Македонија
Одреден притвор за полицаецот кој зеде мито за наводно сторен прекршок

Надлежен судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во времетраење од 8 дена за приведениот А.Б.(50), полициски службеник вработен во Регионалниот центар за гранични работи Запад, кој го признал делото по добиената кривична пријава поради сомнение за злоупотреба на службената должност.
Како што информиравме вчера, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на 22.09.2019 околу 13 часот го лиши од слобода А.Б., бидејќи на 21.09.2019 околу 16.20 часот, на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, А.Б. надвор од работното време, облечен во полициска униформа, запрел патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал холандскиот државјанин П.В.Н.(61) и за наводен сообраќаен прекршок му земал поткуп од 20 евра.
Извор: МВР
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза6 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп39 минути
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија9 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди6 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили1 ден
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети