Следете не

Кичево

Во Кичево: Реализирани превентивни мерки за заштита од поплавите и водостојот

Објавено пред

на

Поради интензивни врнежи од дожд во текот на вчерашниот ден кој го зафатија Кичевскиот регион и по пријави од граѓани во вечерните часови за опасност од поплавување на населбата кај улица Прилепска која е најкритичен регион од ваков ризик бидејќи се наоѓа до Зајашка река. Во координација на РЦУК Кичево, со ДЗС Кичево и општината Кичево се премина кон превентивни мерки за спречување на поплавување на населбата. Беа донесени два трактори од ЈП Комуналец со песок и вреќи од ДЗС Кичево кои за брзо време беа наполнети и од активното населението од таа населба. Од вреќите се направи насипи за заштита од реката на критичните точки.
Денес од утринските часови работи градежна машина на фирмата Вардарградба во соработка со ДЗС ПО Кичево.

Во моментот нема опасност од излевање на реката.
По пријава на граѓани на бесплатниот телефонски број за итни повици 195 за поплавување на подрумски простории на улица Трајан Дејаноски, известени се Општина Кичево и ДЗС Кичево кои ќе интервенираат на истите со нивни пумпи за отпумпување на водата.

Кичево

Во сабота на кичевското „Китино Кале“ ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија за деца и тинејџери, кои ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирира уметноста низ историјата

Објавено пред

на

©porta.mk

Меѓународната вселенска алијанса (ISA) во партнерство со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (OSCE) доби грант за проектот „Interstellar Expressions: Fostering Cultural Unity through Celestial Arts”. Овој проект има за цел да ги обедини младите од различни етнички и културни заедници во Кичево преку активности поврзани со уметноста и науката за вселената.

Проектот опфаќа 4 работилници, од кои едната веќе беше реализирана (тука можеш да видиш повеќе информации https://fb.me/e/9u4QXdzsS).

Втората ќе се одржи оваа сабота итоа во два термини, има уште многу малку места, на база на „прв дојден – прв услужен“ регистрирајте се навремено на линкот подоле:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScLhJgOvuDYrC0kZ878C035T8-oP0RXYWv9DpniJ-EajP-Ifg/viewform?usp=sharing

Ова е Фејсбук Настанот: https://www.facebook.com/share/164Kja16UU/

🎨✨ Сликање на ѕвездите – Уметност инспирирана од ноќното небо! ✨🌌

Овој уникатен настан им овозможува на децата и тинејџерите да ја истражат врската помеѓу астрономијата и уметноста. Преку водена сликарска сесија, учесниците ќе научат како ноќното небо ги инспирирало уметниците низ историјата и ќе создадат сопствени уметнички ремек-дела инспирирани од ѕвездите.

🌠 Што ќе правиме?
🖌 Истражување на ноќното небо како уметничка инспирација
🎨 Креирање на сопствена галактичка уметност
📖 Запознавање со познати уметнички дела инспирирани од ѕвездите
👩‍🎨 Забавно и интерактивно учење за врската меѓу науката и уметноста

📅 Датум: 5 април
🕘 Сесија 1: 11:00 – 13:00 (возраст 8-12 години)
🕞 Сесија 2: 14:00 – 16:00 (возраст 13-18 години)
📍 Локација: Китино Кале

⚠ Ограничен број места! Пријавете се сега за да ја резервирате вашата уметничка авантура! 🎨✨

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!

Објавено пред

на

©porta.mk

Пиљара „Бамби“ – Кичево позиционирана на ул „Борис Кидрич“ бр. 17 наполни 🎂 1 година постоење! Но тоа не е се, како фирма оваа година го прави својот јубилеј од 20 години постоење, причина повеќе за лојалност и доверба!

Секогаш свежо овошје и зеленчук, апетисани, прехрамбени производи, пијалок, кафе, чаеви, највкусни сладоледи, кетеринг намирници и што уште не!

