60) од Скопје и А.Џ.(66) од Кичево, кои за продажба изложиле повеќе парализатори и метални палки на преклоп и други предмети.

Врз основа на членот 80 од Законот за оружје, предметите се одземени, а против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, за медиумите и јавноста известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Момчињата од „ФК Кичево“ денес одиграа два контролни меча со одличната екипа на „ФК Гостивар“ на гостински терен

Објавено пред

на

Во рамки на денешниот ден нашата екипа од „ФК Кичево“ генерација 2011 и 2014 година одиграа два контролни меча со соодветна екипа на „ФК Гостивар“. Преку нашиот медиум, управата и тренерите упатуваат голема благодарност до домаќинот екипата на „ФК Гостивар“ и нивниот координатор г-дин Менсур Јакупи за одличниот прием и можноста да нашите момчиња стекнат нови пријателства и искуства.

Галерија од денешните натпревари, „ФК Кичево“ ген. 2011:

Престижната генерација 2014:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза5 часа

Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија...

Свет5 часа

(ВИДЕО) Страшна несреќа во САД, автомобил падна од мост

Во Сакраменто, Калифорнија, автомобил падна од надвозник на автопат. За чудо, и покрај тоа што се превртел и слетал на...

Мобилни уреди6 часа

Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години

Многу корисници изразуваат жалење поради отстранувањето на копчето Home и Touch ID, посочувајќи колку овие функции им биле корисни на...

Македонија8 часа

Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на...

Магазин17 часа

YouTube конечно ги намалува цените. Наскоро доаѓа нова опција Premium Lite без реклами

YouTube официјално ќе започне со поевтина претплата Premium Lite, која ќе им овозможи на корисниците да гледаат видеа без реклами...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за сабота (22 февруари)

Овен Препораката е да водите сметка со кого соработувате во иднина за да немате поголеми проблеми. Not seeing a widget?...

Македонија1 ден

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г....

Lifestyle1 ден

Како да го искористите празното шише за детергент за чистење?

Пред да фрлите нешто, размислете дали може повторно да се употреби. Овој совет важи за сè – од стари тегли...

Магазин1 ден

Старомодни колачиња со јаткасти плодови кои одлично се комбинираат со кафе или чај

Овие неодоливи колачиња со ореви ќе ги воодушеват и најпребирливите љубители на слатки. Совршени за оние моменти кога сакате да...

Храна1 ден

Рецепт за највкусна чоколадна торта: Тајната е во овие три неочекувани состојки

Секој љубител на чоколадни торти знае дека правењето на совршено мека, сочна и вкусна торта е уметност. Но, што ако...

НАЈЧИТАНИ