Спорт
Р.К. „Кале“ од Кичево шампион во „Јуниор“ лигата на Македонија

Заврши одигрувањето на завршните натпревари во женскиот дел на “Јуниор“ лигата на 06.05.2018 кај генерацијата родени 2004/05 година.
Првото место е за екипата на Кале-Кичево, додека третото место му припадна на РК Вардар-Виница.
Во големото финале се сретнаа екипите на Делчево-Вардар и Кале-Кичево. По првото полувреме не видовме многу голови и на одмор се замина со минимално водство на девојките од Кичево, со резултат 6:7. Првиот гол на натпреварот беше постигнат дури во 5 минута а истиот беше дело на Делчево, кој го отвори резултатот. Следуваше и втор гол во мрежата на Кале-Кичево, за екипата на Делчево да има водство и од 2:0. Се разбуди тимот на РК Кале, кој првиот гол го постигна во 6 минута од дуелот за да намали, а веднаш после тоа следуваше и гол на Сара Стефаноска, за резултатот по 9 минути игра да биде израмнет на 2:2. Во следните пет минути се играше гол за гол, се до моментот кога избраничките на Горан Велков повторно стигнаа до два гола разлика (6:4). Сепак до крајот на првиот дел, следи резултатски пресврт, односно Кале-Кичево со серија од 0:3 ма полувреме стигна до водство од 6:7, кое беше за нив прво на овој дуел, а голот беше дело на Стефаноска Сара.
Серијата продолжи и во вториот дел, кога Кале-Кичево ги постигна првите два гола во овој дел од дуелот и имаа највисоки три гола разлика (6:9) во 26 минута од дуелот, а Делчево како да заборави да постигнува голови. Конечно по десет минути игра во второто полувреме, погодок и за Делчево кој го намали резултатот на 7:9. Кале беше подобрата екипа во овој дел од натпреварот и на шест минути пред крајот имаше и највисоки четири головир азлика (8:12). Возбудувања на Кале и резултатска неизвесност донесе екипата на Делчево, која на три минути пред крајот ннамали на само еден гол негатива (12:13). Сепак на крајот победа слави екипата на Кале од Кичев, со конечен резултат од 13:14.
Честитки, нека се нижат успеси Кичевчанки! 🙂
Извор: VardarFans
Спорт
Македонската футсал репрезентација започнува со подготовки за квалификации за ЕП, играме дома против Холандија, пет дена подоцна со Андора во гости

Македонската футсал репрезентација на 7 и 12 март ќе одигра два натпревари од квалификациите за Европското првенство. Дома во С.Ц. „Јане Сандански“ ќе ја пречека селекцијата на Холандија (7. март, 19:00 часот), а пет дена подоцна гостува во Андора против домашната футсал репрезентација.
Селекторот Васко Скендеровски за двете квалификациски пресметки ќе смета на следните играчи:
ГОЛМАНИ:ПЕТРОВСКИ Антонио (КМФ Проект), СТОЈАНОВСКИ Иван (КМФ Форца), СПАСОВСКИ Никола (КМФ Осогово)
ОДБРАНА: ЛЕВЕСКИ Зоран (КМФ Форца), БЛАГОЈЕВСКИ Марио (КМФ Проект), ЗИБЕРИ Садат (Порде Ноне, Италија), ПЕТРОВИЌ Драган (КМФ Форца), ДИМКОВ Виктор (КМФ Осогово)
НАПАД: ИСМАИЛИ Таулант (КМФ Форца), ЈАНЕВ Бојан (КМФ Проект), РАМАДАНИ Јакуп (ФЦ Приштина, Косово), РАМАДАНИ Берат (КМФ Форца), ТОДОРОВСКИ Мартин (КМФ Осогово), СЕФЕРИ Еркан (ФЦ Приштина, Косово), ПЕЕВ Лазар (КМФ Бутел)
ПИКЕРИ: КРСТЕВСКИ Иван (КМФ Форца)
Во квалификациската група 7 за пласман на Европското првенство, Македонија има освоено бод од четирите натпревари. На домашен терен одигравме 1:1 против Андора. Португалија има максимални 12 бодови по четири меча, Холандија е на второто место со победа и нерешен резултат. Андора е на третото место со три нерешени меча, за јавноста истакна Фудбалската федерација на Македонија
Спорт
ФФМ најостро ги осудува злонамерните напади насочени кон претседателот Омерагиќ и претседавачот на комисијата за делегирање на судии Бартон

