Следете не

Магазин

Прекинете ја караницата на наједноставен начин

Објавено пред

на

Наше мислење е дека не постои ниту еден пар на светот кој не се кара, макар и за ситници. За да ја прекинете или ублажите караницата потребни ви се само добри реченици и сè ќе биде во ред.

Наместо да си галамите еден на друг сè додека прозорите не се скршат, обидете се да го прашате партнерот што можете да направите за да го решите проблемот којшто настанал. На тој начин ќе почнете нормален разговор со нормален тон.

Ако се карате веќе подолго време, најдобро решение е да му понудите на партнерот заедно да ја гледате омилената серија. На тој начин ќе знаете дека и по караницата нормално ќе функционирате.

Додека се карате со партнерот кажете му дека е згоден кога е лут. Каков и да е, сигурно ќе му изнудите насмевка на лицето.

Прашајте го партнерот што тој чувствува додека се расправате. На тој начин подобро ќе ги увидите потребите на другиот и можеби ќе престанете да се карате.

Доколку караницата започнала поради некоја ситница, најдобро е да се запрашате дали е тоа поважно од вас двајца. Ако сфатите дека не е, ќе ви биде лесно да го решите проблемот кој го имате.

Хороскоп

Хороскоп за четврток (30 јануари)

Објавено пред

на

Овен

На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња.

Денес, важно е да излезете и убаво да си поминете.

Во здравјето, немате лоши тегоби.

Бик

Имате одлична соработка со една Девица. Искористете го периодот кој е пред вас, бидејќи имате многу можности кои за жал само вие не ги забележувате.

Искористете го времето за нешто што ќе ве направи среќни. Поминете време со личност која ви е драга.

Можни се болки во грлото.

Близнaци

На работа, ситуацијата не е најдобра, но треба да обрнете повеќе внимание на сите детали а не само на оние кои вам ви одговараат.

Постои личност на која често мислите, а која исто така мисли на вас. Не ја игнорирајте.

Излезете на прошетка.

Рак

Ако планирате новини на работа, може е подобро да почекате, бидејќи вашето расположение се менува од миг во миг.

Сакате да фасцинирате една личност, но тоа не ви носи успех. Време е да бидете конкретни во своите намери.

Потребни ви се повеќе течности.

Лав

Не сте во лоша ситуација, се додека имате излез од тоа. Она што не можете да го постигнете е добра соработка која ви се нуди од една Риба. Почекајте.

Премногу барате од својот партнер. Балансирајте меѓу своите и нивните желби.

Тахикардија.

Девица

Влегувате во некој работен ангажман со голем ентузијазам, но повеќе внимание треба да обрнете на соработката со остантите членови на тимот. Поработете на тоа.

Во љубовта, премногу давате на погрешна личност. Размислете каде ве води тоа.

Кашлица.

Вага

Отворени сте за нова соработка и ќе уживате во таквата промена. Потрудете се да доведете во ред некои детали.

Ако сте во долгогодишна врска денес е ден за размислување за брак.

Опуштете се со тивка музика.

Шкорпија

Се соочувате со стрес поради поголемата потреба од финансии. Чувствувате промена во вашиот паричник.

Заљубени сте во еден Рак. Ви годи дружењето со нив, но морате да ги покажете емоциите.

Ослободете се од стресот.

Стрелец

Надредените бараат многу од вас. Морате да се фокусирате на задачата, бидејќи тоа е важно за вашата кариера.

Не ве загрижува мислењето на другите. Вие си имате свој приоритет кој е неразбирлив за нив, но уживате во љубовта.

Стрес.

Јарец

Финансиската ситуација се подобрува. Воочувате причина за ново напредување, кое ќе дојде оваа недела.

Ви доаѓа подобра ситуација на ова поле од она со што се соочувавте досега. Ќе бидете во одлично расположение. Личност родена во знакот Рак ве обожава.

Под стрес сте и реагирате импулсивно.

Водолија

Зголемениот интерес за посилен финансиски прилив е нешто што ви се допаѓа, но за што не преземате ништо конкретно.

Заљубени сте и сметате дека не треба да ја пропуштате шансата да бидете со еден Јарец, кој е покрај вас во последно време.

Здравјето е одлично.

Риби

Полето на странство ви носи една уабва соработка. Бидете спремни за успех.

Доколку работите не одат онака како што вие сакате, не очајувајте. Некој ве набљудува, но потребно му е време.

Медитирајте.

Прочитај повеќе...

Магазин

Денес им е роденден: Спасен Сиљаноски, еден од најдобрите и најпопуларни пејачи на македонската естрада

Објавено пред

на

ФОТО: andreevaleksandar.co

Денес, на овој ден во Кичево е роден еден од најдобрите и најпопуларни пејачи на македонската музичка сцена, незаменливиот Спасен Сиљаноски кој го слави својот 41 роденден. Со широка насмевка и секогаш со ведро расположение важи за еден од нашите најпопуларни фолк пејачи кој нема своја копија.

Неговиот најголем хит „Ке ти дојдам вечер“ стана ултра вирална композиција која му донесе светска и интернационална слава. Неговиот оркестар „Престиж“ без кого како што вели „не може да го замисли својот настап“ е составен од прекрасни личности, пред сè професионалци кои мора да им сè даде посебно место за овој ден, затоа што покрај прекрасното семејство, тие се т.н. второ семејство во неговиот живот, а тоа се: Маестро Кире Петрески (гитара), Христијан Матлиоски (Саксофон), Илија Тотоски „Тота“ (Клавијатура), Васко Стојаноски (Бас) и Дејан Богданоски (Удирачки инструменти). Истите тие ја прават вашата свеченост професионална и запаметена, коотирајќи високо на врвот на домашната но и странска сцена во музичкиот свет. Нивните дела може да се следат на официјалниот јутјуб канал од Спасен Сиљаноски ТУКА

Оркестар „Престиж“ & Спасен Сиљаноски

Оркестар „Престиж“ & Спасен Сиљаноски

Сиљаноски тековната година како најзебележителен пред малите екрани заедно со Адријана Алачки ја води емисијата „Везилка“ еден од најгледаниот во моментов и најубавиот проект на македонската телевизија „Алфа“, каде се негува промоција на македонската култура и традиција.

