Следете не

Временска прогноза

Шапка со 19 сантиметри, УХМР со прогноза за следните денови – Полека доаѓаат снежните наноси

Објавено пред

на

Претежно облачно време со повремени врнежи кои поради спуштање на студен воздух од север речиси насекаде ќе преминуваат во снег, освен на југоистокот најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Врнежи повеќе ќе има во претпладневните часови во централните и источните делови од земјава, а попладне постепено ќе се преместуваат кон исток и ќе престануваат. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, што во текот на денот ќе предизвика пад на температурата за неколку степени.

Дневната температура ќе биде во интервал од -2 до 4 степени.  Во Скопје претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе биде околу 1 степен.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 19 сантиметри, а најмногу  дожд до седум часот изутрина е регистриран во Охрид, Тетово, Претор, Пожаране, Крушево. Минималните темпартури изнесувале  нула степени во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Маврово и Лазарополе,  еден степен во Пожаране, два во Скопје Петровец, Тетово, Крива Паланка и Крушево,  четири во Охрид, Претор, Штип, Берово и Дебар…

Според УХМР, до вторник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи претежно од снег со променлив интензитет. Утре повеќе врнежи ќе има во западните, а во вторник во јужните делови. Во среда и четврток се очекува стабилно и суво време.

Временска прогноза

Засилен ветер и снег е новата метео анализа за викендот кој ни доаѓа

Објавено пред

на

Во петок на 20 декември попладне, преку ноќта кон сабота и во сабота 21 декември територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов ладен и влажен воздушен бран од север, и истиот е поврзан и со циклонска активност со центар над Средоземјето.

Во ваква ситуација ќе има нови пообилни врнежи од дожд, а на планините  и на повисоките места до околу, па  и под 1000 метри, а во сабота понекаде и во пониските места, особено во западните и во северните предели ќе има врнежи од снег. На планините ќе дојде до зголемување на постојаната снежна покривка, а снежна покривка ќе се формира и во повисоките места.

Помала снежна покривка можно е во сабота на 21 декември да се формира и во некои од градовите особено на западот и на северот од Македонија.

Што се однесува до Скопје и околината, исто така тие денови ќе има врнежи од дожд, а особено во сабота поради продор на ладен воздух од север, на околните планини ќе има врнежи од снег, а услови за повремен послаб снег ќе има и во повисоките предели од котлината. Не се исклучува можноста ретка појава на провејување на снег да се појави и во пониските предели од котлината.

Во сабота повремено ќе дува засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика температурите значително да опаднат и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 8 степени. Во Скопје до околу 4 степени, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Влажен студен бран се ближи кон наша територија, ќе имаме нови врнежи од дожд утре и снег на планинските превои

Објавено пред

на

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, за време на овој викенд во Македонија ќе имаме нови врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни денес (сабота) попладне и тоа во западните предели (локално од 15 до 20 литри воден талог на метар квадратен). На планините ќе има врнежи од снег, каде постојаната снежна покривка ќе се зголеми.

Поради понатамошното заладување на времето, во недела попладне и навечер повремен снег ќе има и на повисоките места, особено во западните  и во северните предели од Македонија, со надморска височина од, па и под 1000 метри. Не се исклучува можноста во споменатите предели слабо провејување на снег да има понекаде  и во пониските места (градовите).

Утре (недела) попладне и навечер, како и во понеделник повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (над 60 км/час).

Што се однесува до Скопскиот регион, ќе имаме слично време овој викенд, односно се очекуваат повремени врнежи од дожд, а особено во недела на околните планини, а доцна попладнето и вечерта  и во повисоките предели од котлината ќе има услови за слаби врнежи од снег, кога повремено ќе дува и засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие за време на овој викенд ќе бележат тенцендија на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, меѓутоа во недела навечер и ноќта кон понеделник, како и во понеделник наутро дополнително ќе опаднат и до понеделник наутро ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека на високите и на планинските места тие се очекува да се спуштат до околу, па и под -10 степени.

Значително постуден ден ќе биде понеделник 16 Декември, кога максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.

Апелирам доколку овој викенд се движите  кон планинските превои, поради тоа што се очекуваат нови врнежи од снег, возачите да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, односно да возат со намалена брзина, истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Викенд метео вести: Доаѓа нов ладен и влажен бран кој ни носи дожд, силен ветер и снег на места под 1000 н.м.в, што значи превој „Стража“ би можел повторно да биде под снег

Објавено пред

на

Викендот што ни претстои, територијата на нашата Македонија ќе биде зафатена од нов ладен и влажен воздушен бран кој ќе услови нови врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните предели (локално околу 20 литри воден талог на метар квадратен).

