Македонија
Денес е православна Нова година, во чест на Св. Василиј Велики

Денес МПЦ го празнува Св. Василиј Велики, епископ Кесариски.
Роден е во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа Св. Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник. Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни педесет години од раѓањето.
Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност, голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква – Василиј се нарекува Велики со полна заслужност. Во црковните богослужби најчесто е нарекуван пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвижнички и канонски; и литургија наречена според неговото име. Василиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота. Свети Василиј се упокои мирно на 1 јануари 379 година, кога се пресели во Царството на својот Господ Преданието за „Василопитата” или лебот на свети Василиј Велики Во времето кога Божјиот угодник свети Василиј Велики (330-379) стана Архиепископ Кесариски, епархот на Кападокија, кој беше многу алчен и груб човек, имаше обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот. Кога на свети Василиј му јавија дека епархот повторно доаѓа, тој побара од богатите луѓе во Кеасрија да го донесат сиот свој накит и златници.
Кога епархот пристигна, свети Василиј го пречека и му го понуди богатството. Епархот се изненади и по некое чудо се засрами, така што одби било што да земе, ниту пак го ограби градот. Тој никогаш повеќе не се ни врати, ниту пак им досадуваше на верните од градот. Свети Василиј остана со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, тој ги замоли готвачите да направат мали лебови за секој верник. Во секој од лебовите тој стави нешто накит и златници. На денот на Новата Година кога сите луѓе дојдоа во црква, тој на секого му даде по едно лепче. Тоа што секој го имаше најдено во лепчето беше токму тоа што претходно го имаше дадено.
За спомен на овој настан до ден денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Новата Година (по стар календар) да се меси лепче со паричка во него. Лепчето се разделува така што првото парче е наменето за спомен на Господ наш Исус Христос, второто за Пресвета Богородица, третото за свети Василиј Велики. Понатаму лепчето се разделува на присутните. Оној кој ќе ја најде паричката го добива благословот на свети Василиј Велики за претстојната година.
Истиот ден црквата го одбележува и Обрезанието Господово.
Во осмиот ден по раѓањето Божествениот Младенец Го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраам, Го обрезаа. Тогаш Му го дадоа името Исус, онака како што Ѝ благовестеше на Пресветата Дева архангелот Гавриил. Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господ покажува дека Тој на Себе прими вистинско човечко тело а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. Уште Господ е обрезан и затоа што сакал да се исполни целиот Закон, којшто Самиот го дал преку Пророците и Праотците. Откако ја исполни таа заповед од Законот, во Својата Црква Христос ја замени со Крштението. „Зашто во Исуса Христа ниту обрезанието има некаква сила ниту необрезанието, туку новата твар“ (Гал. 6, 15), објавува апостолот. (Во црковното богослужење овој Господов празник нема ниту претпразненство ниту попразненство).
Македонија
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.02.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит.
Македонија
Фрапантни податоци на сообраќајни прекршоци за месец февруари

Во текот на минатиот месец (февруари 2025), како резултат на планските континуирани сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, од сообраќај вкупно беа отстранети 2.059 возачи што управувале возила без возачка дозвола, 617 возачи кои возеле под дејство на алкохол, додека пак дури 7.473 возачи добиле прекршочни казни заради возење со поголема брзина од дозволената.
Од вкупниот број издадени платни налози, а тој за февруари месец изнесува 23.844, 1.508 платни налози се однесуваат на некористење сигурносен појас, 766 за користење на мобилен телефон при возење, а санкционирани се и 475 пешаци. Најголем број од прекршочните пријави се за неправилното паркирање 5.746 прекршоци.
Инаку, во рамки на засилените контроли за деновите од изминатиот викенд (01/02.03.), според статистичките показатели, полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР изрекле вкупно 1.278 платни налози и притоа без возачка дозвола биле затекнати 126 возачи, а пак 144 возачи возеле под дејство на алкохол.
Исто така, евидентирани се и 238 прекршоци по основ на пребрзо возење, 79 лица не користеле сигурносен појас, 37 возачи користеле мобилен телефон, 14 минале на црвено светло, а прекршочно биле санкционирани и петмина пешаци, информира МВР.
Македонија
Приведен крадец во Гостивар, украл пари и телефон од верски објект

На 02.03.2025 во 14.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.П.(25) од Република Албанија.
Тој се сомничи дека претходно во верски објект во Гостивар одзел мобилен телефон и пари од Б.Т.(29), од с.Долна Бањица, гостиварско.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Г.П. бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
-
Кичево1 ден
Следните кичевски улици и села утре и во вторник ќе имаат прекин во електрична енергија поради работа на „ЕВН КЕЦ Кичево“
-
Хроника2 дена
Србија во шок: По кратко боледување денеска почина директорот на „Гранд продукција“ – Саша Поповиќ
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за понеделник (3 март)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (2 март)
-
Временска прогноза1 ден
Од среда на повидок пролетни дневни температури, вакво време не очекува оваа седмица
-
Временска прогноза2 дена
Вакво време не очекува во текот на утрешниот ден
-
Македонија1 ден
Лишен од слобода возач кој под дејство на алкохол удри пешак синоќа во Скопје, одземено му е возилото
-
Култура1 ден
Денеска е „Прочка“ ова се верувањата и обичаите за овој голем ден