Денес сосема нов уреден стил, со дополнителен асротиман на роба и производи, по барање на своите клиенти, а по повод специјалниот ден, односно роденденот, во просториите се реализира скромна здравица и изненадувања за купувачите. Најголемото изненадување беше мини-наградната игра во соработка со нивните партнери.

  • Петто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Анор Јашари
  • Четврто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Виктор Аврамоски
  • Третото место производ „Блендер“ доби Николина Настески
  • Второ место производ „Соковник“ доби Гоце Костески ексклузивно изјавуваќи за нас дека ова му е можеби една од ако не и единствена награда која му се паднала во животот.
  • Како главна награда „Air Fryer“  по повод првиот роденден на „Бамби“, пристигна во рацете на кичевчанецот Индрит.

Посетете ги уште веднаш, и бидете дочекани со насмевка и брза услуга. Продавницата 🛒 работи од понеделник до сабота со работно време од 08:00 до 22:00ч

Од нашиот медиум им посакуваме уште долги години да го слават во успех, хармонија и со истиот врвен квалитет, а купувачите тоа го препознаваат!

Прочитај повеќе...

Кичево

Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“

Објавено пред

на

©porta.mk

Ве известуваме за радост на нашите најмили и најмали во организација на кичевскиот Хор „Митрополит Козма Пречистански“ организира популарна детска претстава „Рибарот и златната рипка“ во изведба на познатиот актер Владо Дојчиноски и познати актери од нашето поднебје.

Претставата ќе се одржи вечерва 28.03.2025г. во НУЦК “Кочо Рацин” – Кичево, голема сала.

Влезот е бесплатен за сите заинтересирани.

📍 Дом на Култура “Кочо Рацин” – Кичево
⏰️ 19:30ч.

Бидете дел!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин8 часа

Зошто Switch 2 е толку скап?

Едно од поголемите изненадувања минатата недела за време на лансирањето на Nintendo Switch 2 беше неговата цена. Иако многумина очекуваа...

Магазин8 часа

Можеби мислите дека вашиот телефон е ажуриран – но има едно ажурирање што веројатно го пропуштате

Дали навистина знаете дали вашиот Android телефон е целосно ажуриран? Повеќето корисници проверуваат само за системски ажурирања, но постои уште...

Автомобили8 часа

Volkswagen води на германскиот пазар на електрични автомобили, Tesla паѓа на осмото место

Германската Федерална управа за патен сообраќај (KBA) ги објави податоците за новите регистрации на електрични возила во првиот квартал од...

Lifestyle8 часа

Преработеното месо и холестеролот: Скриената закана за здравјето на срцето

Кога нивото на холестерол во телото е превисоко, се зголемува ризикот од натрупување на наслаги во артериите, што може да...

Магазин8 часа

NVIDIA RTX PRO 6000 Blackwell: Новата 96GB ѕверка за професионалци е побрза од RTX 5090 во CGI рендерирање

Најновиот графички процесор на NVIDIA, RTX PRO 6000 „Blackwell“, покажува импресивни перформанси и веќе ги надминува очекувањата. Насочена кон професионалци...

Магазин8 часа

Apple сè уште е опседнат со идејата за целосно стаклен iPhone

Новоодобрен патент открива дека Apple продолжува со истражувањето на футуристички уреди направени целосно од стакло. Документот, кој е одобрен од...

Магазин8 часа

Nintendo воведува нова можност за дигитално изнајмување игри

На денешната презентација на Nintendo Direct, компанијата ја претстави новата функција Virtual Game Card – дигитална алтернатива на физичките картички...

Магазин8 часа

Samsung со резултати над очекувањата за првиот квартал

Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung објави дека остварил оперативен профит од 6,6 трилиони вони (околу 4,1 милијарди евра) во првиот квартал...

Магазин8 часа

Discord лансира Social SDK за подобро социјално искуство во игрите

Платформата Discord го лансираше Discord Social SDK – нова бесплатна алатка наменета за програмери која овозможува лесна интеграција на социјалните...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за вторник (8 април)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

НАЈЧИТАНИ