Забава
Порта.мк Кичево Гејминг: Counter Strike 1.6 сервер | #СедиДома #Играј #БидиКул

Нашиот тим поради состојбата со Коронавирусот на барање на својата публика во овие времиња на домашна изолација и полициски час, како пред се број 1 решение покрај другите превентиви за нашето здравје, реши да креира сервер на мега популарната и безвременска игра Counter Strike 1.6 кој ќе биде достапен за кичевчани и нашите останати верни читатели од другите краеви на Македонија и светот.
Се што треба да направите е да имате желба за играње и да ја download-ирате Counter Strike 1.6 верзијата на некој од линковите тука и секако connect на нашиот online сервер cs.porta.mk:27015, кој ќе биде достапен 24/7
Регистрирани сме и на најголемата гејм база во светот „Game Tracker“ со верификуван (claim), каде може да ги гледате сите статистики за серверот и играчите updated секоја секунда – ТУКА
Напомена: Серверот е за забава, не за тоа кој колку score може да направи, па да користи различни помошни *.exe за истото. Инсталиран е современ Anti-Cheat софтвер кој ве скенира и може да ви зададе траен ban.
Уживај и најважно не заборавај #СедиДома #Играј #БидиКул
Видео
Како да се исчисти пеглата, односно изгорените наслаги?! Едноставно е! (ВИДЕО)

Како да се исчисти пеглата, односно изгорените наслаги кои се насобрале со текот на времето?! Едноставно е! Навистина, за само една секунда, сите изгореници исчезнаа, а плочата го врати својот поранешен сјај.
Нема човек на кој не му се залепило пегла на ткаенината, оставајќи дамки од изгорен материјал на рамната површина.
Многу луѓе се обидуваат да најдат лек кој ќе ги отстрани изгорените делови, а никогаш не би помислиле дека тоа може да се направи само со помош на таблети кои веројатно веќе ги имате дома.
Имено, еден татко демонстрирал магичен трик за чистење пегла на Тик Ток.
Навистина, за само една секунда, сите изгореници исчезнаа, а плочата го врати својот поранешен сјај.
Да, овој трик сигурно ќе ве воодушеви, бидејќи пеглата можете да ја исчистите со таблета парацетамол.
Видеото прикажува детална процедура, а доколку ја следите, можете да заштедите многу пари, кои инаку би ги потрошиле за купување нова пегла.
Прв чекор: Добро загрејте ја пеглата
Чекор два: Фатете ја таблетата со пинцета и нежно втријте го на загреаната даска за пеглање.
Трет чекор: Кога ќе ја намачкате пеглата со парацетамол, избришете ја со стара крпа и ќе видите како остануваат нечистотиите на крпата.
Видеото погледнете го ТУКА.
Видео
Оваа мачка секој ден чека пладне. Погледнете зошто

Мачка Дона многу добро знае дека е пладне кога се служи ручек. Нејзините сопственици го поставиле автоматското хранење на пладне, но не очекувале дека Дона ќе научи да гледа во часовникот и да препознава кога е тој момент од денот.
Тие ја снимиле нивната мачка како седи неподвижно на подот и гледа во часовникот кој покажувал време 11:59. Штом удри пладне, мачката ја сврте главата кон хранилката. Почекала неколку секунди да се појави храната, а потоа тргнала кон неа. Погледнете го видеото.
0
Видео
Мачката се обиде да го фати глушецот, луѓето беа изненадени од тоа што се случи потоа (ВИДЕО)

Видеото на кое се гледа како мачка се обидува да фати глушец стана вирален хит на TikTok поради неочекуваниот пресврт на настаните што изненади многумина.
Како што можете да видите на видеото, мачката самоуверено го фаќала глувчето во првата половина од видеото, се додека не решил да ја смени тактиката и да се соочи со неа.
Во моментот кога храбриот глушец истрча кон мачката како да сака да се бори, мачката исплашена истрча и тогаш глушецот почна да ја брка.
Необичниот настан предизвика лавина реакции на TikTok.
„Улогите брзо беа сменети“, „Глувчето извлече Uno карта“, „Том и Џери“, „Одвојувањето што беше навистина тешко да се предвиди“, беа коментарите.
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт1 ден
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Македонија10 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Временска прогноза2 дена
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Македонија13 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Временска прогноза4 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Скопје1 ден
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Македонија2 дена
Убави вести од Министерството за здравство, шест пациенти од трагичниот пожар во Кочани се враќаат дома