ФФМ предмалку истакна официјално соопштение до медиумите, кое гласи вака:
– Во однос на последно објавеното соопштение на ФК Силекс, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Одборот на судии во рамки на ФФМ на чело со претседателот Александар Ставрев, најостро ги осудуваат непрофесионалните, неетичките, неоснованите и злонамерни напади насочени кон претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон, како претседавач со Комисијата за делегирање на судии. Овие обиди за дискредитација претставуваат неприфатлив притисок врз стручните тела во ФФМ што работат исклучиво во интерес на македонскиот фудбал.
Како водечка институција во македонскиот фудбал, ФФМ ќе продолжи со професионално и одговорно управување, без да подлегне на надворешни притисоци или било какви други влијанија, а ќе ги искористиме сите расположливи механизми за заштита на интегритетот и нема да дозволиме било каков обид за манипулација и нарушување на угледот на ФФМ и нејзините официјални претставници.
Впрочем, за контрадикторноста и злонамерата во испратеното соопштение е токму фактот што претседателот на ФФМ многу децидно, уште по преземањето на функцијата, јасно кажа дека прв и основен приоритет на ФФМ е воведувањето на ВАР технологијата за што и се започнати активности. Притоа, неколкупати посочи дека дејствувањето и работата на Судиската организација е оставена на стручните лица, членови на истата и во ниту еден сегмент ниту некој може да влијае, ниту обидите за влијание на било кој член на судиската организација ќе минат без последици.
Соопштението на ФФМ во целост проследете го на официјалниот линк ТУКА
Спорт
Ги имаме полуфиналистите во „Купот на Македонија“ во фудбал

На денешните мечеви од ¼ финалната фаза од натпреварувањето, фудбалерите на Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ го совладаа Силекс со 1:0. Пласманот меѓу четирите најдобри екипи, нашиот најтрофеен клуб го обезбеди со голот на Данел Донгмо во второто полувреме.
Екипата на Струга Трим Љум ја искористи предноста на домашниот терен и во дербито од оваа фаза од Купот на Македонија славеше над Гостивар со 1:0. Кехинде го постигна погодокот за победа на актуелниот првак.
Шкендија ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Радовиш кај Детонит Плачковица. Шала во 23. минута беше човек на одлука за триумф на тетовчани. Адеми не искористи пенал за 2:0.
Фудбалерите на Брера А.П. подобро шутираа пенали од Арсими и со 4:3 славеа во четвртфиналниот дуел. Струмичани поведоа во првиот дел со голот на Нзенгуе, меѓутоа Арсими израмни преку Таипи и се изборија за пенали. Брера А.П. имаа повеќе концентрација, промашија само еден удар од 11 метри наспроти двата на Арсими и ќе играат полуфинале, пишуваат од Фудбалската федерација на Македонија.
-
Кичево2 дена
Следните кичевски улици и села утре и во вторник ќе имаат прекин во електрична енергија поради работа на „ЕВН КЕЦ Кичево“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (3 март)
-
Временска прогноза2 дена
Од среда на повидок пролетни дневни температури, вакво време не очекува оваа седмица
-
Македонија2 дена
Лишен од слобода возач кој под дејство на алкохол удри пешак синоќа во Скопје, одземено му е возилото
-
Култура2 дена
Денеска е „Прочка“ ова се верувањата и обичаите за овој голем ден
-
Македонија14 часа
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена
-
Кичево9 часа
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за вторник (4 март)