Следете не

Здравје и убавина

Сакате рамен стомак? Следете ги овие утрински правила

Објавено пред

на

Велат дека можете да предвидите каков ќе ви биде денот, гледајќи во утрото, така што најдобро е денот да го започнете со голема насмевка.

По низата позитивни мисли, обидете се да ги почитувате следниве правила.

Не „прескокнувајте“ доручек

Ова е многу важно правило, и без оглед на тоа што мислите дека не сте во можност да јадете пред да одите на работа, и натаму имајте воља за тоа. Обидете се да доручкувате еден час откако ќе станете од кревет.

Внесувајте протеини

Ако го започнете денот со протеини, ќе бидете сити подолго време. Обидете се да јадете јајца, црн леб или грчки јогурт.

Јадете бананаи

Бананите ќе ви дадат енергија, и ќе поттикнат лачење хормони на среќа. Секако, ако сакате подобри резултати, редовно вежбајте и внесувајте помалку јаглехидрати.

Здравје и убавина

Ако имате вишок холестерол, ова би бил вашиот појадок

Објавено пред

на

Ако имате висок холестерол, тогаш некој, барем еднаш во животот ќе ви каже – не јадете јајца. Како резултат на тоа, можеби сте биле повеќе склони кон лош избор на појадок без да го сфатите тоа, вели нутриционистот Џен Волпол. Тој додава дека многу луѓе се прилично збунети кога е во прашање контролата на високиот холестерол, особено кога станува збор за појадокот.

Опциите како гранола, различни видови каша со мед или енергетски шипки добро функционираат, но не и ако имате висок холестерол. Според нутриционистот, сите три оброци се полни со јаглехидрати кои брзо се разградуваат на гликоза и предизвикуваат скокови на шеќерот во крвта. На тој начин се ослободува инсулин кој го поттикнува создавањето на густи честички на лошиот ЛДЛ холестерол.

– „Наместо тоа, изберете опции богати со омега-3 масни киселини, за кои е познато дека го зголемуваат ХДЛ, добриот холестерол и потенцијално го намалуваат ЛДЛ холестеролот. Лососот, авокадото, оревите и чиа семето се одличен избор. Спротивно на популарното верување, јајцата се исто така добра опција „Тие содржат добри масти, протеини и холин, хранлива материја која поддржува здрав трансфер на холестерол“, заклучува нутриционистот.

Постојат бројни намирници кои помагаат во намалувањето на мастите, а научниците издвоиле три кои имаат најсилно дејство. Тоа се грав, модар патлиџан и артишок.

Влакна, протеини, хлорогена и фолна киселина, огромна количина на корисни минерали во составот на оваа храна помагаат да се намали нивото на вкупниот холестерол во плазмата и да се намали количината на липопротеини со мала густина.

/b92.net

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Научници откриле дека компирот содржи молекули кои го лекуваат чирот на желудник

Објавено пред

на

Научниците откриле дека компирот содржи единствени антибактериски молекули кои го лекуваат чирот на желудникот. Чир на желудникот може да се третира само со компири, тврдат истражувачите од Универзитетот во Манчестер. Со оглед на необичното откритие,  членовите на микробиолошкиот тим очекуваат супстанцијата која ја нарекоа “компиров сок” во догледно време да се најде во производство како диететски суплемент.

Неколку видови на компири се истражени и патентиран е процесот на цедење на гореспоменатите антибактериски молекули.

При испитувањето се откри дека бактериите во стомакот не можат да развијат отпорност на „компировиот сок“, за разлика од антибиотиците кои создаваат одреден отпор. Покрај тоа, препорачаниот додаток не предизвикува никакви несакани ефекти.

Извор: zdravjeizivot.mk

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

За поздраво срце, најдобро е да вежбате подоцна наутро

Објавено пред

на

Во споредба со поединците кои биле поактивни во средината на денот, оние кои биле најактивни наутро помеѓу 8 и 11 часот имале 11 до 16 отсто помал ризик од развој наа срцева болест. Кај жените ризикот е намален за 22 до 24 отсто.

