Македонија
Дарко Јовановски е првиот Македонец што ќе вози болид во Австрија!

Летниот период е еден од шпицовите во сообраќајот кога голем број возачи посетуваат далечни дестинации, а голем број од нив се потпираат на „Ред Бул“ бидејќи го освежува телото и умот.
Дополнително, во Македонија беше организирана и натпреварување во текот на јули и август, во која им беше овозможено на редовните потрошувачи да учествуваат во проектот „Пат под нозе“, каде што главната премија беше обезбедување незаборавно искуство и возење на болид од Формула 4 на патеката „Ред Бул Ринг“ во Австрија. Вкупно 764 играчи си ја пробаа среќата, а за најдобрите десетмина меѓу нив беше организирано картинг настан во Скопје.
Со цел да им се даде поголема шанса за фамилијаризација со патеката во Скопје, најпрво беа возени квалификации, по што најбрзите петмина влегоа во полуфинале. Од нив, во втората рунда беа избрани најбрзите тројца за финалето, каде што со минимална предност победи Дарко Јовановски од Скопје. Токму нему ќе му биде доверена неповторливата шанса да вози со болид од Формула 4 на патеката во Шпилберг.
– Животна желба ми е да возам трки и кога ги видов рекламите и наградата за возење болид од Формула 4, веднаш направив се за да учествувам во ова натпреварување и да стигнам што е можно поблиску до остварување на сонот. Играта која беше замислена како квалификации ми беше најтешкиот дел бидејќи не е возење, а од друга страна бараше голема умешност, а јас имав некаква трема. Кога успеав да се најдам меѓу десетте најдобри ми олесна, бидејќи знаев дека сега доаѓа полесниот дел од задачата за мене. На завршницата почнавме 10, потоа имавме полуфинале за 5 најбрзи и финале со тројца најбрзи. Во сите три ги имав најбрзите времиња и пресреќен сум што ќе ми се оствари желбата да седнам во вистински болид,- раскажува Дарко, кој има 25 години.
Неговата страст за брзините датира од најмала возраст и го следи во текот на целиот живот, бидејќи се испробал во речиси сите достапни возила.
– Во картингот сум од малечок, почнав во Грција со перничиња под мене бидејќи не можев да ги достигнам командите. Во Скопје ги имам пробано сите патеки каде што се возеше картинг, а сега работам во Бугарија како програмер, па ги запознав и бугарските картинг патеки. Исто така настапував и на турнири каде што се возат симулатори, а на еден таков во Скопје го освоив првото место. Мислам дека на тој фронт ќе успееме да покажеме подобри резултати како натпреварувачи од Македонија, бидејќи без сопствена тркачка патека не можеме да напредуваме во овој спорт. Сакам да искажам огромна благодарност кон Ред Бул за идејата и спроведувањето на акцијата, мислам дека направија нешто феноменално и ни донесоа искуство кое не може да се добие во Македонија. Се надевам дека ќе продолжат на овој начин да се развиваат во оваа насока и да им помогнат на младите талентирани возачи да стекнат одлични искуства,- рече победникот Дарко Јовановски.
Од него дознавме дека освен искуството во Шпилберг наскоро планира настап и на друго натпреварување кое ќе се одржи во Бугарија, исто така помогнато од Ред Бул.
– Сега таму се организираше слично натпреварување во повеќе градови насловено како „Red Bull Kart Fight“ и јас во Софија освоив трето место и се пласирав на завршницата. На патеката го имав најбрзото време, но заради изедначување на тежината на учесниците ми додадоа дополнително време и поради тоа бев трет. Финалето таму е на 15 септември во Варна заедно со балканскиот дрифт шампионат, па со нетрпение го очекувам и тоа искуство!
Извор: Дерби.мк
Македонија
Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.
Македонија
ЦУК преку УХМР објави хидролошка информација за водостоите на реките ширум Македонија

Од УХМР известуваат дека водостоите на реките низ земјава се во опаѓање. Водостојот на река Вардар исто така бележи намалување по целото течение на реката и тоа се очекува да продолжи до крајот на денот. Во доцните вечерни часови и за време на претстојната ноќ се очекуваат нови врнежи од дожд претежно во западните делови на земјата каде се прогнозираат количини на врнежи од 15-20 l/m2.
Земјата полека се заситува со влага од претходните врнежи изминативе денови така што можна е реакција на реките во западниот дел на земјата и извесно зголемување на нивниот водостојот. Зголемување на водостојот доцна во ноќта и утре изутрина може да има на река Треска, река Црна, на водотеците од горниот дел од сливот на река Вардар, како и на реките кои доаѓаат од планинскиот масив Солунска Глава.
Според прогнозите можни се и краткотрајни врнежи со умерен интензитет кои што можат да доведат до брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици во западниот дел на земјата, односно на малите реки и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина и од планината Јакупица (масивот Солунска Глава).
Пообилни врнежи можни се и во делови од градските средини како Тетово и западниот дел на Скопје каде што предупредуваме на внимание. Во источниот дел на земјата во текот на денешниот ден не се очекуваат поголеми зголемувања на водостоите.
Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на вечерните часови и ноќта, известува Центарот за управување со кризи, преку УХМР.
Извор: ЦУК
Македонија
Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“

Патна информација до сите кои патуваат преку планинскиот превој „Стража“, особено да внимаваат затоа што има намалена видливост поради појава на магла – 50-80м, додека сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози.
Патувајте безбедно, почитувајќи ја поставената патна сигнализација и прилагодување на возилата према условите на патот.
Пријатен пат!
-
Временска прогноза2 дена
Ново ажурирање: Доаѓа екстремно ладно време за април, силен северен ветер и снег, невообичаено за овој период од годината
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (4 април)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за сабота (5 април)
-
Скопје15 часа
МВР: Дисциплинска постапка за двајца полициски службеници кои лажно тврделе дека возилото „порше“ е службено
-
Скопје24 часа
МВР со соопштение за видеото во Дебар Маало, настанот е од минатиот месец, сопственикот е казнет
-
Магазин19 часа
(ВИДЕО) „Форца Бенд“ го објави својот најнов „свадбарски сплет“, во најава нови авторски песни, сплетови и кавери
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) Лишен и задржан во Полициска станица возачот кој со мопед удри дете и избега, ќе биде поднесена кривична пријава
-
Македонија2 дена
ЦУК преку УХМР објави хидролошка информација за водостоите на реките ширум Македонија