Временска прогноза
Викендов вистинско лето, ова се деталите за временската прогноза која доаѓа..
До крајот на денов локално ќе има позначителна облачност а особено на исток и на југоисок има услови за локален и краткотраен дожд, ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец кој на север повремено ќе засилува на интензитет и тоа особено кон крајот на денов.
Максималната температура ќе се искачува во интервалот од 14 до 22 степени.
Од утре па за време на викендот кој ни претстои под влијание на значително потопла воздушна маса од југ ќе имаме претежно сончево време повремено со мала до умерена локална облачност, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени додека на југоисток истите има услови да се искачат до 25 степени.
Исто така овој викенд УВ ИНДЕКСОТ ќе биде релативно висок и ќе има коефициент 6.
Уживајте во прекрасното пролетно време кое ни претстои и искористете го за прошетки во природа.
Подготви: Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски истакна првична метео анализа за Новогодишната ноќ, сепак ќе имаме стабилно, ведро, и сончево, по котлините со магла!
За време на новогодишната ноќ 31 декември 2024 ноќта кон 1 јануари 2025, како и на првиот ден од новата 2025 година, односно на 1 јануари (среда) и официјално ќе имаме стабилно, суво, ведро и сончево време насекаде во Македонија, особено на повисоките населени места и на планините, како и на Скијачките центри, додека по котлините, особено оние котлини кои се наоѓаат во Повардарието ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови, па така во местата со магла и со ниска облачност температурата преку ден ќе остане пониска.
И во Скопскиот регион во истиот период ќе имаме ведро и сончево време. Ќе биде претежно тивко, па така особено во ниските предели од котлината ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови.
Што се однесува до температурите, наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека преку ден тие ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени. Токму ова ќе услови на планинските места и на Скијачките центри снежната покривка постепено да се намалува.
Во Скопје на првиот ден од новата 2025 година (среда) наутро температурата ќе се спушти до околу -2 степени, а преку ден таа ќе се искачи до околу 8 степени, предмалку истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Годината 2025-та ја започнуваме со екстремно ладен фронт од Арктикот кој ќе донесе со многу ниски утрински и дневни температури
Почнувајќи од 3 јануари, па во деновите потоа, вклучувајќи ги и Божикните празници, но и деновите по 10 јануари, судејќи нормално според најновите излези на прогностичките модели, целиот Европски Континент, вклучувајќи го и целиот Балкан ќе биде заледен и зафатен од екстремно студен бран кој ќе се спушти од Арктикот кон Европа и Балканот. Во Склоп со циклонски активности ќе има и чести и обилни снежни врнежи, на повеќе места во вид на снежно невреме.
На многу места низ Европа температурите ќе се спуштаат под -10, -15 степени, исто така во многу делови од континентот се очекуваат температури дури до , па и под -20 степени, а понекаде дури и до -30, во Алпскиот регион и под -30 степени.
Покрај тоа што многу снег ќе има и на Балканот, во вид на снежно невреме, и на Балканот температурите ќе бидат екстремно ниски и во делови од Балканот се очекуваат температури дури до околу, па и под -20 степени, а локално и до околу, па дури и под -25 степени, односно близу -30 степени.
Секако ако вака останат работите и во следните излези на прогностичките модели, треба да се подготвиме за уште еден нов Метеоролошки екстрем, овој пат низ цела Европа и Балкан, вклучувајќи ја и Македонија.
Инаку неодамна многу делови од Балканот се соочија со големо снежно невреме, каде во делови од Балканот наврна над еден и половина метар снег, оваа зима започна и наликува како оние дамнешни зими од деведесеттите години, за јавноста информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Ведро и студено за Новогодишната ноќ, еве какво време ќе имаме деновиве
За новогодишната ноќ, односно ноќта вторник кон среда 31 Декември 2024, кон 1 Јануари 2025 година, и во среда на 1 Јануари 2025 во текот на денот, особено на планините и на Скијачките центри времето ќе биде претежно сончево и тивко, додека по котлините ќе биде магливо, со намалена видливост, како и со ниска облачност.
И во Скопскиот регион за новогодишната ноќ, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини ќе биде ведро и тивко, додека во ниските предели од котлината ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Што се однесува до температурите, за време на новогодишната ноќ тие е се движат во интервалот од -3 до 2 степени, додека на 1 Јануари 2025 (среда) во текот на денот максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.
Исто така, постудено ќе остане во котлините со магла и со ниска облачност. Во Скопје пак на 1 Јануари 2025 година во текот на денот максималната температура ќе се искачи до околку 7 степени, предмалку извести Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (29 декември)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за понеделник (30 декември)
-
Автомобили1 ден
Летонија на Украина донираше над 600 автомобили, запленети од возачи кои возеле под дејство на алкохол, нивната вкупна вредност чини многу!
-
Временска прогноза2 дена
Годината 2025-та ја започнуваме со екстремно ладен фронт од Арктикот кој ќе донесе со многу ниски утрински и дневни температури
-
На денешен ден2 дена
29 декември – На денешен ден
-
Македонија8 часа
Вечерва поскапува само „95-октански“ бензин, додека останатите нафтени деривати не ја променуваат цената
-
Гејминг1 ден
(ВИДЕО) Корисниците незадоволни од цената на графичките картици на „nVIDIA“ RTX 5080 и 5090
-
Автомобили2 часа
Според германскиот „авто клуб“, ова се најдобрите, но и најлошите автомобили за 2024 година