Неговиот последен Хит е веќе популарната меѓу луѓето „Лено мори лено“, а тука се и безвременските „Мајка, До кога боже, Мајка сина прашува, Ах да се врати времето, Назифе, На свадба ме канат, И ние си бевме деветмина браќа“ итн…

Порта.мк упатува честитка за среќен роденден, исполнет со многу здравје, љубов, среќа и успеси на работно поле, да не веселите уште долги долги години!

Featured Photo: andreevaleksandar.co

Прочитај повеќе...

Lifestyle

„Перењето постелнина: Колку често треба да го правите за здрава кожа и добар сон“

Објавено пред

на

Постелнината е идеална средина за развој на бактерии и алергени, бидејќи апсорбира пот, масла, мртви клетки на кожата, прашина и грини. Ова го прави миењето на постелнината клучен дел од одржувањето на хигиената во домот и обезбедувањето квалитетен сон. Но, колку често треба да ја миете постелнината за да се осигурате дека е вистински чиста?

  • Чистотата на постелнината: Постелнината доаѓа во контакт со вашата кожа секој ден и апсорбира разни нечистотии како пот, масла, мртви клетки и прашина, што го прави идеално место за размножување на бактерии и грини.
    Редовното миење не само што ја продолжува трајноста на постелнината, туку и создава поздрави и почисти услови за спиење.
  • Колку често треба да ја миете?: Според експертите, постелнината треба да се пере најмалку еднаш неделно. Кога не ја миете редовно, ризикувате да го делите креветот со околу 20.000 грини, што може да биде проблематично, особено за оние кои страдаат од алергии.
    Мартин Сили, извршен директор и експерт за спиење, објаснува дека секоја ноќ излачуваме 200 милилитри пот, која се апсорбира во постелнината. Грините се познати по тоа што предизвикуваат затнат нос и инфекции, а редовното миење помага во намалување на нивното присуство.
  • Зошто е тоа важно?: Грините се состојат главно од мртва кожа, која ја ослободуваме преку ноќ. 80% од грините потекнуваат од вашата кожа, што значи дека редовното миење на постелнината е клучно за чистота и здравје.
  • Што да направите ако се потите повеќе навечер?: Ако сте лице кое се поти повеќе навечер, размислете да ја миете постелнината почесто, бидејќи потта ја создава идеалната средина за развој на грини.
  • Како да ги исчистите грини ефективно?:
    • Перењето на постелнината на 60 степени ќе помогне во ефикасното отстранување на грини.
    • Изберете добар квалитет на детергент, кој ќе ја одржи постелнината мека и свежа.
    • Ако е можно, сушете ја постелнината на воздух, наместо во сушара, за да се избегне оштетување на материјалот.
  • Клучен совет: Не дозволувајте да ги занемарите рутините за миење на постелнината. Спалната соба треба да биде мирна и релаксирачка средина, а чистата постелнина е основа за добар сон и здравје.

Извор: Vecerni

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура4 часа

Денеска е Св.Антониј Велики, честито име Антонио, Антоанета, Антониј..

Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си...

Хороскоп6 часа

Хороскоп за четврток (30 јануари)

Овен На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња. Денес,...

Временска прогноза8 часа

Викендов вистинска пролет, утринските температури ќе бидат над нулата – ова се најновите метео вести

Во петок и во сабота (31 јануари, и 1 февруари) во Македонија ќе имаме преодно и краткотрајно стабилизирање на времето,...

Спорт16 часа

Доаѓа „ВАР“ системот во македонската фудбалска лига, ќе започнат едукации на судии и арбитри, стадионите мора да добијат посебна подготовка за „ВАР“ собите

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку веќе формираниот проектен тим за имплементација на ВАР системот започна со реализација на активностите...

Магазин16 часа

Денес им е роденден: Спасен Сиљаноски, еден од најдобрите и најпопуларни пејачи на македонската естрада

Денес, на овој ден во Кичево е роден еден од најдобрите и најпопуларни пејачи на македонската музичка сцена, незаменливиот Спасен...

Lifestyle17 часа

„Перењето постелнина: Колку често треба да го правите за здрава кожа и добар сон“

Постелнината е идеална средина за развој на бактерии и алергени, бидејќи апсорбира пот, масла, мртви клетки на кожата, прашина и...

Lifestyle17 часа

Лимонот не се препорачува секогаш: Во овој случај ја влошува состојбата на организмот

Лимонот е широко признат како едно од најздравите овошја, благодарение на неговите корисни својства. Сепак, не сите можат да уживаат...

Lifestyle17 часа

Не правете ја оваа грешка кога лупите компири: Последици за одводот

Иако обично фрламе лушпи од компири во ѓубре или канта за компост, постои уште еден начин што не се очекува...

Lifestyle17 часа

Отстранете го мирисите за готвење од куќата: Една чаша покрај шпоретот ќе ве спаси

Кога подготвувате вкусен оброк, особено ако готвите јадења со силни мириси, како што се пржење риба или зачинети јела, непријатните...

Магазин17 часа

Кинезите го слават DeepSeek: Кој е човекот што го создал?

Технолошката компанија DeepSeek стана важен играч на глобалната сцена, особено во трката за вештачка интелигенција, но малку се знае за...

НАЈЧИТАНИ