Здравје и убавина
Дали сте знаеле дека „предењето“ на мачката лечи многу болести!?
За благодетите кои во нашите животи ги носат домашните миленичиња постојано се зборува, а предењето на мачките е една од водечките методи на лечење која овие грациозни животни ја применуваат врз своите сопственици.
Свесни за предвидените ефекти кои мачките ги имаат врз луѓето, вработените во асоцијацијата „Animal Care“ од Пакистан направиле корисен водич со информации со кој точно ќе ги дознаете предностите на мазата која ви се мотка околу нозете, иако понекогаш тоа и ве нервира.
Го намалува стресот
Вибрациите кои се создаваат за време на предењето на мачките делуваат седативно на нервниот систем на луѓето и така нè смируваат. На овој начин се намалува стресот и напнатоста која редовно ја чувствуваме по враќањето од работа.
Дијагностика со предење
Во светот лекарите стануваат сè повеќе свесни за „моќите“ кои ги поседуваат мачките. Имено, после низа истражувања, лекарите дошле до заклучок дека предењето на мачките се разликува во моментот на уживање и во моментот на предупредување на луѓето за одредена болест. Исто така, постои поврдена студија за видот на предење кој е поинаков во зависност од болеста.
Го намалува крвниот притисок
И крвниот притисок спаѓа меѓу работите кои мачките можат да ги регулираат. Не велиме дека можат да ги заменат лековите, но сигурни сме дека добро ќе влијаат на вас.
Ги зајакнува коските
Според зборовите на светските ортопеди, фреквенцијата од 25 – 200 Hz, која ја произведуваат мачките за време на предењето, е најдобра за зајакнување на коските.
Го намалува ризикот од инфаркт
Според последните истражувања на кардиолозите, сопствениците на мачки имаат 40 проценти помал ризик од инфаркт.
Отстранува отоци и инфекции
Експертите исто така тврдат дека силните вибрации кои мачките ги произведуваат влијаат на забрзување на циркулацијата, што допринесува за побрзо намалување на отоците и за елиминирање на инфекциите од оргазнимот.
Позитивно влијание врз лигаментите и мускулите
Многу професионални спортисти забележале неверојатно позитивно дејство од своите мачки во моментите кога им биле заморени мускулите или кога имале повреда на лигаментите и тетивите. Научниците успеале да ја потврдат оваа појава и преку истражување, па сега голем број спортски физиотерапевти им препорачуваат на спортистите што повеќе да се мазат со своите мачки кои ги чуваат како домашни миленици
Здравје и убавина
На колку време треба да се менува четката за заби?
„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!
Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.
И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.
Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.
Извор: denar.mk
Здравје и убавина
Како да направите диетален домашен сок од ананас
Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.
Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.
Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…
Состојки:
– 1 ананас
– 1 лажица ленено масло
– 2 дл. Ладна вода
– малку сок од лимот или лимета
Подготовка:
Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.
Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.
Извор: денар
Здравје и убавина
Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата
Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.
Состојки:
– 2 литри обична природна вода
– 1-2 големи портокали
– 3 киви
– 5 јагоди
– сок од половина лимон или лимета
Начин на подготовка:
Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.
Извор: денар
-
Временска прогноза20 часа
Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за понеделник (23 декември)
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (22 декември)
-
Временска прогноза2 дена
Од денес и календарски е зима, од понеделник по студено со снег и силен ветер
-
Временска прогноза7 часа
Западните и северозападните делови од Македонија утрово под продор на ладен и влажен воздух кој носи снежни врнежи
-
Автомобили22 часа
Автомобилскиот бренд Dacia продаде повеќе од пола милион примероци во Европа за 11 месеци од оваа година
-
Спорт19 часа
Масар Омерагиќ со 62 гласа и нути еден против избран за нов претседател на ФФМ
-
Магазин19 часа
Живот на Месечината? Јапонија работи на лунарно живеалиште со вештачка гравитација