Во сабота на планините, а во недела особено попладне и на повисоките места со надморска височина од, па и под 1000 метри надморска височина ќе има врнежи од снег, а на планините и на Скијачките центри постојаната снежна покривка ќе се зголеми. Што значи во нашиот регион, често популарните превои ќе бидат сигурно под снежна покривка, со оглед на тоа дека нивната висина е од 900 до 1212 н.м.в.

Во недела доцна попладне и навечер ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, кој ќе продолжи и во понеделник (16 декември). Поради дополнителното заладување, доцна вечерта и ноќта недела кон понеделник повремен снег ќе има и во градовите, особено во западните и во северните предели од Македонија.

Што се однесува до Скопскиот регион, овој бран ќе донесе врнежи од дожд, а на околните планини ќе има врнежи од снег. Во недела, особено попладне  и вечерта послаби врнежи од снег се можни и во повисоките предели од котлината, а ноќта недела кон понеделник по некоја снегулка може да провее  и во пониските предели од Скопската котлина (ништо посебно).

Што се однесува до температурите, тие значително ќе опаднат и за викендот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, меѓутоа, во недела навечер и ноќта кон понеделник дополнително тие ќе опаднат и до понеделник наутро ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1,  додека на повисоките планински места тие се очекува да се спуштат до околу, па и под -10 степени.

Особено студен ден и без врнежи, но и доста ветровит ќе биде понеделник 16 Декември, кога максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени, додека на повисоките места и на планините, секако вклучувајќи ги и Скијачките центри тие ќе останат под нулата, информира Славчо Попоски

Попоски: Апелирам, доколку патувате овој викенд низ планинските превои, да бидете крајно внимателни, и тоа поради очекуваните нови врнежи од снег кои би можеле да создаваат нови проблеми низ патиштата.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп38 минути

Хороскоп за вторник (17 декември)

ОВЕН Собирате се што сте направиле во претходниот период, резултатите ве прават горди. Сè што треба да направите е да...

Временска прогноза1 час

Засилен ветер и снег е новата метео анализа за викендот кој ни доаѓа

Во петок на 20 декември попладне, преку ноќта кон сабота и во сабота 21 декември територијата на Македонија ќе биде...

Кичево10 часа

(ФОТО) Дечиња од реканскиот крај викендов го посетија кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“, каде одблиску се запознаа со Божиќните активностите и богослужбите

Со благослов на нашиот возљубен Старец, епископот Антаниски г. Партениј, дечињата од реканскиот регион, викендов беа во посета на нашиот...

Спорт13 часа

Ѓоковиќ и натаму е на седмото место на АТП листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и натаму е на седмото место на АТП листата со 3.910 бодови, додека Италијанецот Јаник Синер...

Технологија13 часа

nVIDIA отвора центри за податоци во Виетнам, а со договорот за соработка купен бил и здравствениот стартап „WinBrain“

Nvidia отвора центри за податоци во Виетнам. Nvidia и виетнамската влада заеднички основаат центри за истражување и развој на вештачка...

Мобилни уреди13 часа

Дали Apple ќе се одлучи за новиот модел „iPhone Air“ кој практично би бил по тенок во дизајн

Следната година Apple планира да направи промени во телефонската линија. Според досегашните информации, Apple наводно ќе го замени iPhone Plus...

Спорт1 ден

Гвардиола: „Се е полошо и полошо, неможам да најдам решение“ – По водството Манчестер Сити за две минути прими два гола и остана без бодови

Манчестер Сити и Пеп Гвардиола испуштија победа во градското дерби. „Сити“ водеше на „Етихад“ до 88. минута, за само две...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (16 декември)

ОВЕН Денот е поволен за решавање на недоразбирањата кои сте ги имале со колегите или претпоставените. Ако сте во потрага...

Гејминг1 ден

Ќе има ли втор трејлер за долгоочекуваната „GTA 6“ ?

Rockstar и Take Two откриваат повеќе за „исклучителното“ продолжение на серијата GTA. Имено GTA 6, долгоочекуваното продолжение на една од...

Македонија1 ден

ДПИ со соопштение за мониторинг на цени на производи од „Новогодишна кошница“

Имајќи предвид дека од денес започнува кампањата на Владата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме!“, Пазарниот инспекторат низ...

НАЈЧИТАНИ