Временска прогноза
Пред нас дождлив викенд: Денес облачно со повремени врнежи од дожд, во недела пообилни врнежи и грмежи, ова се деталите
Времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.
Утринската температура ќе се движиод два до девет степени, а дневната температура од 11 до 21 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.
Утринската температура ќе достигне до шест степени, а дневната температура до 16 степени.
Во недела врнежите ќе бидат пообилни (над 20л/м2) и поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура од недела зачително ќе опадне. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.
Временска прогноза
Попоски доцна вечерва издаде уште едно метео предупредување за силен ветер, на планинските места тој ќе достигне брзина до 100 км/ч
Метеорологот Славчо Попоски доцна вечерва издаде уште едно метео предупредување. Имено како што стои во соопштението тој истакна: Од среда до сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен, југозападен и од западен, а во сабота од северен правец (повремено и локално собрзина од 80 до 90 км/час, а во планинските места и со брзина до околу 100 км/час).
Токму поради ова препорачуваме крајна внимателност, но и да се внимава каде ги ставате вашите автомобили, односно да бидат понастрана од дрвата, особено од оние кои се постари!
Временска прогноза
Суво и стабилно до вторник, од среда нов влажен воздушен бран кој ќе донесе повремени врнежи од дожд, додека на планините снег
Стабилното и суво време ќе се задржи само до вторник. Веќе од среда 20.11.2024 па се до крајот на неделата под влијание на моќен циклонски систем кој ќе биде во склоп со многу поладниот воздух кој ќе се спушта од север, ќе условува серија на изразени влажни воздушни бранови кои ќе условуваат повремени врнежи од дожд, и истите повремено ќе бидат обилни.
На планините и на повисоките места повремено ќе има врнежи од снег, а повремено снежната граница можно е повторно да се спушти до околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што појава на повремен снег би можело да има и во повисоките населени места.
Сето ова ќе биде проследено со засилен, до повремено силен ветер од јужен, југоисточен и од западен правец, додека во сабота ветерот ќе биде повторно силен и од северен правец. Повремено и локално ветерот ќе достигнува доста голема брзина (и тоа од над 80/90 км/час).
За време на оваа серија на влажни воздушни бранови, повремено и локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен), а на планините ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 cм, а на високите планини таа би можела да биде и поголема. Помала снежна покривка има услови да се формира и во повисоките населени места.
Што се однесува до температурите, тие најпрвин ќе бидат во пораст, особено во среда кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени. Од четврток тие ќе опаѓаат и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, меѓутоа повремено тие ќе бидат и значително пониски, а во утринските часови особено во петок и за време на викендот ќе биде многу постудено кога температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, а понекаде тие ќе се спуштат и до близу -10 степени, на високите планини и под -10 степени, пишува Славчо Попоски, еден од најдобро истакнатите метеоролози во земјава.
Временска прогноза
Викенд временска прогноза, ќе имаме и сонце но ќе биде ладно
До крајот на денешниот петочен ден во Македонија ќе имаме претежно облачно и студено време со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, и истиот ќе биде најизразен Долж Повардарието. Во југозападните предели ќе има врнежи од дожд, додека на планините, а потоа во вечерните и ноќните часови кон утрешниот саботен ден и во некои повисоки населени места ќе има повремен снег. Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и под 1000 метри надморска височина.
Утре (сабота) рано наутро сеуште во југозападните предели ќе има повремен дожд и снег, додека веќе во текот наденот, како и во недела ќе имаме стабилно, суво и претежно сончево време, со појава на мала локална облачност. Во недела во утринските часови по котлините и речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност, која понекаде ќе биде многу густа.
И во Скопскиот регион до крајот на денешниот петочен ден ќе имаме претежно облачно време со услови за сосема слаб локален дожд, а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец. За време на викендот пак и таму ќе имаме претежно сончево време со појава на мала локална облачност. Во утринските часови ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.
Што се однесува до температурите, наутро и тоа поради разведрувањето ќе биде многу постудено со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека на високите и планинските места тие би можеле да бидат и пониски. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12, 13 степени.
Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -3 и 1 степен, додека максималната дневна температура ќе се искачи до околу 12 степени, пишува Славчо Попоски
-
Кичево1 ден
(ФОТО) На кичевско „Китино Кале“ наши сограѓанки од граѓанското здружение “Sunshine Kids” организираа културен настан „Мојот шарен град“
-
Спорт12 часа
(ФОТО) Во дерби мечот против „Еврогол“ од Прилеп, ФК Кичево денес оствари важна победа во одлично прикажана игра
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (17 ноември)
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за понеделник (18 ноември)
-
Временска прогноза9 часа
Суво и стабилно до вторник, од среда нов влажен воздушен бран кој ќе донесе повремени врнежи од дожд, додека на планините снег
-
Временска прогноза3 часа
Попоски доцна вечерва издаде уште едно метео предупредување за силен ветер, на планинските места тој ќе достигне брзина до 100 км/ч
-
Спорт6 часа
Сејдини поднесе оставка од претседател на ФФМ, УО закажа вонредно изборно собрание за 22-ри декември
-
Спорт9 часа
(ВИДЕО) Миовски донесе нова победа на Македонија, овој пат против Ф.Острови – нов рекорд на нашата селекција без примен гол