За 17 отсто помал ризик од развој на мозочен удар бил забележан кај утринските вежбачи, а кај жените овој процент бил 35 отсто.

Резултатите беа објавени во European Journal of Preventive Cardiology.

„Добро е познато дека вежбањето е добро за срцето, а нашата студија покажува дека утринската активност е најкорисна за ова“, вели еден од авторите на студијата, Гали Албалак од Медицинскиот универзитетски центар во Лајден, Холандија.

„Резултатите се особено изразени кај жените, а се однесуваат и на ранобудниците и ноќните птици.

Сите учесници во студијата, 86.000 од нив, биле на возраст меѓу 42 и 78 години. Просекот бил 62 години. На почетокот на истражувањето тие не боледувале од кардиоваскуларни заболувања, но во просек биле дебели.

Нивната физичка активност била следена секој ден од февруари 2013 до 2015 година со помош на монитори за зглобови.

Научниците потоа ги следеле шест до осум години, до нивниот прв прием во болница или смрт поврзана со срцеви заболувања или мозочен удар.

Во тој период речиси 3.000 од нив развиле артериска болест, а речиси 800 од нив доживеале мозочен удар. Испитаниците кои биле физички активни помеѓу 8 и 11 часот имале најмал ризик од двете состојби, покажа студијата.

„Ова е набљудувачка студија, па не можеме да објасниме зошто врската е поизразена кај жените“, истакна Албалак. „Резултатите од нашето истражување се дополнителен доказ за здравствените придобивки од физичката активност и укажуваат дека утринската активност, особено доцните утрински активности, е најкорисна.

Лекарите препорачуваат возрасните да вежбаат умерено од 150 до 300 минути неделно, или 75 до 150 минути ако го прават тоа поенергично.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза52 минути

Викенд временска прогноза, ќе имаме и сонце но ќе биде ладно

До крајот на денешниот петочен ден во Македонија ќе имаме претежно облачно и студено време со умерен, повремено засилен ветер...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за петок (15 ноември)

ОВЕН Доколку се занимавате со приватен бизнис, пред вас е период кој носи мало олеснување. Може да се каже дека...

Спорт14 часа

Серафимов со „деби-гол“ и носи предност на Македонија на „Тодор Проески“ од 1:0 против Летонија

Никола Серафимов (25) и носи водство од 1:0 на македонската репрезентација против Летонија на гратски, топката дојде до него на...

Спорт14 часа

По првото полувреме Македонија – Летонија без голови, Алими ја имаше најсериозната шанса за гол во финишот на првото полувреме

По првите 45 минути Македонија 0:0 Летонија со само еден прецизен удар на македонската репрезентација од 8 обиди, најсериозен беше...

Мобилни уреди16 часа

Следната година ќе биде клучна помеѓу ривалите „Samsung“ и „iPhone“, еве што знаеме..

Следната година паметните телефони ќе се натпреваруваат во категоријата „ултра тенки“ уреди. Гласините велат дека и Samsung и Apple планираат...

Кичево17 часа

(ВИДЕО) Ново име на музичката сцена, кичевчанецот Христијан Трајаноски ја преработи „Само за тебе“ од доајенот на македонската народна песна Круме Спасовски

Христијан Трајаноски од Кичево е ново име на музичката народна сцена во Македонија. Запаметете го неговото име и следете ги...

Македонија21 час

МВР добива нова современа машина за печатење лични документи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес беше во одделението за персонализација во МВР каде беше промовирана новата машина за...

Спорт21 час

Младата репрезентација на Македонија до 18 години на тренинг камп во Кичево, каде ќе одиграат и контролен меч против тимот на Арсими

Младата репрезентација на Македонија до 18 години (фудбалери родени 2007 година) ќе одработи тренинг камп во Кичево. Тренинг кампот во...

Македонија1 ден

Од утре започнува законската одредба за поседување зимска опрема

Од петок – 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот...

Временска прогноза1 ден

Започнаа врнежи од дожд, на повисоките места истото ќе премине во снег, ова се денешните детали

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, која е во склоп со висинскиот циклонски систем кој се...

НАЈЧИТАНИ