Следете не

Случувања

Реал Мадрид ја „краде“ младата ѕвезда на Манчестер Сити

Објавено пред

на

Брахим Дијаз е еден од најголемите таленти во академијата на Манчестер сити, но се чини дека наскоро би можел да ја промени средината.

Дијаз пристигна во Манчестер Сити како млад талент од Малага, сега има 19 години и би можел да го напушти клубот во потрага по поголема минута.

Проблем за „граѓаните“ е што договорот на Шпанецот истекува на крајот на сеозната, па играчот ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови уште во јануари.

19-годишниот фудбалер одбива да потпише нов договор со Манчестер Сити, а таквата ситуација се обидува да ја искористи Реал Мадрид и тоа, верувале или не, со помош на братот на Гвардиола.

Имено, Пере Гвардиола е агент на младиот фудбалер и веќе започнал преговори со „кралевите“, кои се спремни да ја победат конкуренцијата и да го „украдат“ Дијаз уште во јануари.

Хроника

Да се молиме за Панчо! Во несреќата вдишал топол дим, оштетена му била трахеата!

Објавено пред

на

ФОТО: facebook/vladimirblazev

Да се молиме Панчо да издржи! Неговата состојба е под будно око на специјалистите во болницата “Систина” каде пред неколку часа беше префрлен на интензивна нега.

– Пред нешто повеќе од еден час на социјалните мрежи Ребека која важи за негова блиска личност, истакна информација за влошена здравствена состојба на Владимир. Она што се знае е дека Трахеата била оштетена, поради вдишување топол дим, така што популарниот пејач е приклучен на апарати.

Да се молиме за нашиот Панчо, да му се подобри неговата здравствена состојба! 🙏

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Најавеното невреме, проследено со дожд, грмежи, ветер но и снег доаѓа!

Објавено пред

на

Денес (понеделник 17 март) под влијание на висински циклон западно од нас, во Македонија ќе имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер од западен и од северозападен правец. Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме, односно поинтензивни.

Поради падот на температурите, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и ќе се формира снежна покривка.

Во попладневните часови од утрешниот ден (понеделник 17 март) полека снежната граница од север и северозапад ќе се спушта се пониско.

И во Скопскиот регион утре (понеделник 17 март) ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер, во вид на невреме. На околните планини, особено од попладневните часови врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, во Скопје до околу 16/17 степени, меѓутоа, од попладневните часови и навечер тие забрзано и значително ќе опаѓаат, доцна вечерва информираше Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Македонија

Предмалку се огласи Министерството за здравство со важни информации

Објавено пред

на

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира Кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи.

Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување на соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки.

Во текот на денешниот ден, згрижени се над 140 пациенти, распределени во здравствените установи низ земјата на следниов начин:

• Клинички центар – 20 пациенти
• ГОБ „8 Септември“ – 20 пациенти
• Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 21 пациент
• Клиничка болница Штип – 20 пациенти
• Општа болница Кочани – 7 пациенти
• Клиника за токсикологија – 2 пациенти

Покрај медицинската грижа во земјата, дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство, како резултат на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

• Република Турција: 3 пациенти пристигнаа во Истанбул, а дополнителни 6 пациенти се очекува да пристигнат во Анкара до полноќ.
• Република Бугарија: 14 пациенти се хоспитализирани.
• Република Грција: 4 пациенти се згрижени.
• Република Србија: 5 пациенти се веќе хоспитализирани, а дополнителни 12 пациенти со воен авион се на пат кон Белград.
• Република Хрватска и Романија: Очекува се во текот на утрешниот ден да бидат испратени по 4 пациенти во секоја од овие земји.
• Република Словенија, Унгарија и Австрија: Во текот на утрешниот ден се очекува овие земји да испратат медицински авиони за транспорт на пациенти.

Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.
Како дополнителна поддршка во справувањето со кризата, во земјата пристигна медицински тим од ВМА Белград, а се очекуваат и медицински тимови од Чешка, Израел и Белгија, кои ќе се приклучат на напорите за обезбедување соодветна здравствена грижа.

За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице е именуван Проф. Д-р Игор Николов, кој е достапен на телефонскиот број: +389 72 270 648.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка, стои во нивното официјално соопштение.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хроника4 часа

Да се молиме за Панчо! Во несреќата вдишал топол дим, оштетена му била трахеата!

Да се молиме Панчо да издржи! Неговата состојба е под будно око на специјалистите во болницата “Систина” каде пред неколку...

Временска прогноза5 часа

Најавеното невреме, проследено со дожд, грмежи, ветер но и снег доаѓа!

Денес (понеделник 17 март) под влијание на висински циклон западно од нас, во Македонија ќе имаме нови повремени врнежи од...

Македонија6 часа

Предмалку се огласи Министерството за здравство со важни информации

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира Кризниот штаб, во тесна координација со Министерството...

Македонија9 часа

АВМУ истакна соопштение за јавноста: „Медиумите да го усогласат работењето во деновите на жалост“

Поради тргагедијата во Кочани, Владата на РМ прогласи седумдневна жалост на територија на целата држава и најави ригорозни мерки за...

Хроника10 часа

Мартин Атанасовски „Буцо Битбокс“ и тонецот Игор Велков на групата „ДНК“ долги години соработници меѓу загинатите во трагичната несреќа во Кочани

За жал лоши вести доаѓаат после идентификација на телата. Имено, Битбоксерот Мартин Атанасовски, познат како „Буцо Битбокс“ е една од...

Хроника11 часа

Уште една млада фудбалска надеж од Штип жртва на пожарот во Кочани!

Огнената стихија во неповрат го однесе и животот на 18-годишниот голман Дамјан Танески од Штип. Уште еден фудбалер им подлегна...

Македонија12 часа

ИТНО да се известат семејствата на Методија Цонев и Стефанија Златановска што побрзо да пристигнат во скопската болница „8-ми Септември“

Колегите од Радио Кочани итно ја известува јавноста за информациите добиени од општата болница „8-ми Септември“ – Скопје. – „На...

Хроника13 часа

Андреј Ѓорѓиески од дуото ДНК помеѓу загинатите, се спасил но се вратил да спасува девојчиња!

Андреј Ѓорѓиески од дуото ДНК им подлегнал на повредите здобиени од пожарот во дискотеката во Кочани. Од релевантни извори во...

Хроника14 часа

Андреј Лазаров од ФК Шкупи загина во несреќата, вчера играше против ФК Пелистер, страшно!

И Македонскиот фудбал тагува, Андреј Лазаров не издржа. По веста дека се бара, и бил пронајден, па итно хоспитализиран во...

Македонија15 часа

Владата се очекува да ги прогласи најтажните 7 дена на жалост поради големата трагедија

Владата на денешната седница која ќе се оддржи во 16:00 часот се очекува да донесе одлука за 7-дневна жалост поради...

НАЈЧИТАНИ